Контакт

Соопштенија

СДСМ: Раст од 5,9 отсто на откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тромесечје

Објавено пред

Политиките на Владата предводена од СДСМ во земјоделството и зголемената поддршка за земјоделците даваат реални резултати. Откупот и продажбата на земјоделски производи во првиот квартал од 2019 година е поголем за 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година, соопшти СДСМ.

„Забележен е и раст на извозот на земјоделски производи кој во првото тромесечје од годинава е зголемен за 8 отсто или за 42,2 милиони евра повеќе од истиот период од минатата година.

Зголемената поддршка за земјоделците, помошта за младите земјоделци, зголемените субвенции и нивната неселективна и навремена исплата придонесуваат за зголемено и поквалитетно земјоделско производство конкурентно на домашниот и странските пазари.

Оваа тенденција на раст ќе продолжи во текот на годината. Со воведувањето на „зелената нафта“ со придвижувањето на евоинтеграциите се отвораат можности за поконкурентно производство и пристап до нови пазари, што ќе резултира со зголемен, навремен и сигурен откуп на земјоделското производство.

Продолжува вистинската грижа за земјоделците. Се враќа достоинството на земјоделците и се унапредува земјоделството како една од најважните стопански гранки.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на земјоделството, зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците“, се наведува во партиското соопштение.

Соопштенија

Левица: СДСМ да одговори дали ДУИ ќе пресуди за УНЕСКО статусот

Објавено пред

Барањето за воведување бадинтер од страна на ДУИ во новиот Закон за управување со светското природно и културно наследство на УНЕСКО регионот претставува озаконување на криминалното дивеење на партиските локални моќници по брегот на Охридското Езеро. ДУИ претставува криминална група која единствено работи за своите тесно-партиски интереси и оваа партија не е легитимен претставник на албанскиот народ, што стана евидентно после резултатите од референдумот и претседателските избори. Штетите по националните богатства и животната средина ги трпат сите граѓани, без разлика на националната, етничката и религиозната определба, соопшти Левица.

Според неа, ова претставува уште еден скандал од криминалното подземје на ДУИ, ако се има во предвид фактот дека советникот на ДУИ од Охрид, Нефи Усеини веќе два месеци непречено гради објект во заштитено подрачје, за кој објект е издадено решение за уривање. Истиот советник нападна инспектор пред неколку месеци, но против него не е поведена никаква постапка, со оглед на тоа дека функционерот на ДУИ агитираше јавно за кандидатот Стево Пендаровски.

,,Со штитењето криминалци кои уништуваат богатство од национален интерес, оваа Влада покажува дека за неа главен приоритет не се демократичните процеси, просперитот и интересите на Републиката, туку богатењето на неколку поединци кои одработуваат за коалицијата на власт. И покрај декларативните заложби на СДСМ за зачувување на УНЕСКО статусот, власта не испорача никакви суштински промени за обичните граѓани и продолжува да тоне во криминални скандали и корупција, со што опасноста за неповратно уништување на едно од најголемите национални богатства станува се поизвесна”, додаваат од Левица.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Во соседството пуштаат автопати, а Заев една година не може да го пушти автопатот Скопје – Штип

Објавено пред

„Република Србија го заврши Коридорот 10 низ најтешката траса по целата негова должина, а Зоран Заев во Владичин Хан се радува на успешните потфати на нашите соседи. Очекувано е секој возач и патник што ќе го користи Коридорот 10 да се радува на новото автопатско решение, но Заев е премиер и зема плата од граѓаните на Македонија, не само да се радува на туѓите успеси туку и да сработи нешто за што е платен“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, додека во соседството пуштаат автопати, Заев една година не може да го пушти готовиот автопат Скопје – Штип, кој беше завршен од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„На Заев му требаа месеци за да договори трубачи и да го пушти завршениот автопат Демир Капија – Смоквица направен во време на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од Заев, лидерите на земјите од регионот забрзано работат за нивните граѓани и држави. Работата е непознат поим за Заев. Тој не ја практикува дома, затоа и оди во странство да види како изгледа ефектот од неа.
Заев е скаран со зборот инвестиција. Тој и неговата неспособна влада за првите три месеци оваа година реализираа само 6 отсто од годишно предвидените капитални инвестиции. Зоран Заев за разлика од лидерите на другите држави во регионот и Европа е синоним за корумпиран неработник и неспособен. Државата само тоне со Заев, затоа и треба да си замине. Граѓаните ја чекаат металата на Заев, која ќе ги измете него и целата негова влада“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: 30 милиони денари достапни на граѓаните за подобрување на енергетската ефикасност

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции почнаа со реализација на мерките што имаат цел намалување на аерозагадувањето и надминување на деценискиот проблем со загадениот воздух. Од страна на Владата отворен е јавен повик за замена на нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти во најзагадените градови во Република Северна Македонија, соопшти СДСМ.

Право на учество на јавниот повик имаат градовите и општините каде што има висока концетрација на ПМ 10 и ПМ 2,5 честички. Истовремено, од Министерството за економија отворен е јавниот повик за субвенционирање дел од трошоците за набавка на сончеви колектори, алумински и ПВЦ-прозорци.

„Оние граѓани што ќе постават сончеви термални колекторски системи имаат можност да аплицираат и да добијат поврат на средства до 30 отсто од трошоците, но не повеќе од 15.000 денари, а граѓаните што ќе постават алумински или ПВЦ-прозорци ќе добијат поврат до 50 отсто од вкупната сума, но не повеќе од 25.000 денари.

На овој начин ќе им се помогне на граѓаните што сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност, но и да се префрлат на еколошки начин на затоплување, со што ќе влијаат врз намалување на загадувањето. За реализација на оваа мерка, обезбедени се 30 милиони денари.
Континуирано се преземаат мерки на краток, среден и долг рок, кои имаат цел надминување на деценискиот проблем со загадувањето и обезбедување чист воздух и здрава животна средина, соопшти партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјава

Премиерот Зоран Заев денеска во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија53 минути

Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата во земјава ќе се одржи на 29 јуни, информираа...

Македонија2 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски во петокот доставил барање за престанок на функцијата директор на...

Европа3 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион3 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech3 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет4 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа22 часа

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија23 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија23 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада1 ден

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа2 дена

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа2 дена

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа2 дена

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија2 дена

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија2 дена

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ2 дена

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Досие