Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија која владее заради остварување на личните и партиските интереси

Објавено пред

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, партијата на властвладее заради остварување на личните и партиските интереси, а не за интересите на Македонија и на народот. Тоа, како што наведуваат во пишаната реакција, го признава и самиот потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов, кој самиот изјавил дека „Се наоѓаме во период кога партиските интереси и кога личните интереси мора да се стават над државните интереси и навистина сум човек кој го протежира тоа“.

„И дека не е ова само лапсус, туку потсвесно признание говорат фактите. СДСМ заради бизнис-интересите на фирмите врзани со партијата дозволи Македонија да западне во најтешка енергетска криза. Заради криминалот, корупцијата и личното богатење на функционерите во власта народот потона во сиромаштија и сме најкорумпирана држава, најсиромашната земја во Европа и сме најнесреќна нација. Заради провизии и бизниси на власта најлошо се справуваме со здравствената криза и сме црни рекордери по смртност во светот и Европа“, стои во писмениот допис.

Според ВМРО-ДПМНЕ, признанието на Костадинов е само потврда на тоа што сите го знаат, дека СДСМ, како што велат, се водат исклучиво од личниот и партискиот интерес.

„Тоа го правеа и го прават Заев и пионот Ковачевски,тоа го прават и останатите функционери на СДСМ. Тие се сметаат како елита која природно треба да владее на грбот на граѓаните“, е потенцирано од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

СДСМ: Арсовска со нејзиното неработење им нанесува штета на скопјани и на Скопје

Објавено пред

Градоначалничката Данела Арсовска секојдневно ја докажува негрижата за граѓаните и за градот Скопје, се вели во соопштението од СДСМ.

Прекинувањето на проектот за бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој, е нејзината прва штетна одлука.

Од партијата наведуваат дека годинава Арсовска ќе потроши 670.000 евра за удомување 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација.

Во само 10 дена Данела Арсовска смени двајца директори на ЈП „Градски паркинг“ и постави бивш разузнавач, кој не е компетентен за функцијата.

Арсовска одби финансиски да го помогне субвенционирањето на парното греење и во криза ги игнорира проблемите на граѓаните на Скопје.

Наместо бесплатен јавен превоз, ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво.

Наместо проекти, решавање проблеми, единственото нешто што го прави Арсовска е прекинување проекти, партизација во Град Скопје и оправдувања за нејзиното неработење, се вели во соопштението од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ и Ковачевски прифаќаат диктати од Бугарија за промена на македонскиот Устав

Објавено пред

Од првиот ден на Владата на пионот Ковачевски продолжија националните понижувања исто како да ја води Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Маричиќ и Ковачевски се оградуваат од Македонците во Бугарија и велат дека нема да се мешаат во малцинските права во Бугарија, а во исто време дозволуваат официјална Софија да им диктира промена на македонскиот Устав и внесување на Бугарите во неговата преамбула.

Каде се Маричиќ и Ковачевски по истите принципи да побараат реципроцитет и да ѝ порачаат на официјална Софија да не се меша во внатрешните работи на Македонија? Напротив, молчат и поданички се поклонуваат, а го газат и навредуваат својот народ во континуитет, стои подолу во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека ова е бедно и срамно. Заевизмот ги загрозува македонските национални и државни интереси, затоа мора да биде поразен на избори што побргу.

Прикажи повеќе...

Македонија

Единствена Македонија: Новата Влада е понижување за Македонците од етнички, патриотски, религиски и професионален аспект

Објавено пред

Новоизбраната Влада е голем срам и понижување за Македонија и Македонците гледано од етнички, патриотски, религиски, стручен и професионален аспект, велат од партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев.

Гледано од етнички аспект, велат од паријата, во новата Влада мнозинство се министри од други етнички заедници со доминантна улога на дури 10 министри Албанци и уште неколку од помали етнички заедници. Според законот, Владата одлуките ги донесува со мнозинство гласови, што, како што се додава, значи дека македонскиот народ во својата матична држава добива второстепена улога во управувањето.

„Гледано од патриотски и национален аспект, во Владата доминираат личности што се директни учесници во најголемото злосторство врз македонскиот народ со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Религиски глеадно, во новата Влада доминираат министри со неправославна вероисповед во доминантно православна Македонија. Конечно, кадровскиот состав во Владата е со многу слаб стручен и професионален потенцијал, во која доминираат сервилни и полтронски личности кои се поставени на тие позиции врз основа на партиски калкулации, а не врз основа на знаење, способност, достигнување и работни компетенции, со исклучок на министерот за правда, што е поинтересно – во безбедносните и во ресорите за борба против високиот криминал и корупцијата се поставени партиски кадри заглавени во корупција, што значи дека државата и понатаму ќе ја водат длабоко корумпирани личности“, велат од партијата на Бачев.

Единствена Македонија останува на ставот дека е потребно да дојде народна власт, со силна национална и патриотска определба, која знае, може и смее, како што наведуваат од партијата, да ги поништи антимакедонските договори и да води борба против корупцијата вистински, а не лажно и профитерски, како што тоа го прави марионетската влада на СДСМ и ДУИ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија9 часа

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија11 час

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија11 час

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија14 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија15 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа16 часа

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија19 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет19 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија20 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија1 ден

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија1 ден

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија1 ден

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија2 дена

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија2 дена

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија2 дена

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија2 дена

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет2 дена

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт2 дена

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Досие