Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: „Лајка“ ќе биде место за убиство на кучиња

Објавено пред

Градоначалникот на град Скопје манипулира со целата јавност и со друштвата за заштита на животни кога вели дека со отворањето на стационарот „Лајка“ ќе го реши проблемот со кучињата скитници на територијата на градот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека во јавното претпријатие се вработени исклучиво партиски луѓе, кои 17 месеци примале плата, а не оделе на работа.

Иако, како што вели градоначалникот, стационарот е реконструиран со донации, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тој умешно ги крие и ја лаже јавноста за потрошените пари од градската каса во висина од 30.000 евра за набавки на мебел и канцелариска опрема.

„Градоначалникот манипулира со јавноста и дрско лаже дека проблемот со бездомните кучиња е решен, како што самиот се пофали дека ова е само едно привремено живеалиште на бездомните кучиња, таму ќе се стерилизираат и потоа повторно ќе бидат пуштени на улицата, од каде што ќе бидат заловени, и со самото тоа проблемот не се решава, повторно ќе гледаме кучиња како напаѓаат луѓе, повторно ќе гледаме неубави глетки со труење кучиња и сообраќајни незгоди предизвикани од кучињата на улиците. Петре Шилегов ги излажа и манипулира сите активисти што се борат за права на бездомните кучиња, како и друштвата за заштита на милениците. Во овој стационар, кој е со нелегална програма за работа и таа е сомнително донесена без да се консултираат друштвата за заштита на животни и активистите, се вели дека куче кое е и со најмала болест, ќе биде евтанизирано, односно убиено, а не излекувано. Петре Шилегов ја отвори ‘Лајка’ за да го реши проблемот со бездомните кучиња на начин што ќе ги убие и наместо урбано чување на бездомните кучиња и третман во стационарот – ‘Лајка’ ќе биде местото на злосторот на кучињата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата повикува на итно повлекување на, како што велат, спорната програма за работа и изработување нова, со консултација на сите друштва за заштита на животни.

„Постојат големи сомнежи со ова партиско јавно претпријатие за кое сме сигурни дека е отворено за парење пари и за сè друго, освен за професионален стационар и третман на бездомните животни и решавање на долгогодишниот проблем во кој се соочува нашата метропола. На Скопје му треба стационар како во европските метрополи, стационар во кој бездомните кучиња ќе бидат собрани од улиците и ќе имаат третман во стационарот, кој ќе биде нивно трајно живеалиште со одлични услови“, се наведува во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Блокадата на Законот за клинички центар е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните

Објавено пред

По средбата на претседателот Зоран Заев со Христијан Мицкоски пред еден месец беше договорено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да се откажат од блокади на важни закони за граѓаните, вклучително со законот со кој македонското здравство по 80 години ќе добие нов, модерен клинички центар, потсетуваат од владејачкиот СДСМ.

Од таму напоменуваат дека еден месец подоцна пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сè уште не се откажуваат од блокадите.

Според СДСМ, блокадата на најкапиталниот проект во македонското здравство е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи директно на штета на граѓаните и државата. Друга причина за вакво деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ насочено кон јавното здравство не постои, велат од оваа партија.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги лажеше граѓаните дека ќе изградат нов клинички центар, а од него останаа само лимени тараби во комплексот клиники. Компанијата со која ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор за изградба на нов клинички отиде во стечај по само неколку месеци. Оваа Влада ќе изгради современ клинички центар, како што заслужуваат нашите граѓани и нашето здравство. Во изградбата на истиот ќе бидат инволвирани најреномирани европски компании ‘Вамед’ и ‘Буиг констракшн’. ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста, да измислува провизии и непостоечки случаи. Законот за изградба предвидува независен финансиски ревизор, односно со тој закон да се дозволи компаниите ‘Вамед’ и ‘Буиг констракшн’ да дадат една понуда за изградба на клинички“, потенцираат од СДСМ.

Од СДСМ сметаат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добро знаат дека имаат отворена понуда опозицијата да го води проектот, но немаат доблест, како што велат, да гласаат за законот, бидејќи спасот на Мицкоски им е поважен од здравјето на граѓаните.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните, затоа ги чекаат нови порази и во Собранието и на изборите“, стои во соопштението од оваа партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковска е предлог на Заев, таа не е компетентна да именува и разрешува судии

Објавено пред

Павлина Црвенковска за претседател на Судскиот совет е предложена од страна на Собранието, таа е предлог и кадар на Зоран Заев и СДСМ, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија напоменуваат дека Павлина Црвенковска како претседател на Судски совет ќе избира и разрешува судии, ќе ја оценува нивната работа, ќе одлучува за престанок на судска функција, а притоа таа нема ниту еден ден работен стаж како судија.

„Павлина Црвенковска е некомпетентна да одлучува за судиите и судското работење, таа нема минат труд, а уште помалку е компетентна да оценува работа на Врховен суд, што исто така спаѓа во нејзин делокруг на работа како претседател на Судскиот совет. Единствен критериум за Црвенковска да биде избрана за претседател на Судскиот совет е очигледно нејзината партиска активност. Таа била шеф на кабинет на Бучковски, функционер во владите на СДСМ и очигледно човек од најголема доверба на Заев. Заев и Црвенковска ги поврзува и пропаѓањето на Еуростандард банка, сопругот на Црвенковска, исто како и Заеви, зел кредит без покритие од Еуростандард банка, и со 400.000 евра покритие зел 1.6 милиони евра кои не ги вратил, објавија оштетените штедачи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како успеала Црвенковска исто како и Заев да стигне до милионски кредит без покритие? Која е шемата по која е ограбувана банката и дали таква личност има кредибилитет да води и тело како Судскиот совет, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Кредибилитет нема, а другите прашања очекуваме да ги одговори Црвенковска, но и ЈО, истакнуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Освен што вози мотори со Заев, Филипче си барал и провизии од набавката на вакцините

Објавено пред

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија е на врвот во светот со најмногу починати на милион жители од коронавирусот и во најлошите три земји по вакцинација во Европа.

„Освен што вози мотори со Заев, Филипче си барал и провизии од набавката на вакцините. Провизиите на Филипче чинат 7,8 милиони евра и 1.000 мртви месечно.
Поради алчноста и неспособноста на Филипче, Македонија денеска надмина 5.000 починати, што е како да исчезнал еден цел град како Македонска Каменица, а повеќе отколку што имаат жители Валандово, Пехчево, Македонски Брод или Демир Капија“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека сите набавуваа вакцини, Филипче, како што додаваат од оваа партија, бркаше провизии и затоа нема ден да нема двоцифрена бројка на починати од коронавирус, а тој во меѓувреме си се вози со мотори или хеликоптери.

„Фатени се со рацете во медот, документите покажуваат дека платил 7,8 милиони евра на фантомска фирма од Хонг Конг со тројца вработени за двојно поскапи вакцини од реалната цена. СДСМ и Владата претходно негираа за потоа да признаат дека навистина платиле. На СДСМ не може да му се верува. Наместо да спасуваат животи, гледаа да полнат џебови и за тоа ќе одговараат“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Заев денеска во Брисел, ќе разговара за пристапниот процес на Македонија во ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во седиштето на ЕУ во Брисел ќе има средби со претседателката на Европската Kомисија Урсула фон...

Свет41 минута

(Видео) Пет лица повредени при напад со нож во Нов Зеланд

Пет лица се повредени, а три се во критична состојба откако биле прободени со нож во супермаркет во Нов Зеланд,...

Свет51 минута

Состанок на Министрите за надворешни работи на ЕУ, фокусот е Западен Балкан

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат дискусија за посилен политички ангажман на ЕУ со партнерите...

Свет1 час

(Видео) Седум лица убиени на роденденска забава во Колорадо

Седум лица, вклучително и напаѓачот, беа убиени синоќа во пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо,...

Македонија18 часа

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет18 часа

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион20 часа

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ20 часа

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија20 часа

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија21 час

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија21 час

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет22 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија23 часа

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет24 часа

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет1 ден

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион2 дена

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт2 дена

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ2 дена

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија2 дена

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија2 дена

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Досие