Контакт

Соопштенија

СДСМ: Трајко Славески призна дека немаат програма, очигледно затоа бегаат од брзи избори

Објавено пред

Очајноста и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со тоа што опозицијата нема никаква понуда за да излезе пред граѓаните. Тоа го потврди и Трајко Славески, кој призна дека ВМРО-ДПМНЕ нема програма и нема идеја, соопшти СДСМ.

Очигледно, според владејачката партија, тоа е една од причините, покрај загубената поддршка кај граѓаните, зошто ВМРО-ДМНЕ бега од брзи избори, зошто и нивните средби со граѓаните се вистинско фијаско.

„Единствена програма што опозицијата ја нуди е обнова на криминалот и режимот, обнова на поделбите меѓу граѓаните, нееднаквоста, дискриминацијата и враќање во темното минато кога државата немаше никаква европска иднина. Сè додека ВМРО-ДПМНЕ е против раст на платите, против поврат на ДДВ, против отворање нови добро платени работни места, не може да се надева на поддршка од граѓаните. Граѓаните избраа да одат по прав пат, кој значи безбедност и сигурност, евроинтеграции, помали трошоци и повеќе пари за секое семејство.

Затоа, на 12 април граѓаните повторно ќе ѝ дадат црвен картон на деструктивна ВМРО-ДПМНЕ, која сè уште егзистира по груевистички методи. Граѓаните нема да дозволат обнова на режимот, туку ќе потврдат дека државата е на прав пат, пат што води кон НАТО и ЕУ, кон поголеми плати, инвестиции, сигурност и стабилност“, се наведува во партиското соопштение.

Соопштенија

Демократски сојуз: Претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за дивоградбите

Објавено пред

Демократскиот сојуз не го поддржува Законот за добивање правен статус на бесправно изградени објекти и бараме претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува законот со што ќе се спречи беззаконието во државата и да се привилегираат оние кои ги кршат законите и се директно одговорни за градежниот хаос, потенцираат од оваа партија.

Според нив, постојат објекти изградени во заштитени зони, што е спротивно на деталните урбанистички планови и објекти кои ја попречуваат реализацијата на урбанистичките планови.

„Ставањето во нерамноправна положба на граѓаните е спротивно на принципот на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред законите. Чесните граѓани подготвуваат проекти, бараат дозволи за градба, плаќаат комуналии и ги почитуваат сите прописи. Додека оние што градат бесправно и узурпираат земјиште, диво се приклучуваат на водоводните мрежи, електричната енергија, ги кршат сообраќајните решенија и слично, не смеат да бидат и натаму мотивирани и лош пример за во иднина“, реагираат од ДС.

Демократскиот сојуз има разбирање за социјалните аспекти, но никако не се за градежен хаос и легализација на хациенди, деловни објекти, куќи со базени итн, децидни се од оваа партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Со блокадата на законот за служба во АРМ, ВМРО-ДПМНЕ останува на спротивната страна на граѓаните

Објавено пред

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно дејствување во Собранието продолжуваат да нанесуваат директна штета на граѓаните и државата. ВМРО-ДПМНЕ ги блокира измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата со 2.000 амандмани, истакнуваат од владејачката СДСМ.

Со оваа блокада, како што велат од таму, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е против олеснување на условите за пензионирање, против отпремнини за припадниците на Армијата.

„ВМРО-ДПМНЕ се противи војниците, луѓе кои се заштитници на татковината, кои се подготвени да го дадат својот живот, кои за целото времетраење на пандемијата со коронавирусот се дел од првите борбени редови, да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, ВМРО-ДПМНЕ е против дополнителните поволности при пензионирање. ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува можноста за стипендирање на дефицитарните кадри во Армијата и натамошно јакнење на капацитетите на Армијата. Партијата предводена од Христијан Мицкоски глуми лажен патриотизам, партија која не го честиташе членството во НАТО, партија која опструираше значајни процеси во одбраната“, реагираат од СДСМ.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ е истата партија која за целото 11-годишно режимско и деструктивно владеење недоволно вложуваше во одбранбениот сектор, партија чии погубни политики, според СДСМ, ја девалвираа Армијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е без почеток на преговори, политиката на Заев доживеа дебакл

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Македонија е без почеток на преговорите со ЕУ. Од таму велат дека политиката на Заев доживеала дебакл.

„Заев ветуваше почеток на преговорите со ЕУ, две години тие само што не почнале, а лажеше дека и поглавја се отвораат. Политиката на Заев е една огромна лага и погазување на државата. Заев го погази идентитетот. Тој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се едно исто, дека имаат заедничка историја и дека македонската историја почнува по 1945 година. Сѐ што можеше да се осквернави, Заев го осквернави. Сакаше и тргуваше со јазикот, идентитетот и историјата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Позициите на Македонија се темелно нарушени, додаваат од опозициската партија и, според нив, за таквата ситуација виновен е лично Заев.

„Понижувањето на државата е плод на политиката на свиткан грб на Зоран Заев. Попусти се сега сите обиди да се вади од калта. Наместо тоа, потребна е оставка веднаш. Сите политики на Заев се поразени“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа1 час

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа1 час

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет3 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирус откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет3 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија15 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија18 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија19 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија20 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија21 час

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија22 часа

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет24 часа

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија2 дена

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Досие