Контакт

Соопштенија

Демократски сојуз: Договорот со Грција е за влез во НАТО и ЕУ

Објавено пред

Деновиве од страна на политички партии, експерти и медиуми, се отвораат дилеми околу можното референдумско прашање сврзано со имплементација на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Но, овие дилеми се вештачки, бидејќи сите граѓани знаат дека договорот со Грција е склучен за да се деблокирааат евроатлантските процеси односно Македонија да добие покана за членство во НАТО и да започнат пристапните преговори со ЕУ, смета Демократскиот сојуз.
Партијата соопшти дека затоа референдумското прашање мора да биде поврзано со имплементација на договорот со Грција како клучен предуслов за влез во НАТО и ЕУ.
,,Кампањата треба да биде преку објективно информирање на граѓаните за перспективите што се отвораат за Македонија доколку се излезе на гласање  и се гласа “ЗА”.Воедно треба јасно да се соопшти дека бојкотот на референдумот значи нестабилност, стагнација, изолација и засилување на иселувањето од Македонија”, се вели во соопштението.
Демократскиот сојуз повикува на единство на сите политички  партии околу нашите стратешки и национални интереси.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да каже што договарал со Груевски на средбата што самиот ја потврди

Објавено пред

Христијан Мицкоски упорно се крие од граѓаните зад социјалните мрежи и одбегнува да ѝ даде одговори на јавноста за неговата средба со Никола Груевски, што јавно токму тој ја потврди во телевизиско интервју, се наведува во соопштение на СДСМ.

„Што било договарано на средбата Груевски-Мицкоски? Што значи тоа што пионот Мицкоски јавно го кажа дека разговарале за ‘неговата иднина’ и ‘личните моменти’“, прашуваат од владејачката партија.

Оттаму истакнуваат дека молкот на Мицкоски ги засилува веќе отворените сомнежи во јавноста дека, како што велат, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ знаело или е поврзано со планот за бегство на осудениот Никола Груевски.

Сметаат дека Мицкоски должи одговори за основаните сомнежи за неговите активности во изминатиот период и ги повикуваат надлежните институции да отворат истрага за бегството на, како што наведуваат, криминалецот Груевски, со која сите соучесници ќе бидат пронајдени и санкционирани.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ:Откако СДСМ е на власт има вкупно 9 нерасчистени убиства

Објавено пред

СДСМ владее со политички терор и притисоци. Државата е киднапирана од картелот на власт, а граѓаните се повеќе осиромашуваат, им се зголемуваат даноците и се менува името и идентитетот на државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, недемократската и немакедонска власт предводена од Зоран Заев го користи политичкиот прогон против Никола Груевски за политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ.

,,Ударот врз опозицијата има една цел – да се дефокусираат граѓаните од мачната живеачка и се полошите политики кои ја водат државата во пропаст. Правната држава не функционира. Откако СДСМ е на власт до сега има евидентирано вкупно 9 нерасчистени убиства, бројот на грабежи е зголемен, а сведоци сме на секојдневни престрелки во центарот на Скопје и запалени автомобили на фреквентни локации, но никој не одговара. Сторителите како и секогаш не и се познати на полицијата водена од Спасовски.Година и пол правосудните органи немаат поведено ниту една постапка за корупција и криминал против претставници на власта.

Владеењето на правото е нарушено целосно, а демократијата е стран поим во Република Македонија под водство на СДСМ.Додека се случува национална катастрофа во режија на СДСМ, граѓаните се тие кои го плаќаат цехот. Токму затоа СДСМ мора час поскоро да си замине од власт, а одговорност мора да има за секој кој го прекршил законот”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да одговори за средбата со Груевски, институциите да ги лоцираат и казнат соучесниците

Објавено пред

Христијан Мицкоски да не се крие зад социјалните мрежи и зад конфузни реакции што не кажуваат ништо, туку да излезе пред граѓаните и да одговори за средбата со Груевски, реагираа од СДСМ по објавата на статусот на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

„Антизападниот Мицкоски пред јавноста треба да одгoвори дали на средбата што ја имал со неговиот ментор Никола Груевски, на која според негово јавно признание разговарале за ‘иднината’ и ‘личните моменти’ на криминалецот Груевски, всушност бил подготвуван планот за бегство? Постојат јавни сомнежи дали Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се соучесници во бегството на криминалецот Груевски“, стои во реакцијата на партијата.

Провидно е лицемерието на Мицкоски, велат од СДСМ и додаваат дека лицемерно и несериозно е човекот кој со сите сили го брани криминалот на неговиот ментор денеска да глуми загриженост.

Сите надлежни институции, а особено Основното јавно обвинителство, мора да отвори истрага, целосно да се расветли случајот и да се лоцираат сите виновници, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер Виктор Орбан запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток40 минути

Вибер контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отварајте ги вратите“

Од Вибер групата каде членуваат дел од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток47 минути

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес брат

Од смс и вибер пораките за 27 април кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за „крвавиот четврток“ во...

Македонија2 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа3 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија4 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија4 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија15 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија18 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија19 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија19 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија21 час

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија21 час

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија22 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија24 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија24 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија1 ден

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија1 ден

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија1 ден

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Досие