Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не понуди ниту едно решение за загадувањето на воздухот

Објавено пред

Криминалната и одродена власт на чело со аболираниот Зоран Заев продолжува со расипничкото и несовесно трошење на парите на граѓаните. Во новиот најраспичнички и најмегаломански буџет во историјата на државата нема простор за потребите на граѓаните, нема простор за здравјето на граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Власта троши милиони за луксузирање, 7 милиони евра за луксузни автомобили и мебел, 1,6 милион евра за лубриканти, а само 1,5 милион евра за борба против загадувањето. Аерозагадувањето е еден од најгорливите проблеми на граѓаните. Според Светската здравствена организација, над 3 илјади животи годишно прерано згаснуваат како директен резултат на енормно загадениот воздух. Скопје е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот и, за жал, го носи приматот во Европа. Енормното загадување на воздухот ги наполни клиниките, а на удар се децата, бремените жени, возрасните луѓе над 65 години и хронично болните. Загадувањето на воздухот го оштетува мозокот, а високото количество ПМ 10-честички во воздухот предизвикуваат и респираторни и кардиоваскуларни проблеми“, велат од партијата.

Криминалниот картел на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потроши половина од својот мандат, без да понуди едно решение за проблемот со загадениот воздух.

„Токму поради ова, ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека нема простор за политиканство, власта мора веднаш да ги прифати итните мерки за борба против загадувањето. Мерките ќе ја подобрат состојбата со амбиенталниот воздух, овие мерки ќе спасат стотици, ако не и илјадници животи. Крајно време е власта да почне да им ги решава проблемите на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

РЕ-Ново

Здравствен извештај на „Штада“ за февруари

Објавено пред

Додека граѓаните на Србија водат во Европа по интерес и подготвеност за генетско тестирање како софистицирана форма на превенција, во исто време дури 62% од нив изјавуваат дека никогаш не отишле на ниту еден од достапните превентивни прегледи.

dobivaj vesti na viber

Превенцијата е основа за зачувување на здравјето и рано откривање на болестите, но дури 62% од српските граѓани изјавуваат дека никогаш не отишле на ниту еден од достапните превентивни прегледи, а истото важи и за 44% од Европејците, што јасно укажува ниско ниво на здравствена едукација и висок степен на лична неодговорност кога станува збор за здравствената заштита, предупредува Štadina’s Health Report.

 

И додека не реагираат на превентивните прегледи, истовремено 86 отсто од српските граѓани ја истакнуваат желбата и подготвеноста за генетско тестирање како начин за предвидување на потенцијалните здравствени ризици во иднина.

Тие се плашат од рак и не одат на скрининг

Дури 3 од 4 Европејци се плашат да не добијат рак. И покрај ова, тие прават изненадувачки малку за да обезбедат рано откривање и да придонесат за поуспешен третман.
Така, ракот на дојката не им се заканува само на жените, туку и на мажите, но одговорот на превентивниот преглед е низок низ цела Европа. Од 16-те испитани земји, најчести се прегледите во Италија и Португалија, по 39%, додека во Србија, и покрај високата стапка на заболени и смртни случаи од оваа болест, само 26%. Полоши се само Полјаците, 17%. Истото важи и за скринингот за рак на дебелото црево, на кој Белгијците реагираат со најголем процент, 41% и Французите, 38%, додека во Србија едвај 11%, што повторно е најлош резултат меѓу европските земји. Секој четврти Австриец и секој петти Германец редовно се прегледуваат за рак на простата, додека во Србија само секој десетти.

Србите го предводат интересот за генетско тестирање

Граѓаните на Србија 86% заедно со Португалците 94% и Полјаците 88%, водат во Европа во однос на подготвеноста да се подложат на генетско тестирање кое може да го одреди, меѓу другото, можното ниво на здравствен ризик на поединецот за развој на одредена болест во иднина. Граѓаните на Србија особено го истакнуваат својот интерес за генетско тестирање како начин за рано предвидување на можниот ризик од добивање рак.

Здравствениот извештај на Stada открива дека мнозинството Европејци имаат позитивен став кон генетското тестирање. Сепак, 14% од оние кои би се согласиле на тестот доколку тоа е барање од нивниот лекар, велат дека не би се чувствувале добро при помислата да ја испитаат специфичноста на нивните гени. Секој петти Европеец експресно би одбил генетско тестирање, од кои 12% наведуваат како главна причина што не сакаат да знаат или да бидат оптоварени со потенцијални ризици за иднината кои можеби нема да се остварат.

ПР текст

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Бимилк“ спроведува сеопфатна енергетска трансформација

Објавено пред

Фотоволтаичната централа за создавање обновлива енергија, eнергетските постројки за користење природен гас како гориво, како и имплементација на стандардот ISO50001 наменет за менаџирање со енергија, се чекорите што ги презеде Бимилк за постигнување целосна енергетска трансформација. Напредокот и примената на активностите за заштита на животната средина во процесот на работа во Бимилк, беа предмет на посетата од учесниците на New Energy Academy на Европската климатска фондација (European Climate Foundation) заедно со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, при што беа презентирани инвестициите со кои Бимилк го трансформираше начинот на работа.

dobivaj vesti na viber

„Бимилк направи крупни чекори во енергетската трансформација во изминатиот период. Во период на економска и енергетска неизвесност, влеговме во инвестирање во енергетски системи кои освен што ни го рационализираат работењето и нѐ прават енергетски независни, се одржливи и развојни и повлекуваат долгорочно дејствување во истата насока. Ваквите промени се значајни за иднината на компанијата и се вложување во сигурна оперативност, но многу поголемо е влијанието врз животната средина. Оваа енергетска трансформација значи заштита на градот и животната средина што е од голем јавен интерес, а со тоа и дел од нашата развојна стратегија“, изјави Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Битолска млекара.

Во примената на енергетската трансформација, Битолска млекара направи комплетна адаптација на енергетските постројки за користење на природен гас како гориво односно како подготовка за наредниот период, во производниот процес. Исто така, на покривот на компанијата инсталирани се 2360 фотоволтаични панели со моќност 992kWp кои ќе обезбедуваат 1361MWh сончева енергија. А со имплементација на стандардот ISO50001 – системот за менаџирање со енергија, обезбеди најрационално искористување на енергенсите.

Организаторите на „Новата академија за енергија“ (New Energy Academy) во соработка со Еко-свест одлучија да ја посетат Млекара АД Битола поради прогресивниот пристап на компанијата кон енергетска трансформација.

„Бимилк покажа дека е компанија која дава пример за практично применета енергетска трансформација во бизнис секторот. Вакви примери се важни за целата држава, но особено за регионите со јаглен како Битолскиот. Преминот кон обновливи извори, заштедата на електрична енергија и рационалната употреба на ресурсите се само некои аспект на одговорното однесување на компаниите. Влијанието и подигнувањето на јавната свест со поставување пример е другиот, исто толку важен аспект, што денес го видовме тука“, истакна Жарко Конески, раководител на програмата Енергија од Еко-свест.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СКОПСКО-платформата „Наша гордост. Наша одговорност“ и оваа година продолжува со кампања за собирање средства за заштита од загадување на националните обележја

Објавено пред

СКОПСКО продолжува со активностите во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ И во годината во која брендот СКОПСКО одбележува 100 години постоење продолжува партнерството со Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак и други поддржувачи, а пред сè со лојалните купувачи и потрошувачи на брендот. Во фокусот на платформата останува главната цел заштита на животната средина и националните обележја.

dobivaj vesti na viber

Веќе започна продажбата на специјално обележаните шишиња СКОПСКО и СКОПСКО Smooth во рамки на новата иницијатива за собирање средства. За секое продадено шише, 1 денар ќе биде наменет за организирање на неколку акции и инвестиции во опрема за чистење, собирање и селектирање отпад и зачувување на животната средина и македонските знаменитости.

„Продолжува нашата посветеност на зачувување на нашите природни убавини. Фокусот на СКОПСКО како бренд е да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар. Заедно ја делиме одговорноста за да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја. Оваа кампања ја нагласува долгорочната заложба на СКОПСКО за одржливост, повикувајќи ги сите да придонесат за почиста, позелена иднина.“, вели Марта Завкова, сениор бренд менаџер за СКОПСКО во Пивара Скопје.

Минатата година во рамки на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ беа реализирани акции за чистење на дното на Охридското Езеро и крајбрежјето како и поставување на пловни препреки на реките Сатеска и Даљан за да се спречи загадувањето на Езерото со пловен пакувачки отпад.

Како компанија ориентирана а кон иднината, Пивара Скопје со СКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ ќе опфати и други национални обележја во земјата и ќе ги обедини  граѓаните, организациите и институциите кои споделуваат слични вредности.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Пендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка, извори од СДСМ потврдија за Макфакс. Оваа одлука на трети март ќе...

Македонија6 часа

Таравари сака претседателот да се избира во Собрание, а не на избори: „ДУИ да ја поддржи мојата кандидатура“

Кандидатот за претседател на Македонија од страна на албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари ги објави целите поради коишто се вклучил...

Македонија7 часа

Стевчо Јакимовски кандидат за претседател на Македонија

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе биде кандидат за претседател на Македонија, на предлог на неговата партија, ГРОМ....

Македонија7 часа

Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува на 2 март

ВМРО-ДПМНЕ објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова...

Македонија9 часа

Швајцарија дозволува движење со старите пасоши, а Босна не ги признава ниту старите лични карти, рече Османи

Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидноста на македонските пасоши, појасни министерот Бујар Османи. Одговарајќи на...

Македонија10 часа

„ФЗО ниту беше известен, ниту учествуваше во организацијата за транспортот со хеликоптер“, се огласија од Фондот за Леонид

Од ФЗОРСМ се огласија преку зоопштение и велат дека од првиот момент со внимание го следат случајот на Л.И. од...

Топ10 часа

Повторно дете нападнало дете во училишен двор во Карпош – случајот е во рацете на полицијата

Мајка од Скопје пријавила во полицијата дека пред два дена, околу 21.40 часот, син ѝ бил нападнат во училиштен двор...

Македонија11 часа

„Ахмети ќе ја соопшти големата вест“ – ДУИ најави обраќање во живо на „Фејсбук“

Демократската унија за интегрцаија (ДУИ) објави дека утре во 11 часот, партискиот лидер Али Ахмети ќе им се обрати на...

Топ11 часа

Брат пукаше во сестра си и во нејзините два сина во Куманово – две од лицата починаа

Три лица беа застрелани, а двајца починаа во кумановското село Габреш. Според информациите од МВР, зад убиствата стои Д. Ѓ....

Македонија12 часа

Костадиновска-Стојчевска: Да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воената болница

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до „Воена болница“ во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од...

Македонија13 часа

Цените за катастарските услуги удрија по џебот на граѓаните: поскапувањето не е 300 отсто, туку 90

Според претседателот на Комората на трговските друштва за геодетски работи, Никола Рибароски, најновите поскапувања на тарифниците на Агенцијата за катастар...

Македонија13 часа

Вкупно 56 потврдени случаи на голема кашлица, во следните недели се очекува зголемен број кај повозрасните

По денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, претседателот Александар Петличковски рече дека состојбата со големата кашлица е под...

Македонија14 часа

Ковачевски се извини: Ги прифаќам сите реакции, не сакам да дојде време да се случува она што се случуваше до 2016

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, присуствуваше на почетокот на градежните работи на објектот Универзална сала, каде повторно им се извини...

Македонија17 часа

„Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога“, велат СДСМ

„Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и...

Македонија17 часа

„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини...

Свет19 часа

Кина остро ги критикува САД поради ставеното вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара...

Европа19 часа

Западните лидери го обвинија Путин за смртта на Навални, Трамп не: „Можеше да остане настрана“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Алексеј Навални бил многу храбар човек кој веројатно не требало да се...

Свет19 часа

Ники Хејли: Трамп е премногу стар

Кандидатката за републиканска номинација Ники Хејли вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кампања, велејќи дека нема намера да се...

Регион19 часа

(Видео) Протест во Албанија, фрлени „молотови коктели“ врз зградата на владата: „Го рушиме режимот на Рама“

Демонстрантите од опозицијата вчера фрлаа молотови коктели и камења врз зградата на албанската влада, обвинувајќи ги владините претставници за вмешаност...

Европа1 ден

Лукашенко: Десетици илјади војници на НАТО се распоредени во близина на Белорусија и Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека загриженоста за можниот почеток на Третата светска војна е целосно оправдана, пренесува руската...