Контакт

Соопштенија

„Единствена Македонија“ ѝ го честита на Русија 23-ти февруари

Објавено пред

Единствена Македонија упати честитки до народот на Русија по повод 23 февруари – Денот на бранителот. Од партијата на Јанко Бачев велат дека овој празник е врежан во меморијата на рускиот народ и не случајно на овој ден цела Русија се сеќава на руските херои кои ја бранеле својата татковина.

„Сакаме да го увериме рускиот народ дека ние Македонците како пријатели и партнери на Вашата голема нација со која споделуваме заеднички вредности втемелени на традиционализмот, ќе продолжиме да ги подржуваме руските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за национален и религиски идентитет на нациите, правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот“, вели партијата во честитката.

Единствена Македонија додава дека  придава исклучиво значење на стратегиското партнерство со Русија, а заложбата за неговото остварување претставува посебен интерес за нив, македонскиот народ и поголем дел од малцинствата во Република Македонија.

„Во нашите 28 години независност, Република Македонија се соочува со неоколонијалната политика на НАТО во содејство со домашните марионетски власти со изгубено национално чувство. Затоа, народот на Македонија е особено благодарен на Русија за почитување на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, се додава во честитката на партијата.

Соопштенија

СДСМ: Милошоски да си поднесе оставка по лагите дека 7 земји на ЕУ биле против почеток на преговорите

Објавено пред

Милошоски лажеше додека беше на власт, денес лаже и во опозиција на штета на сопствената држава, велат во реакција од СДСМ кога вчера пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на својот твитер-профил објави дека против отворање на преговорите гласале Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.

Од владејачката партија велат дека најнеуспешниот поранешен министер за надворешни работи што го имала државата, едноставно, потонал во сопствената лажна вест.

„Лагите на Антонијо Милошоски дека дури 7 земји членки биле против нашата држава да ги почне преговорите со ЕУ и официјално се демантирани. Се потврди дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ свесно шири лажни вести против државните интереси“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски, без идеја и без програма, безобрано и дрско лаже.

Според нив, Милошоски напразно се правда кога веќе е фатен во лага и треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против тоа парите да завршат кај граѓаните

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е против враќање на повеќе пари назад кај граѓаните, не може да се помири што парите завршуваат кај граѓаните а не во нивниот скапоцен дворец или во џебовите на фамилијата, соопшти СДСМ.

„Токму ВМРО ДПМНЕ 11 години ги крадеше парите од граѓаните заради лично богатење додека граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ реализира серија мерки и се повеќе пари се враќаат кај граѓаните, во семејствата.

Со мерката поврат на 15 отсто од ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината кај секое семејство.

Ова е последна од низата мерки кои обезбедуваат помали трошоци и повеќе пари кај граѓаните.

Со укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, намалувањето на извршителските, адвокатските, нотарските и катастарските трошоци, како и воведувањето на европската младинска картичка се намалуваат трошоците но и се обезбедуваат повеќе пари во секое семејство.

Само со мерката за воведување евтина тарифа над 11 милиони евра заштедуваат граѓаните на годишно ниво.

Колку и да не им се допаѓа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ парите ќе продолжат да се враќаат назад кај граѓаните“ се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Беса: Сè уште нема потврда дека оваа година сигурно ќе добиеме датум за преговори

Објавено пред

Северна Македонија, за жал, не успеа да добие датум за почеток на преговорите овој месец, но исто така спорен е фактот дека сè уште нема потврда дека оваа година сигурно ќе го добиеме датумот за почеток на преговорите, велат од Беса. Партијата апелира дека во следниот период Владата и сите други институции да се посветат максимално и да работат на долгоочекуваните реформи, а особено во делот на забелешките од извештајот на Европската комисија.

„Судскиот систем во Северна Македонија е нефункционален, крајно партиски и, генерално, политизиран. Дури и денес судските постапки во речиси сите судски случаи се решаваат преку партиски компромиси кои имале и имаат влијание врз судството. Ако до 2016 година имавме судии на тефтерчиња, денес имаме судови на партиски коалиции. Сведоци сме дека германскиот Бундестаг и холандскиот парламент, како и многу амбасадори на земји со големо влијание врз одлучувањето во ЕУ, го условија евентуалниот датум со законот за специјално јавно обвинителство како институција што треба да се бори против криминалот и корупцијата во рамките на институциите направени во минатото, но и во иднина. Со други зборови, може да назначиме дека овие важни земји ѝ рекоа на Северна Македонија дека сè уште не расчистила со криминалот од поранешниот режим, има развлекување на судските маратонски процеси, кои останаа без епилог“, изјави Кастриот Реџепи, потпретседател на Беса.

За да биде уште полошо, велат од таму, дел од поранешниот режим денес е дел од оваа Влада, која дури и не заврши вистинска истрага, особено од доказите што произлегуваат од снимениот материјал.

„Затоа, Движењето Беса бара да биде вклучена во изготвувањето на законот за специјалното јавно обвинителство предлагајќи да нема рокови за поднесување обвиненија или поведување истраги, како и сите прислушувања поврзани со злоупотреба на службената положба, штета на државниот буџет, да бидат како доказ во сите фази од истрагата, без ограничување. Кој било друг обид да се ограничи работата на специјалното јавното обвинителство ќе биде доказ дека некој се обидува да го скрие криминалот, а тоа не само што ќе влијае негативно на нашите европски партнери туку може да биде и едно од клучните прашања за одолжување на приемот на датумот за почеток на преговорите со Европската Унија“, рече Реџепи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Кривичен суд: Сеад Кочан од 17 јули во затвор

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд во Скопје, надлежен да постапува по предметот на СЈО „Труст“, изготвил и...

Македонија2 часа

(Видео) Камчев да биде донесен со полиција да сведочи, бара СЈО

Поради повреда на коленото на обвинетиот Метуш Шабани, која се случила на 16 јуни, судијката Александра Ристеска го одложи денешното...

Македонија2 часа

Канада го ратификува протоколот за членство на земјава во НАТО

Канада е најновата во низата земји што го ратификуваа протоколот за членство на земјава во НАТО. „Денес, Канада со задоволство...

Македонија3 часа

Осумката од ВМРО-ДПМНЕ бара место во работните групи за Изборниот законик

Осумката од независната група од ВМРО ДПМНЕ бара место во работните групи за измени на Изборниот законик со цел демократизација...

Македонија4 часа

Културните работници со апел до Заев: Метлата нека го одмине МКЦ

Поголема група работници во културата испратија отворено писмо до премерот Зоран Заев во кое се противат на најавените промени во...

Регион4 часа

„Вечерњи лист“: И Мирослав Шкоро во трката за претседател на Хрватска

Хрватскиот „Вечерњи лист“ објави дека пејачот Мирослав Шкоро неделава официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска. Шкоро...

Македонија15 часа

Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток...

Топ21 час

Три години затвор за жената што прегази 13-годишно дете на Илинденска

Основниот кривичен суд денеска ја објави пресудата за предметот со сообраќајната несреќа, која на 18 септември 2015 година се случи...

Топ21 час

Татко и љубовник сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против пет лица за трговија со дете. Меѓу нив...

Свет22 часа

Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за уривањето на малезискиот авион во Украина

Четири мажи се обвинети за убиство при уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, при...

Свет23 часа

Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по...

Екологија24 часа

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија24 часа

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ1 ден

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет1 ден

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет1 ден

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет1 ден

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија2 дена

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет2 дена

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ2 дена

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Досие