Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се однесува како подвоена личност во врска со иднината на Универзалната сала

Објавено пред

Шилегов во мај 2018 вети, но ги излажа „златните славејчиња“, дека во новиот објект на Универзалната сала ќе го слават 50-годишниот јубилеј, обвинуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Трета година е градоначалник и нема никакви оправдувања за неговата неработа. Шилегов даваше ветувања дека Универзалната сала ќе биде реконструирана. Наместо да си ја префрла топката Влада – Град Скопје, всушност тој ја потврдува неговата изразена неспособност да решава проблеми“, се наведува во реакцијата на претставниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Шилегов се однесува како подвоена личност бидејќи еден ден вели ќе ја гради Универзалната сала, друг ден вели ќе ја руши, а третиот, како што се вели, лее крокодилски солзи за салата и пак не нуди решение.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев е црна точка во Европа

Објавено пред

„Неспособната и неодговорна власт на Заев потфрла на сите можни полиња. Македонија е црн рекордер по заразени и смртни случаи од корона вирус во регионот на еден милион жители. Бројот на заразени достигна 12.357 лица што е над 6 пати повеќе од прогнозите на Филипче, а бројот на починати е 532. Македонија стана црна точка во Европа која ги загрозува и останатите земји. Никакви протоколи и заштита немаат здравствените власти поради кои ни се случуваат скандали како заразените патници кои ги патуваа од Скопје до Турку во Финска“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, протоколи ниту соодветен план немаат ниту за дома. На помалку од дваесет дена од почетокот на новата учебна година нема одлука како ќе се одвива наставата со што во неизвесност ги ставаат децата, родителите и наставничкиот кадар.

„Дополнително економскиот аспект на кризата станува уште полош. Десетици илјади лица ги изгубија своите работни места, а уште толку земаат намалена плата или пак воопшто не ја зеле. Агенцијата за вработување го криеше бројот на лица кои останале невработени, со цел јавноста пред избори да не види со каква неспособна власт си има работа. Капак на сето тоа власта им испорача поскапа струја за 7,5% со што директно се удри по џебот на народот, на сметка на енергетските компании во кои изминатиот период беа непотистички и партиски вработувани лица блиски до власта. Ние сме единствената земја во регионот, а и пошироко која во време на корона епидемијата ги поскапува енергенсите исто како што сме единствената земја на која и пропадна банка со што се загрозува банкарскиот сектор и нормалните исплати на пензии, социјална помош и плати за десетици илјади семејства. Битно министерката за финансии Ангеловска навремено ги повлекла своите депозити од банката која пропадна, а другите нека чекаат и нека се снаоѓаат како знаат и умеа, слично како во мрачните времиња на транзицијата и пропаста на ТАТ.

Македонија со Заев нема иднина, туку само тоне се подлабоко и подлабоко. Нивниот криминал, корупција и неспособност уште долго време ќе предизвикува последици по стандардот на граѓаните, стопанството и економијата. Тоа мора да престане“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Губитникот Мицкоски да го научи Уставот, Заев е мандатар

Објавено пред

Губитникот Мицкоски да го научи Уставот, Заев е мандатар, а тој останува претседател на нереформирана и назадна партија, велат СДСМ, реагирајќи на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.

Од СДСМ оценуваат дека се очајни обидите на Мицкоски да пронајде алиби за поразот на изборите.

„Согласно уставот, претседателот Зоран Заев го добива мандатот како претставник на СДСМ и Можеме кои имаат најголем број пратенички места во Собранието. За потсетување, исто така како што неговиот ментор Никола Груевски го доби во 2017 година. Со таа разлика што Груевски остана осамен и изолиран во намерата да направи нова режимска влада, па наместо него, нова прогресивна влада направи Заев. За разлика од тогаш, сега Заев ќе направи Влада без разлика на очајот на Мицкоски“, велат од СДСМ.

Додаваат дека овој пат нема да има крвопролевања во Собранието како што имало на 27 април кога ВМРО-ДПМНЕ било подготвено да убие само за да не се случи трансфер на власта.

„Наместо да бара изговори и да се заканува Мицкоски треба да биде свесен дека тој не е ниту пратеник и дека единствено може да се бави со проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој останува претседател на една од најназадните и нереформиранаи партии во државата“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Лажни се тврдењата дека Еуростандард банка пропаднала поради актуелната економска состојба

Објавено пред

Одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка се должи на неисполнување на минималните законски услови за работење банка во согласност со Законот за банките, велат во соопштение од СДСМ.

Од таму додаваат дека имајќи предвид дека учеството на Еуростандард банка во вкупната актива е само 1,3 отсто, депозити 1,7 отсто и кредити на банкарскиот систем 1,6 отсто, oва во никој случај не ја загрозува стабилноста на банкарскиот систем.

„Граѓаните може да бидат спокојни, банкарскиот систем е стабилен и ликвиден. Спокојни треба да бидат и лицата депоненти во банката бидејќи нивните депозити во согласност со Законот за Фондот за осигурување депозити се осигурени и ќе бидат обесштетени од Фондот за осигурување депозити во износ до 30.000 евра од лице во денарска противвредност“, велат од СДСМ, од каде што додаваат дека на овој начин, ќе бидат обесштетени 99,4 отсто од депонентите во банката во законските рокови.

„Според официјалните информации од Народната банка, причина за несолвентноста на Еуростандард банка се проблеми од минатото, а не тековни. Со тоа паѓаат во вода лагите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола дека одземањето на дозволата на Еуростандард банка е поради наводни проблеми со актуелната економска состојба“, стои во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ15 минути

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Македонија47 минути

СДСМ: Продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна Влада

„СДСМ, како предводник на коалицијата „Можеме“, со освоени најмногу пратенички места во Собранието го доби мандатот за состав на нова...

Свет1 час

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати казна од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена на 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет1 час

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет4 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет12 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет13 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа14 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија15 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија16 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ17 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија17 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија19 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија20 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија20 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија21 час

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија21 час

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија22 часа

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Досие