Контакт

Соопштенија

ДУИ: Граѓаните се најзаслужни за отворањето на преговорите со ЕУ

Објавено пред

Демократската унија за интеграција упати честитка до сите граѓани за отворањето на преговорите за членство во Европската Унија.

„Со донесувањето на Законот за употреба на јазиците се заокружи нормативниот дел од Охридскиот договор, а со преспанскиот и договорот за добрососедство, како и со донесувањето на реформските закони, се заокружи процесот на членството во НАТО и отворањето на преговорите за членство во Европската Унија“, велат од партијата на Али Ахмети, од каде што констатираат дека ваквите политики секогаш биле во фокусот на нивните заложби.

Од ДУИ додаваат дека во овие кризни моменти најголема наклонетост кон европските вредности граѓаните може да покажат преку почитување на мерките за заштита од коронавирусот и препораките од институциите.

 

Соопштенија

Алијанса за Албанците: Брзата одлука за строг полициски час предизвика хаос во Куманово

Објавено пред

Од политичката партија Алијанса за Албанците реагираат дека строгиот полициски час, со кој Владата забрани движење во општина Куманово во текот на целиот викенд, попладнево предизвикал хаос во општината бидејќи, како што велат, оваа мерка ја зголемила загриженоста кај граѓаните.

„Препораките за одржување на оддалеченост воопшто не се почитуваат од напнатоста на граѓаните во последен момент да ги обезбедат основните потреби за храна за наредните денови како резултат на ад хок повикот на Владата за полициски час, што создаде паника и конфузија“, велат од политичката партија.

Владата попладнево воведе построг полициски час кој се однесува само за Куманово, односно целосна забрана за движење за викендот, со почеток од 21 часот (денеска) до 5 часот наутро во понеделник.

Од паријата на Зијадин Села апелираат до граѓаните да бидат трпеливи и без паника да се приджуваат до заштитните мерки.

Потсетување, ваквата одлука на Владата следува откако денеска беше соопштено дека заболени со коронавирус се 11 доктори од тамошната болница, при што од новозаразените 46 лица за кои беше информирано денеска, половината, односно 23 се од Куманово.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стојаноски: Наумоски во ек на епидемија ќе потроши 10.000 евра за кетеринг

Објавено пред

Во време кога компаниите ги отпуштаат вработените, кога граѓаните се соочуваат со огромна економска неизвесност, Општина Ѓорче Петров расипнички ги троши парите на граѓаните. Општина Ѓорче Петров на чело со градоначалникот Александар Наумоски во екот на епидемијата донела одлука да потроши пари за кетеринг, обвини Бојан Стојаноски, претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, Општина Ѓорче Петров на 19.3.2020 донела одлука за избор на најповолна понуда за набавка на угостителски услуги во проценета вредност од 500.000 денари, без ДДВ.
Наместо да се алоцираат средствата за подобро справување со кризата од вирусот, Општина Ѓорче Петров ќе потроши безмалку 10.000 евра на јадење и пиење“, рече тој.

Според Стојаноски, оваа набавка е уште една, како што рече, од низата непродуктивни трошење во кризен период, како што беше онаа за привремени вработувања, исто така склучена во екот на кризата во март во вредност од речиси 11 милиони денари.

„Меѓутоа, и оваа набавка ја потврдува неспособноста на локалната власт за менаџирање со локалниот буџет. Очигледно е дека СДСМ нема намера да се откаже од своите навики за расипничко трошење, а одговор за ваквите навики секако треба да дадат градоначалникот и Општина Ѓорче Петров“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Бачев: Стара практика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е да се расправаат кога земјата е во криза

Објавено пред

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, на денешната прес-конференција зборуваше за, како што рече, најновата срамна кавга меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоси за тоа дали треба или не треба да се стопира исплатата на пари од буџетот за партиите во 2020 година.

Според него, стара практика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е секогаш кога земјата е во криза да се расправаат меѓу себе за сè и сешто.

„Кај народот владее страв и паника од коронавирусот, се бара начин како животот на луѓето да се врати во нормала, само Зоран Заев и Христијан Мицкоски три дена се расправаат дали да се стопираат парите за финансирање на партиите за 2020 година“, истакна претседателот на Единствена Македонија.

Според него, расправијата во која Заев божем бара, а Мицкоски божем не се согласува со откажувањето од парите за партиите, е само евтин пропаганден трик и навреда на интелегенцијата на народот.

„Прашањето е што ќе покрие Заев со 1,5 милион евра во кризата кога и самиот рече дека му требаат дури 2 милијарди и 200 милиони евра, а не е лошо да потсетиме дека Заев на изборите во 2016 потроши фантастични десет милиони евра во кампањата, а сега и на изборите што следуваат, ќе потроши десетици милиони евра“, посочи Бачев.

Единствена Македонија бара Заев да каже од каде ќе ја финансира кампањата, штом се откажува од легални пари од буџетот и порачува дека коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ на конкретен начин покажува дека секогаш е со народот со секојдневното предлагање мерки за борба против коронавирусот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Во Франција коронавирусот се шири во старските домови, во Белгија нови 140 починати

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион. Утрово бројот изнесува 1.099.711. Ситуацијата е се полоша во Франција,...

Македонија2 часа

Чулев: Досега на 2.405 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 9.793 потпишале изјава за самоизолација

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку Фејсбук информираше дека 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето,...

Свет3 часа

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви...

Македонија3 часа

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника...

Свет4 часа

Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време,...

Свет4 часа

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус,...

Македонија17 часа

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет18 часа

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите...

Свет19 часа

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија20 часа

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија21 час

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ23 часа

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија23 часа

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија23 часа

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Економија1 ден

(Видео) Лицата што останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Економија1 ден

Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот...

Македонија1 ден

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Економија1 ден

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија1 ден

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион1 ден

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Досие