Соопштенија
СДСМ: Целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да им помогне на ССМ и работниците, туку да го урне договорот со СОНК

ВМРО-ДПМНЕ е партијата што ги погазуваше трудот и достоинството на работниците, ја држеше минималната плата под 9.000 денари и ги третира за евтина работна сила. Ниту е ВМРО-ДПМНЕ на страната на работниците ниту, пак, на страната на ССМ, напротив, целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да му помогне на ССМ, туку да го суспендира договорот на Владата со СОНК за покачување од 15 % на платите во образованието и континурано покачување во согласност со методологијата, реагираат од партијата на власт на прес-конференцијата на Марија Митева.
„ВМРО-ДПМНЕ на овој начин бара помало зголемување на платите во образованието и детската заштита од 11,5 %. Владата предводена од СДСМ нуди системско решение преку воспоставување нова методологија, која значи постојан раст на платите во јавниот сектор. Преку социјален дијалог со ССМ, како репрезентативен синдикат, може да се дојде до системско решение за што преговорите траат“, е потенцирано во реакцијата од СДСМ.
До крајот на годината, како што напоменуваат, ќе се донесе нов закон за платите во јавниот сектор, кој ќе ги изедначи разликите и ќе воспостави систем на плати во јавниот сектор.
ВМРО-ДПМНЕ, оценуваат од СДСМ, треба да ја прими пораката на граѓаните и своето деструктивно однесување да го промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Доста беа лаги, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните и да се променат

Сите лаги што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираа во однос на евроинтеграциите потонаа. Тврдењата дека наводно државата ќе се бугаризирала, дека народот ќе бил асимилиран, пукнаа како меур од сапуница, како и многу други лаги претходно, пишува во соопштението од партијата на власт.
„Премногу е од лагите од белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да смогнат сили и да им се извинат на граѓаните. Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се променат и наместо да одработуваат за туѓи центри на моќ, да се престројат на страна на на граѓаните, на страната на националните интереси“, се додава во реакцијата од страна на СДСМ.
Претседателот на СДСМ и на Владата, Димитар Ковачевски, појаснуваат од владејачката партија, покажа државништво, покажа како се брани национален и државен интерес, како се штити националното достоинство на македонскиот народ.
„Од тој пример Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може доста да научат“, потенцираат во напишаното од СДСМ.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски мора да понесе одговорност и да поднесе оставка

Ковачевски мора да понесе одговорност и да поднесе оставка. Кога виде дека цела држава се крена против него, ретерира, францускиот предлог е и со негов потпис, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски, додаваат од опозициската партија, 6 месеци го преговарал и договорил последниот предлог, кој доколку не беше реакција на народот и ВМРО-ДПМНЕ, ќе де прифатеше и ќе значеше бугаризација за државата.
„Од Ковачевски пред еден месец биле побарани забелешки на предлогот, тој немал ниту една. Ковачевски сакаше да го протурка предлогот на мала врата, затоа и целиот процес го водеше тајно, без почитување на македонските интереси. Откога е фатен жив како преговарал и договорил предлог, кој е во корен спротивен на македонските интереси, тој ретерира и манипулира“, е наведено во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Ковачевски не може повеќе да го лаже народот.
„Интелектуалците, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ го разоткрија и не дозволија бугаризација на државата. Ковачевски треба веднаш да си поднесе оставка. Потребни се избори. Ковачевски, но и СДСМ и ДУИ, немаат никаков основ да продолжат да ја водат Владата“, се потенцира во напишаното од партијата на Мицкоски.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против зголемување на платите и не сака да се откаже од акцизата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ е против зголемување на платите и не сака да се откаже од акцизата, а секаде во светот се укинуваат даноците на горивата.
„Пратениците од СДСМ и ДУИ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2.800 денари, што е всушност и порамнување по зголемување на минималната плата и обврска на власта. Но, пратениците од СДСМ гласаа против, исто како што гласаа против намалување на акцизата на горивата за 50 % и намалување на ДДВ од 18 на 5 %, и тоа во време кога во Германија се намали данокот на горивата, а вчера и во САД претседателот Бајден побара од Конгресот суспензија на федералниот данок на горивата во период од 3 месеци“, појаснуваат од партијата на Мицкоски.
Само пратениците од СДСМ и ДУИ, додаваат од таму, не сакаат да гласаат за повисоки плати и намалување на даноците и акцизата на горивата.
„Само СДСМ и ДУИ работат против граѓаните. Затоа, премногу е. Промени“, е наведено во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.