Соопштенија
Најдобриот Black Friday шопинг е во Fashion Group!
Ако сте искрени, тогаш ќе признаете дека одамна си „меркате“ некое парче од твоите омилени брендови од Fashion Group и со нетрпение ги чекате претпразничните попусти!
Е кој е искрен, добива повеќе! Имаме добра вест за сите вас што сакате да бидете подготвени за празничната сезона – ве очекува викенд со ултра добри попусти и тоа во буквално сите продавници на Fashion Group и онлајн!
Во тек се долгоочекуваните Black Friday намалувања -30% на колекцијата есен-зима’23, како и дополнителен попуст -30% и на веќе намалените цени на селектирани артикли.
Сега е вистинскиот момент да си ја одбереш омилената зимска јакна, чизми, шал и безброј модни додатоци за да бидеш подготвен за претстојните зимски денови. Или пак, ако уште од сега размислуваш за празничната сезона, тогаш одбери си ја омилената кошула, фустан или здолниште и купи си ја пред другите.
А изгледот не е комплетен без шминка, така што кога ќе ја правиш шопинг обиколката, не пропуштај да ги видиш и продавниците на Kiko Milano каде исто така те очекуваат супер намалени цени до -50% на селектирани артикли!
Но, доколку си од оние што не сакаат метеж и преферираат да си купуваат од фотелја, тогаш тука е нашата онлајн продавница, па играј брзи прсти и прв купи го производот што го посакуваш!
Најдобриот шопинг годинава, може да започне сега!
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Компанијата Зегин го отвори својот тренинг центар за обука на вработените
Зегин во рамки на компанијата го отвори својот Тренинг центар за обука на вработените со цел да се подобрат перформансите на вработените, зголеми продуктивноста, како и за полесно и побрзо интегрирање на нововработените .
Тренинг центарот обезбедува структурирана средина каде што вработените можат континуирано да ги развиваат своите вештини и да бидат во тек со најновите трендови и технологии во индустријата. Ова не само што ја подобрува индивидуалната работа, туку ја одржува и компанијата конкурентна.
Нудењето можности за професионален развој им покажува на вработените дека компанијата го цени нивниот раст. Вработените кои се чувствуваат поддржани во развојот на кариерата имаат поголема веројатност да останат лојални на компанијата.
Со тренинг центарот овозможуваме стандардизиран процес на прием, обезбедувајќи за сите нови вработувања да се соодветно запознаени со културата, вредностите и специфичните барања за работа на компанијата.
Редовната обука и развој им помага на вработените поефикасно да ги извршуваат своите улоги. Вработените стануваат покомпетентни, поефикасни и посигурни во своите улоги, што директно влијае на перформансите на компанијата и задоволството на клиентите.
Добро обучените вработени работат поефикасно и прават помалку грешки. Постојаната обука ги охрабрува вработените да размислуваат креативно и да предложуваат нови идеи. Оваа средина поттикнува иновации кои можат да доведат до нови производи, услуги или подобрувања на процесите.
Се радуваме на новите колеги кои ќе учествуваат во унапредување на квалитетот на животот на сите наши клиенти а воедно се заблaгoдаруваме на сите останати вработени кои тоа го прават секојдневно.
ПР текст
Соопштенија
Светска премиера на новите Transporter и Caravelle – подобрени во секој поглед
- Пристигна седмата генерација: Новите Transporter и Caravelle нудат повеќе простор, поголема носивост, поголема максимална тежина на приколката и професионален изглед на дигиталниот дисплеј.
- Иновативни погони кои се во чекор со времето: ефикасните турбодизел возила со преден и погон на сите тркала се надополнети со plug-in хибрид и електричен погон.
- Седмата генерација на Transporter го следи непогрешливиот стил на своите шест претходници со својот јасен и впечатлив надворешен дизајн.
- Volkswagen Комерцијални возила го комплетира семејството Bulli со новите Transporter и Caravelle.
Volkswagen Комерцијални возила го претстави целосно редизајнираниот Transporter на неговата светска премиера на IAA Transportation 2024. Новиот Transporter се лансира со повеќе простор, зголемена носивост, поголема максимална тежина на приколката и поголема економска ефикасност. Покрај тоа, најсовремените системи за помош обезбедуваат поголема безбедност; добро осмислениот дигитален диплеј и контролните елементи ја олеснуваат секојдневната работа. Истото важи и за Caravelle, со девет седишта, кој е претставен во исто време. За прв пат во историјата, Transporter и Caravelle ќе бидат достапни и со plug-in хибриден погон и електричен погон, како алтернатива на палетата на турбо дизел мотори. Јасниот дизајн на новите комбиња е освежувачки, а сепак јасно го следи стилот на претходниците.
Вистинско возило за секој клиент: со дебито на новата генерација на Transporter, Volkswagen Комерцијални возила конечно ја спроведува својата стратегија – „вистински Bulli за секој клиент“. Кога првиот Transporter беше претставен на печатот во 1949 година, никој не замислуваше дека овој Т1, движечката сила зад германското економско чудо во тоа време, ќе стане толку успешен. 75 години подоцна, Bulli е постојан приказ на меѓународното автомобилско наследство. Палетата на Bulli за 2024 година се состои од новиот Transporter, Multivan и ID. Buzz. Производната линија на Transporter се состои од чисто комерцијални возила, како и серијата Caravelle. Multivan е семејното рекреативно и деловно комбе. ID. Buzz и ID. Buzz Cargo се првите верзии на комерцијалните електрични возила. Transporter, Multivan и ID. Buzz – седмата генерација на Bulli – моментално на пазарот ја формираат најшироката палета на модели во својата класа.
Volkswagen Комерцијални возила го нуди новиот Transporter како комбе фокусирано на транспорт на стоки, „Plus“ со товарен простор и седишта во вториот ред со различни прегради, и комбе фокусирано на превоз на патници. Caravelle, со девет седишта, е дизајниран за комерцијален превоз на патници – шатл и минибус. Volkswagen Комерцијални возила го нуди независниот Caravelle како почетна верзија, Life со спецификации на опрема од средна класа и Style како врвна верзија. Caravelle е достапен и со продолжено меѓуоскино растојание. Transporter и Caravelle се достапни и во верзијата PanAmericana.
Во редизајнираниот изглед на дигиталниот дисплеј на Transporter и Caravelle, Volkswagen Комерцијални возила го комбинира дигиталниот свет на дисплеи и контроли со цврсти тврди копчиња, осигурувајќи се дека контролниот центар на возилото е лесен за користење, а воедно и безбеден за професионалците во секоја ситуација. Ова исто така вклучува и интеграција на различни USB и 12 V приклучоци, како и опција за додавање еден или, во случај на plug-in хибридни и електрични модели, до три приклучоци од 230 V.
1,33 тони носивост: Волуменот на складирање во Transporter за превоз на стоки, со нормално меѓуоскино растојание и покрив, се зголеми на 5,8 m3. Со долго меѓуоскино растојание и висок покрив, капацитетот за складирање на комбето се зголеми на 9,0 m3. Максималната носивост до 1,33 тони (дополнителни 0,13 тони) одговара на поголем волумен на оптоварување. Volkswagen, исто така, ја зголеми максималната тежина на приколката за 0,3 тони, која сега достигнува до 2,8 тони (при сопирање, со наклон од 12%).
Дизел, хибриден и електричен погон: ќе бидат достапни седум ефикасни погонски верзии. За прв пат, оваа гама вклучува три турбо дизел мотори (TDI), plug-in хибриден погон (eHybrid) и три електрични погони (e-Transporter и e-Caravelle). Моторите TDI испорачуваат 81 kW (110 КС), 110 kW (150 КС) и 125 kW (170 КС). 125 kW TDI секогаш се комбинира со 8-брзински автоматски менувач, кој е опционално достапен за 110 kW TDI како алтернатива на 6-брзинскиот мануелен менувач. Моделите TDI од 110 kW може да се нарачаат со погон на сите тркала 4MOTION. Системската моќност од 171 kW (232 КС) го карактеризира plug-in хибридниот погон комбиниран со автоматски менувач (eHybrid). e-Transporter и e-Caravelle се лансираат со 100 kW (136 КС), 160 kW (218 КС) и 210 kW (286 КС). Капацитетот на нивната батерија е 64 kWh (нето).
Дополнително ќе биде објавено кои модели ќе бидат достапни на македонскиот пазар.
ПР текст
Соопштенија
Освоен платинум џекпот од 2.184.283 денари во KAZZINO MOZZART
Автомат клубовите Kazzino Mozzart нудат одлична забава и загарантирани добивки, а тоа можат да го потврдат спектакуларните џекпотови кои редовно се паѓаат на играчите.
Овој пат, среќниот играч во автомат клуб – Скопје Рекорд доби PLATINUM JACKPOT во износ од 2.184.283 денари, односно нешто повеќе од 35.000 евра. Честитки до добитникот!
Покрај глобалниот PLATINUM JACKPOT кој оди до 2.250.000 денари, автомат клубовите на MOZZART нудат и многу други џекпот добивки кои се паѓаат на локално ниво, и тоа:
✨GOLD JACKPOT – 200.000 денари
✨SILVER JACKPOT – 35.000 денари
✨BRONZE JACKPOT – 12.500 денари
✨IRON JACKPOT – 3.500 денари
Покрај тоа, во сите автомат клубови активен е календарот на промоции со Happy Hour загарантирани џекпотови. Провери ги износите на овој линк.
Посети некоја од локациите на KAZZINO MOZZART и можеби ти ќе бидеш следниот што ќе освои некој од убедливо најголемите џекпотови во градот!
📌 Скопје Рекорд (спроти Триумфална порта)
📌 Скопје Чаир (кај стадион Чаир)
📌 Скопје Маџари, спроти Кино Маџари, веднаш под нашето уплатно место Маџари.
📌 Скопје Јане Сандански, веднаш до нашето уплатно место Јане Сандански.
📌 Скопје Лисиче, во склоп на нашето уплатно Лисиче 2 (во близина на бензинската МакПетрол)
📌 Скопје Кисела Вода, спроти автобуската станица Чешма, во близина на маркет Веро
📌 Скопје Бутел, во склоп на нашето уплатно место Бутел 1
📌 Скопје Хемиско, во склоп на нашето уплатно место Хемиско, во близина на кулите Џевахир
📌 Скопје Џамбо, веднаш позади Веро Џамбо
📌 Тетово 1, веднаш до нашето уплатно место Тетово-5 (до ресторан Boss)
📌 Тетово 2, позади ресторанот Punto Verde
📌 Гостивар 1, плоштад Гостивар
📌Гостивар 2, спроти Општина Гостивар
📌 Битола 1, кај кружниот тек на влез во Битола, во склоп на нашето уплатно место Битола 8
📌 Битола 2, Нов Пазар, спроти маркет Веро
📌 Кочани, во склоп на нашето уплатно место Кочани 1, Трговски Центар Кочани
📌 Радовиш, во близина на автобуската станица
📌 Охрид, во центарот кај Зоил
📌 Струга, во близина на кружниот тек, веднаш до полициската станица
ПР текст