Контакт

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ веќе нема изговори за антидржавно однесување и треба да го поддржи референдумот

Објавено пред

СДСМ како одговорна и државотворна партија остана доследна и ги поддржа договорените измени на потребните закони со што се надминаа сите пречки за огранизирање и одржување на реферeндумот на кој граѓаните ќе одлучат за Договорот со Грција. Парламентарното мнозинство заедно со опозицијата ги изгласа промените на Изборниот законик, Законот за Влада и Законот за финансирање на политички партии. Со усвоените измени се спроведуваат сите барања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ.

Според партијата, сега ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски веќе немаат изговори за антидржавното однесување. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сега треба да покажат одговорност и сериозност, да го поддржат референдумот за македонската иднина и да им дозволат на граѓаните да одлучуваат.

„Никој, па ниту ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина. Граѓаните, сами, слободно и без притисоци на референдум ќе одлучат за сопствената и за иднината на државата. Граѓаните ќе го искористат највисокиот демократски инструмент, граѓаните ќе одлучат за ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција“, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да одговори за средбата со Груевски, институциите да ги лоцираат и казнат соучесниците

Објавено пред

Христијан Мицкоски да не се крие зад социјалните мрежи и зад конфузни реакции што не кажуваат ништо, туку да излезе пред граѓаните и да одговори за средбата со Груевски, реагираа од СДСМ по објавата на статусот на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

„Антизападниот Мицкоски пред јавноста треба да одгoвори дали на средбата што ја имал со неговиот ментор Никола Груевски, на која според негово јавно признание разговарале за ‘иднината’ и ‘личните моменти’ на криминалецот Груевски, всушност бил подготвуван планот за бегство? Постојат јавни сомнежи дали Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се соучесници во бегството на криминалецот Груевски“, стои во реакцијата на партијата.

Провидно е лицемерието на Мицкоски, велат од СДСМ и додаваат дека лицемерно и несериозно е човекот кој со сите сили го брани криминалот на неговиот ментор денеска да глуми загриженост.

Сите надлежни институции, а особено Основното јавно обвинителство, мора да отвори истрага, целосно да се расветли случајот и да се лоцираат сите виновници, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Бегството на Груевски не е во ред

Објавено пред

Во однос на бегството на поранешниот партиски лидер, Никола Груевски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска рече дека партијата не се согласува со самото заминување и дека тоа не е опција, дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Како што рече тој, така се загрозуваат и другите лица, кои исто така се цел на тој прогон.

„Денес, јасно се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е под политички инструирана полициска опсада само заради евтин политички театар кој се случи поради покривање на сопствената немоќ и неспособност на власта“, рече портпаролот на опозициската партија.

Според него, со претресот со кој се бараше осудениот поранешен партиски лидер, Груевски, беспотребно се вознемирувале членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и биле претресувани недолжни граѓани, без налог и без посебна наредба која, како што рече, никогаш не била презентирана во јавноста.

„Од фотографии достапни во јавноста се гледа дека спротивно на законот беше ангажирана и воена полиција која е под надлежност на Министерството за одбрана со која раководи министерката Радмила Шекеринска. Се покажа дека оние што треба да бидат професионални институции, работеа под чисто политички диктат. Политичкиот притисок и прогонот се евидентитен. Мотивите се политички и средствата што се употребуваат се политички. Прогонот се прави врз лица на партија кои се следени, прислушувани, под константен притисок“, посочи Стоилковски.

Исто така, тој нагласи дека Оливер Спасовски и Зоран Заев треба да одговорат кого лажат и кого замајуваат.

„Тие, имајќи ги во раце неограничените ресурси на државната безбедност и под вакви услови, сакаат и уште сакаат лажно да прикажат дека не знаеја или не знаат за движењето на Никола Груевски? Тоа е дилема што треба тие да ја одговорат“, рече партискиот портпарол.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стојаноски: Бараме финансиска поддршка на бранителите учесници во конфликтот во 2001

Објавено пред

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при Ѓорче Петров преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, денеска поднесе барање за надополнување на дневниот ред на наредната седницата на Советот на Општина Ѓорче Петров, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бараме од буџетот на Општината, наместо ненаменски да се трошат средства, да се определи ставка за финансиска поддршка на бранителите учесници во конфликтот во 2001 година кои живеат на територијата на Ѓорче Петров.

Бараме на дневен ред да се стави точка: финансиско олеснување на обврските на кои подлежат бранителите учесници и нивните семејства што учествуваа во конфликтот во 2001 година во Република Македонија.

Поточно финансиско олеснување за:
– ужина и екскурзии во училиштата,
– стипендии за младите,
-поддршка при изработка на елаборат за легализација,
– ослободување од комуналии за градба,
– ослободување за надоместок за градинка,
– ослободување од ѓубрарина во руралниот ден на општината.

Во согласност со процедурите, сакам да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го сработи предлогот и сите овие барања дополнително ќе бидат вметнати во амандманската расправа за формирање на буџетот на Општината за 2019 година“, истакна Стојаноски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Регион7 часа

(Видео) „Гардијан“: Хрватската полиција ги тепа барателите на азил

Британски „Гардијан“ објави снимка на која тврди дека се прикажани барателите на азил во Хрватска и на која се гледало...

Македонија9 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија9 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија10 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија11 час

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија12 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија12 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија14 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија14 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија15 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија16 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија16 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија16 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет16 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија18 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија18 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија19 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија1 ден

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија1 ден

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Досие