Соопштенија
Истражете го светот со најновите понуди што ги носи „ЈК травел“ од големиот саем за туризам во Истанбул
ЈК Травел, пионер во креирањето на незаборавни патувања, е воодушевен што имаше шанса да биде дел од големиот саем за туризам во Истанбул. Нивниот посветен тим помина неколку денови на овој престижен настан, фокусирајќи се на склучување на ексклузивни договори за крстарењата, кои дефинитивно го редефинираат начинот на кој се гледа светот.
„Како дел од нашата посветеност да обезбедиме исклучителна вредност за нашите клиенти кои ни ја даваат довербата со години, ЈК Травел наскоро ќе ги презентира ексклузивните зделки кои ги направивме тука на оваа голема светска смотра на туризмот.
Нашите специјални понуди се создадени за да го направат вашиот одмор од соништата попристапен од кога било досега. Имаме шанса, со нашата експертиза, да овозможиме нашите клинети од нашите ЈК туристички консултанти, да добијат крстарења кои ги надминуваат нивните очекувања„ – истакнуваат од ЈК травел.
Без разлика дали го планирате вашиот следен одмор, барате инспирација за патување или едноставно сте љубопитни за тоа што светот има да понуди, овој тим е тука да ви посака добредојде со одлични зделки од најновите понуди на светските крузинг компании, директно.
„Во JK Travel, ние веруваме во повеќе од само патување, ние веруваме во создавање спомени кои траат цел живот. Нашите нови крстарења се внимателно избрани за да обезбедат највисоки стандарди на удобност, луксуз и забава. Со JK Travel, вие не само што резервирате патување, туку тргнувате на уживање кое одговара на секој аспект од вашите желби за патување„ – истакнуваат од ЈК травел.
Не ја пропуштајте оваа шанса да ја отклучите вратата за вашата следна голема авантура. Светот е огромен, а неговите чуда се на дофат со JK Travel.
••••
JK Travel е водечка туристичка агенција специјализирана за обезбедување луксузни одмори со крстарење. Со долгогодишно искуство и страст за истражување, се посветени да им понудат на клиентите неспоредливи искуства од патувањето. За повеќе информации, посетете ја нивната веб-страница или следете ги на социјалните мрежи.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2024/2025 година
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Фармацевтскиот факултет – Скопје според програмата за работа на Фондацијата за 2024 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-46/1 од 04.12.2024 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2024/2025 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2024/2025година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:
Студенти од трета година на студиска програма за магистер по фармација
1. Филип Петров
2. Татјана Босиланова
3. Јована Ангелова
4. Јована Данова
5. Теодора Беќаровска
6. Александар Василески
7. Матеа Симоноска
Студенти од четврта година на студиска програма за магистер по фармација
1. Сара Стојчевска
2. Михајло Николовски
3. Анастазија Китановска
4. Сара Маневска
5. Сандра Јовевска
6. Јована Петровска
7. Ангела Табаковска
8. Божидар Јованоски
9. Ивана Христовска
10. Матеј Николовски
11. Марко Талески
12. Ивана Наческа
13. Љубица Николова
Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација во состав: Проф. Др. Зоран Стерјев – Претседател на комисијата, Проф. Др. Ана Поцева Пановска, Проф. Др. Ѓоше Стефков, Г-ица Тамара Переска, и Г-ѓа Наташа Вучидолова Ристовска – членови на комисијата.
Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Медицинскиот факултет – Скопје според програмата за работа на Фондацијата за 2024 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-48/1 од 04.12.2024 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2024/2025 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2024/2025 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:
Студенти од трета година на општа медицина
1. Петра Давидоска
2. Сирма Костовска
3. Иван Богдановски
4. Тања Иванова
5. Павлина Козарева
6. Ана Трифуновска
7. Јана Палиќ
8. Марко Спасовски
9. Панче Ангелов
10. Мила Јованчева
Студенти од четврта година на општа медицина
1. Ина Тимовска
2. Сара Димеска
3. Јовица Димовски
4. Тамара Коцевска
5. Ана Павлова
6. Кирил Кузманоски
7. Јована Тевдовска
8. Александар Недев
9. Ангела Манчовска
10. Лука Митев
Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина во состав: Проф. Др. Светозар Антовиќ – Претседател на комисијата, Проф. Др. Јулија Живадиновиќ Богдановскa, Проф. Др. Јасмина Тројачанец, Проф. Др. Игор Николов, Проф. Др. Илија Џонов и Г-ица Надица Танчева – членови на комисијата.
Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.
Соопштенија
Социо-економско влијание на Пивара Скопје: 139 милиони евра за домашната економија и 8700 поддржани работни места
Пивара Скопје во 2023 година креираше 139 милиони евра додадена вредност во македонската економија, што претставува 1% од БДП, од кои 71 милиони евра се даноци исплатени во државниот буџет.
Над 8700 работни места во земјава на директен или индиректен начин се одржуваат од остварените приходи на Пивара Скопје, за кои годишно се обезбедуваат плати во износ од 37 милион евра. Секое едно отворено место во Пивара поддржува уште 21 работно место во земјата. На секое потрошено евро од купувачите назад во општеството се враќаат 68%.
Ова се само дел од наодите содржани во новата Студија за социо-економско влијание на Пивара Скопје во С. Македонија, изработена од независната консултантска куќа „Стјуард Редквин“, преку анализа на податоците на работењето на компанијата во 2023 година. Целта на оваа Студија е на објективен и транспарентен начин, со помош на научен пристап, да се квантифицира и оцени придонесот и значењето на Пивара Скопје за развојот на македонската економија и просперитетот на заедницата.
„Денес ние не презентираме само резултати и бројки, туку низ аргументи раскажуваме приказна за визија, решителност и тимска работа која резултира во успех и достигнувања. Со оваа Студија која е изготвена од независни експерти и по меѓународни стандарди сакавме да го разбереме влијанието на Пивара Скопје и придонесот во економијата и заедницата – на аргументиран и професионален начин. Со цел да го измериме сопствениот прогрес, бидејќи веќе правевме ваква студија во 2017 година, а и да видиме каде сме во однос на другите компании, и во Македонија, а и пошироко во регионот и Европа. Така знаеме до кај сме стигнале, и појасно можеме да се стремиме кон нова, повисока цел и придонес“, истакна генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев, во своето обраќање на денешниот настан, пред голем број претставници од бизнис секторот, институциите, академската заедница, дипломати и граѓанскиот сектор.
„Наодите од Студијата за нас во Пивара Скопје се најдобрата потврда за нашиот успех, кој не е случаен и на кој сме особено горди. Нашиот успех се темели на четири столба кои останале непроменети повеќе од еден век, а тоа се: беспрекорниот квалитет на производите препознаен од потрошувачите, партнерскиот однос и креирањето заедничка вредност со купувачите, искрениот придонес за заедницата и нашиот тим Пиварци, кој е главната состојка на се што правиме. Секако и на големата поддршка и “know-how” што ја добиваме од двете глобални корпорации на кои припаѓаме – Coca-Cola HBC и Heineken, како и на соработката со голем број купувачи, добавувачи, со деловните асоцијации и комори, со државните институции, експертите, медиумите и граѓанскиот сектор. Сите Вие имате значаен удел во успехот на Пивара Скопје, и секој на свој начин – сите вие сте дел од Пивара Скопје“, рече Митрев и додаде дека „Мисијата на Пивара е повеќе од бизнис, тоа е обврска да се поттикнат позитивни промени“, како и дека ,„само со постојано вложување во луѓето, економијата, животната средина и заедницата можеме да бидеме успешни и заедно да придонесеме кон подобра иднина за сите нас“.
Горица Стојковиќ, генерален директор на The Coca-Cola Company за Србија, Црна Гора и Северна Македонија истакна дека оваа Студија е особено важна бидејќи дава можност да се види реалното влијание на Пивара Скопје во земјава.
„Студијата што ја презентираме денес укажува дека нашиот систем има длабоко вкоренето влијание врз економијата на Северна Македонија, преку вработување, даноци и поддршка за локалните добавувачи. Со своето работење во 2023 година, Пивара придонесе со 1% во вкупниот национален Бруто-домашен производ, а ова е само еден од показателите дека Пивара Скопје е важен столб на македонската економија. Нашиот придонес не е само економски. Ние длабоко веруваме дека успешен бизнис мора активно да инвестира во заедницата. Тоа го правиме преку нашите програми и иницијативи, кои вклучуваат инвестиции во млади луѓе, заштита на животната средина и волонтерство на вработените“, посочи Стојковиќ.
За обемот на влијанието на Пивара Скопје врз домашната економија говори и податокот дека компанијата остварува деловна соработка со над 1.000 домашни добавувачи, од кои годишно набавува стоки и услуги во вредност од над 46 милиони евра, како и со над 12.000 трговци на големо и мало, дистрибутери и компании од угостителско-туристичкиот сектор. Преку ваквата соработка, Пивара Скопје остварува директно и индиректно влијание врз развојот на неколку значајни сектори од домашната економија, како што се: трговскиот, секторот за деловни услуги, производниот, транспортниот и земјоделскиот сектор.
За „Моќта на партнерството низ синџирот на вредности на Пивара“ на панел говореа претставници на добавувачите, купувачите, големопродажните дистрибутери, институциите и граѓанскиот сектор, кои го истакнаа значењето на нивната соработка со Пивара Скопје и уделот на ваквото партнерство во постигнување на заедничките развојни цели и нивниот придонес за натамошно унапредување на целокупниот економски развој на земјата.
Пивара Скопје само во изминатите пет години инвестираше и 40 милиони евра во капитални проекти за одржлив раст и развој, а дополнително вложува над 200 илјади евра годишно во реализација на бројни општествено одговорни активности наменети за поддршка на заедницата.
Новата Студија за социо-економско влијание на Пивара Скопје е достапна на интернет-страницата на компанијата, ПОЛНА ЧАША: www.polnacasa.mk
ПР текст
Соопштенија
Предновогодишен РЕсет со Елена Бубало во СРЦ „Борис Трајковски“
Сите кои се трудат да го одржат своето тело во добра кондиција, во недела на 1.12.2024 година ќе можат да се приклучат на фитнес вежбите под раководство на познатата инструкторка Елена Бубало и нејзиниот тим.
Настанот ќе се одржи во малата сала на Спортско рекреативниот центар Борис Трајковски во Скопје, со почеток од 10:30 часот. Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк
„РЕсет“ настанот е во организација на Реплек, а како и на претходниот, покрај можноста за вежбање со искусната инструкторка Бубало, ќе биде поставено и детско катче со спортски реквизити за деца до 6 години, додека поголемите деца ќе можат слободно да се приклучат и да вежбаат заедно со своите родители. Во рамките на „РЕсет“ настанот, Реплек обезбедува соодветна опрема и освежување за сите кои ќе вежбаат.
Ова е веќе трет настан од ваков вид и последен за оваа година. Претходните два, одржани во јуни и септември, привлекоа голем број учесници кои имаат сè поголем интерес за активниот начин на живот.
Овој тип на настани ќе продолжат и во 2025 година, како дел од платформа за добросостојба на Реплек именувана „РЕсет“. Платформата има за цел да поттикне ведар дух, здраво тело и ментална сила сѐ со цел создавање промени и унапредување на општествената култура.
Покрај промоција на активниот живот, платформата „РЕсет“ беше домаќин и на едукативни работилници со Илина Арсова и Борче Стаменов, со кои се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и добросостојбата.