Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта и Комисијата резултира со 834 починати лица
Владата на Заев заедно со Комисијата за заразни болести потфрлија. Неспособноста на власта и Комисијата резултира со 834 починати лица, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија поради неодговорноста на власта и Комисијата се искачи на првото место во регионот и пошироко по новозаразени и починати од Ковид-19. Членовите на Комисијата за заразни болести се поставија како политичари место како лекари.
Болници преполни, здравствен кадар преморен, власта не го дочека претстојниот есенски бран на Ковид-19подготвена. Очигледно е дека Владата на Заев нема стратегија.
Граѓаните се жртва на неспособноста и неодговорноста на власта. Граѓаните бараат одговорност“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Клиника Жан Митрев со летни попусти на превентивни здравствени прегледи
Со цел да ја поттикне превентивната здравствена грижа и да ги направи здравствените услуги подостапни за граѓаните, Клиника Жан Митрев овозможува специјални попусти на повеќе превентивни, дијагностички и специјалистички прегледи што ќе трае до 31 август 2026 година.
Превентивните здравствени контроли се еден од најважните чекори за навремено откривање на состојби кои честопати се развиваат без изразени симптоми. Редовните прегледи овозможуваат рана дијагноза, поуспешно лекување и подобар квалитет на живот, а летниот период е добра можност граѓаните да одвојат време за своето здравје.
Промотивната понуда опфаќа голем број услуги од различни медицински области. Меѓу нив се кардиолошки прегледи, кои се особено препорачливи во летните месеци кога високите температури дополнително го оптоваруваат кардиоваскуларниот систем, особено кај лицата со хронични заболувања или фактори на ризик. Дел од понудата се и дерматолошки прегледи, кои во овој период се особено важни поради зголемената изложеност на сонце и потребата од навремена проценка на промените на кожата. Достапни се и промотивни пакети за магнетна резонанца, мамографски прегледи, лабораториски анализи, офталмолошки прегледи, како и прегледи од областа на нефрологијата, овозможувајќи сеопфатен пристап кон превенцијата и навременото следење на здравствената состојба.
„Грижата за здравјето не треба да започне кога ќе се појави проблем. Најголемата вредност на превентивните прегледи е што овозможуваат навремена реакција и поголема сигурност за пациентите. Летото е одличен период за реализирање на редовните здравствени контроли, бидејќи многумина располагаат со повеќе слободно време и можат без брзање да ги направат потребните прегледи“, велат од Клиника Жан Митрев.
Попустите важат до 31 август 2026 година, а термините може да се закажат преку контакт-центарот или онлајн. Детални информации за сите услуги опфатени со промотивната понуда се достапни на https: //zmc.mk/letna-promocija-2026/.
(ПР)
Соопштенија
„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во првото полугодие од 2026 година
Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони евра, што претставува најсилен двигател на резултатите во првата половина од оваа година.
Од вкупните приходи остварени од продажба во првото полугодие од 2026 година, 9,1 милиони евра се реализирани на извозните пазари, додека учеството на домашниот пазар се зголеми на 35%, што ја потврдува растечката улога на домашниот сегмент во структурата на приходите на компанијата.
„Континуираниот раст на домашниот пазар е јасна потврда дека нашата стратегија за развој на портфолиото, инвестициите во нови производи и посветеноста кон пациентите и партнерите во земјава даваат конкретни резултати. Особено нè охрабрува фактот што растот на домашниот пазар се интензивираше во текот на вториот квартал, а ваквиот тренд продолжува, што претставува силна основа за понатамошен развој на компанијата. Истовремено, остануваме целосно посветени на нашата меѓународна стратегија и на понатамошното зајакнување на присуството на странските пазари“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.
Растот на домашниот пазар е резултат на зајакнатата пазарна позиција на компанијата, позитивниот прием на новите производи лансирани во текот на минатата година и континуираниот раст на клучните производни линии. Овие резултати ја потврдуваат довербата што пациентите, здравствените работници и деловните партнери ја имаат во производите на „Реплек“, како и успешната реализација на комерцијалната стратегија на домашниот пазар.
Во првото полугодие, продажбите на извозните пазари се одвиваа со изменета динамика, пред сè поради промени во временските рамки кај дел од партнерските канали, што доведе до поместување на дел од планираните испораки. Побарувачката на клучните пазари останува стабилна, нарачките се исполнуваат, а компанијата продолжува со реализација на договорените активности согласно приспособената динамика на испораки.
Во услови на променета глобална деловна средина, „Реплек“ останува фокусиран на флексибилно управување со извозните активности и натамошно јакнење на својата меѓународна позиција. Во прилог на тоа, компанијата во текот на првото полугодие го реализираше и првиот извоз на пазарот на Велика Британија, што претставува значајна стратешка пресвртница и потврда за способноста на „Реплек“ успешно да настапува на високо регулирани фармацевтски пазари.
И во наредниот период „Реплек“ ќе продолжи со реализација на својата долгорочна стратегија за раст, преку развој на нови производи, проширување на присуството на меѓународните пазари, нови регулаторни регистрации и инвестиции во модернизација на производството. Во тек е изградбата на новиот производствен погон за полуцврсти и течни фармацевтски форми, како една од најзначајните инвестиции на компанијата периодов, со која дополнително ќе се зајакнат производствените капацитети и конкурентноста на домашниот и на странските пазари.
Компанијата останува посветена на создавање одржлив раст, континуирано подобрување на оперативната ефикасност и создавање долгорочна вредност за своите акционери, партнери и пациенти.
ПР
Соопштенија
Ново во аптеките на „Зегин“
Од денес во сите аптеки на Зегин е достапен Fedolen Viofar® 15 mg таблети (Folinic Acid as Calcium Folinate), познат и под генеричкото име Леуковорин.
Со достапноста на оваа терапија на македонскиот пазар, пациентите и нивните семејства добиваат полесен пристап до лек кој досега често мораше да се набавува од странство, овозможувајќи навремено спроведување на терапијата кога таа е медицински индицирана.
Важно е да се нагласи дека Fedolen Viofar® се користи исклучиво по препорака и рецепт од лекар специјалист, врз основа на индивидуална медицинска проценка.
ПР
