Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија заради неспособноста на Заев е црна дупка во регионот и ризик за цела Европа

Објавено пред

Наместо справување со корона вирусот Заев и СДСМ само го лажат народот. Зоран Заев и владата предводена од СДСМ зборуваат за победа во борбата против епидемијата со КОВИД-19, но секојдневно се бројат новозаболени и починати, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Додека зборуваат за победа врз корона вирусот им се случи и кластер Геријатрија Скопје, кластер меѓу најранливата категорија на граѓани. Случај за кој мора да има истрага веднаш и резултати од истата.

Наместо истрага и одговорност, следи заташкување и лажење на народот. Однесувањето на триото Заев, Спасовски и Филипче говори само за едно дека не се интересираат за здравјето на граѓаните.

Триото Заев, Спасовски, Филипче не направи ништо за здравјето на граѓаните во текот на шесте месеци откога е започната епидемијата со корона вирусот. Победата прогласена од владата на СДСМ врз корона вирусот е лажна и постои само во главите на Заев, Спасовски и Филипче“ соопшти партијата.

Соопштенија

Демократскиот сојуз го осуди нападот врз Палевски

Објавено пред

Демократскиот сојуз го осуди нападот врз претседателот на Движењето Трета, Љупчо Палевски.

„Демократскиот сојуз го осудува бруталното насилство врз Љупчо Палевски, бизнисмен и претседател на Движењето Трета. Ги повикуваме службите за безбедност и МВР брзо да ги откријат сторителите и нарачателите на ова кривично дело и да ги изведат пред лицето на правдата. Безбедноста на граѓаните и на учесниците во јавниот и политичкиот живот е од највисок приоритет во едно демократско општество, а државата мора да испрати порака дека насилството не смее да се толерира и да остане неказнето“, се наведува во соопштението на ДС.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на Заев е покровител на обидот за убиство врз критичарот на власта Палевски

Објавено пред

Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Љупчо Палевски, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека сторителите на таквиот грозоморен чин се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта.

„Крвави се рацете на мафијашот Заев за чиј мандат се претепуваат политички неистомисленици, се линчуваат критички новинари, се води политичка хајка врз уредници и притисок врз медиуми. Сторителите на овие дела сè уште не се спроведени пред лицето на правдата зашто добиваат закрила од мафијата на Заев. Неискрени се извинувањата на СДСМ затоа што одговорите треба да ги побараат од нивниот лидер и мафијаш Заев и од тие што нему му слугуваат“, пишува во соопштението на ВМРО-ДМПНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Го осудуваме нападот врз Палевски, институциите да го расветлат случајот

Објавено пред

СДСМ остро го осудува физичкиот напад врз Љупчо Палевски од движењето „Трета“.

„Во модерно, демократско општество, недозволиво е какво било насилство врз кој било поединец. Очекуваме надлежните институции бргу да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани.

Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа „Јанис“, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет2 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија2 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион2 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија2 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет3 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет3 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија3 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ4 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа4 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет4 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион4 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија16 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ16 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет16 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија17 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ18 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ20 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура20 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија22 часа

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Досие