Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе поделат 4,5 милиони евра од буџетот, а не сите политички партии

Објавено пред

Единствена Македонија ја известува јавноста дека 4,5 милиони евра не одат кај политичките партии, туку главно одат во касата на партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се усогласени буџетското финансирање на партиите да се врши според бројот на пратеници, што значи дека парите од буџетот што го полнат сите граѓани ќе ги добиваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифатија предлогот на Единствена Македонија парите од буџетот за финансирање на партиите да се делат со утврден фиксен износ по член на партија, со што партиите ќе добиваат буџетски средства според бројот на членови, а не според бројот на пратеници.

Единствена Македонија апелира до медиумите во своите извештаи да не ја користат барем формулацијата „политичките партии годишно ќе добиваат 4,5 милиони евра“ оти се добива впечаток дека сите партии ги делат овие пари, туку прецизно да информираат дека овие пари ги добиваат главно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението на партијата.

Соопштенија

(Видео) Стаменковска: Незаконски и партиски вработувања во Централниот регистар

Објавено пред

Од

Во склоп на бројните огласи за незаконско и партиско полнење на јавната и државната администрација, власта не го заобиколи ниту Централниот регистар. Оваа исклучително важна државна институција се стави во погон на задоволување на партиските интереси на СДСМ со кршење на законите, изјави Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, на 9 август Централниот регистар објави оглас за вработување на 34 лица во нерегуларна и противзаконска постапка.

,,Централниот регистар согласно матичниот закон, постапката за вработување треба да ја води согласно Законот за вработените во јавниот сектор и согласно Законот за административни службеници. Според статутот на оваа институција вработените во Централниот регистар се државни службеници. Дали е вистина дека директорката на Централниот регистар си донела Колективен договор во кој имплементирала одредби со која си дозволува вработувања согласно Закон за работни односи. Објавувајќи го огласот за новите партиски војници на СДСМ таа врши противзаконско вработување ставајќи го Колективниот договор над Законот. Ваквите и слични начини на вработување се дел од кампањата на СДСМ за партизирање на институциите од јавниот сектор”, изјави таа.

,,Дали кршењето на законите и нивно заобиколување е европска вредност која што ја буди СДСМ?ВМРО-ДПМНЕ до сега информираше за незаконските вработувања и за жал не добивме одговор од ниту една институција, ниту некој се одважи да нѐ демантира.Министерството за финансии молчи, молчат и другите засегнати институции. Агенцијата за администрација немоќна поради големата независност, ги отстапи надлежностите на Агенција за вработување поточно Владата со задолжение ја овласти Агенција за вработување да ги контролира годишните планови и да не дозволува да се пријавуваат административните службеници во работен однос.

Можеби медиумите, ОЈО, инспекциските органи ви ветиле 1.000 дена безгрижно и незаконско работење, но ние ќе информираме и ќе ги потсетуваме сите за вашето незаконско и скандалозно работење.Незаконието станува пракса со СДСМ на власт. Граѓаните се жртви на неодговорноста на власта. Ова мора да запре. СДСМ мора да си оди. Одговорноста за ова  незаконско работење мора да има.Наше е да ве информираме, а ваше е да запаметите!”, изјави таа.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Се намалуваат трошоците на граѓаните кај извршителите и нотарите

Објавено пред

Од

Владата предводена од СДСМ ги усвои измените на Законот за нотаријат и Законот за извршување со што значително се намалуваат трошоците на граѓаните кај извршителите и нотарите, изјави денеска пратеникот од СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов.

„Трошоците за нотарските и услугите на извршителите за намалуваат за 50 до 90 отсто, а 16 различни ставки со новите тарифници целосно ќе бидат укинати. Ова ќе значи намалување на трошоците за граѓаните кои се соочуваат со постапки пред нотари и извршители, а особено за најсиромашните граѓани кои не можат да ги платат сметките за комуналии или земале мал потрошувачки кредит“, рече Костадинов.

Со ова се остварува, како што рече, уште една клучна мерка од предизборната програма на СДСМ и од Програмата за работа на Владата – олеснување на животот на сите граѓани во Македонија и намалување на трошоците.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Постојат сериозни индиции и сомнежи дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи

Објавено пред

Од

Постојат сериозни индиции и сомнежи дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи за претстојниот референдум, само за некој глас повеќе за поддршка на капитулантскиот договор на Зоран Заев и Алексис Ципрас, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Барањето на Заев да се исплаќаат пари за откажување од сопствениот идентитет освен во приватните компании, постојат сомнежи дека ќе се практикува и во државни институции. Кружат информации дека раководители ќе делат награди и бонуси само за граѓаните да се откажат од името. Целата операција чини поприлично и затоа гледаме секој ден нови задолжувања. Денес Министерството за финансии ќе објави проспекти за ново задолжување од над 30 милиони евра. Ова е само едно во низата милионски задолжувања на оваа власт во период од само неколку месеци“, изјави Арсовски.

Дека парите се трошат сомнително и завршуваат во нечии џебови говори и фактот што капиталните инвестиции се на историски најниско ниво до сега, додаде Арсовски и потенцираше дека нивото на реализација е најниско за изминативе 20 години, имено од почетокот на годината заклучно со месец август реализацијата на капитални инвестиции е само 23.3%.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Стаменковска: Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не се изјаснија против уставните измени

Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не се изјаснија дека ќе гласаат против уставните измени, вели пратеничката Невенка Стаменковска,...

Топ2 часа

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби

Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе...

Економија2 часа

Плати од 97.000 денари и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика

Плати од 97.000 денари ќе добива и новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика. Тие неодамна на веб-страницата објавија колкави...

Свет4 часа

(Видео) Највисоко ниво на заштита, Трамп во ОН пристигна со „ѕверот“ и со ладилник полн со крв

Американскиот претседател, коj вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше...

Економија5 часа

НБРМ: Денарот е стабилен, не постои опасност за евентуална девалвација

Народната банка на Република Македонија информира дека како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика цврсто стои на...

Регион5 часа

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пелешац

Апокалипса на Пелешац по пожарот што дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава6 часа

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет6 часа

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион7 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет19 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион21 час

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија22 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија23 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток1 ден

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток1 ден

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ1 ден

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток1 ден

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story1 ден

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток1 ден

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион1 ден

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Досие