Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шират невистини во очај што не можат да го одбранат криминалот

ВМРО-ДПМНЕ упорно си тера со измислици и конструира непосточеки случаи за наводен нелегален тутун, иако нивните лаги повеќе пати беа демантирани, соопшти СДСМ по обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Јавноста е информирана, но, по сè изгледа, не е информиран портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски дека за конкретниот случај за кој изнесува лаги, пред неколку месеци е отворена предистражна постапка во рамките на Царинската управа, известен е и надлежен Јавен обвинител.
Во белата палата очигледно им пречи што оваа влада води неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата, па затоа шират лажни вести против вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и неговото семејство.
Денес правдата е еднаква за сите, секој што се огрешил пред законот одговара, нема повеќе недопирливи.
Очајни што не успеваат да го одбранат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и избезумени од последователните порази на сите избори, губитникот Мицкоски и неговите соработници не знаат што друго да прават, освен да шират лажни вести во кои никој не верува.
Затоа губат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Шилегов од ЈСП прави фирма за удомување партиски активисти?

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на најавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за отворање оглас за нови вработувања во ЈСП „Скопје“.
„Дали неспособниот Шилегов од Скопје од ЈСП прави фирма за удомување партиски активисти? Огласот за 175 нови вработувања во ЈСП, од кој повеќето не се шофери, кои се дефицитарни, е полнење на администрацијата на оваа претпријатие. Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо тој да се искористи за таблети, тестови или вакцини, се троши за партиски вработувања“, велат од оваа партија.
Тие сметаат дека ЈСП има недостиг на шофери, но, како што велат, тоа за Шилегов не е проблем, „негова преокупација е како да вработи оперативен директор, советник за примена на јазиците и инженер за инвестиции во ЈСП“, стои во писменото соопштение од партијата.
„Шилегов го претвори ЈСП во фирма за удомување партиски кадри, а Скопје има делови каде што нема канализација, имаме нечисти улици, диви депонии насекаде, градот буквално тоне. И сѐ додека е Шилегов, градот ќе тоне“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: Институциите во неселективна борба против корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ на браникот на криминалот

Последните полициски акции за разбивање на организираната група, која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога што ги презеде Министерството за внатрешни работи за владејачкиот СДСМ, се неоспорлив доказ за неселективна и бескомпромисна борба против организираниот криминал.
„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, повторно застанаа на страна на криминалот и криминалните структури. За времетраење на сложената полициска акција ‘Двојник’, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешен обид да ја саботираат акцијата преку пласирање информации во тек на активна истрага. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат по иста разработена шема на лажни вести и неосновани напади кон МВР и полицијата и за акцијата во соработка со нашиот стратешки партнер САД и нивната ДЕА, каде што беше запленета огромна количина марихуана“, реагираат од СДСМ.
Според нив, ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека законите важат еднакво за сите и дека никој не е над правдата.
„ВМРО-ДПНЕ и Мицкоски, колку и да се обидуваат, нема да успеат во намерите да одбранат криминалци и криминал. Денес, нема недопирливи, секој одговара за своите дела, стои во писменото соопштение од СДСМ.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Државните лаборатории оставени без реагенси, за Филипче е поважно возењето мотори

Навраќајќи се на прашањето за состојбата со вакцините, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека системот не е организиран за да даде соодветен одговор.
„Секојдневно умираат по неколку десетици лица, системот не е организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се организирани и за викенд се одмораат, поточно аздисуваат. И, така, само во Македонија се поставува прашањето за вакцини – каде се вакцините, кога ќе стигнат? Во меѓувреме, други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму го поставуваат прашањето за реагенсите и за тоа дали има доволно термини за ПЦР-тестови и по една година од постоењето на коронавирусот во Македонија.
„Граѓаните молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат, да се забавуваат, ама не и да си ја работат својата работа за која се платени од граѓаните! Филипче и Заев, веднаш одете си! Филипче и Заев, ќе одговарате“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш