Соопштенија
Форумот за демократска Македонија:Владата мора сеопфатно да се бори со корупцијата

Форумот за демократска Македонија, заедница на иселеници од #Македонија, го искажува своето незадоволство од подготвеноста на институциите на системот да се ангажираат во борба против корупцијата и злоупотребата на моќ.
,,Најновиот случај на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност, покажа дека речиси по рефлекс и како по навика тенденциите на обиди за закривање или извртување на одговорноста продолжуваат.
Под притисок на јавноста се случи барањето за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност. Иако позитивен исчекор, ова е далеку од доволно за одлучна борба против корупцијата, бидејќи се сведува на политичка, а исклучува дисциплинска и кривична одговорност.
Наместо државните институции да ги спречат или детектираат пропустите, таа улога и натаму ја презема јавноста со секојдневно лоцирање на неправилностите како што е случајот со тендерите или пак доделувањето средства од разните фондови. Последен пример е случајот со субвенциите за иновации”, се посочува во соопштението.
Според Форумот, сето ова укажува дека механизмите за спречување и откривање на корупција во државната администрација се или несоодветни или не се спроведуваат доследно.
,,За жал, и ветените системски решенија и реформите во правосудството доцнат. Владата мора сеопфатно да се бори со корупцијата, а не само преку поништени тендери и разрешувања. Овој пристап праќа порака за висока исплатливост и мала веројатност за одговорност.ФДМ кој произлезе од граѓанските движења меѓу иселениците, кои се бореа за владеење на правото, исто како и овие движења се залага за промена, а не за замена.
Скандалите поврзани со сомневањата за корупција и злоупотреба на службената положба се повеќе го нагризуваат кредибилитетот на Владата и довербата во нејзините реформски капацитети. Како што од граѓаните се очекува болен компромис заради евроатлантската интеграција и отворање на перспективите за развој на државата, така и политичките елити, а пред се власта, треба непоколебливо да покажат европско поведение преку одлучни реформи и активности за нулта толеранција на корупцијата”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Произведени 19.942 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 30.01.2023 година произведe 19.942 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.
Во Термоелектраните произведени се 14.845 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.097 MWh.
* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 30.01.2023 година
Македонија
СДСМ: Расипничка локална власт на ВМРО-ДПМНE, милионски задолжувања и во Гази Баба

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги решава проблемите на граѓаните, расипнички ги троши народните пари и ги задолжува општините. Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја задолжува една од најбогатите општини во државата за цели 5 милиони евра“ соопштија од СДСМ.
Од партијата велат „иако пред 15 месеци наследи полна општинска каса со 3,2 милиони евра сега ја задолжи општината со предлог, во кој не е наведено дали има подготвено проекти и проектна документација“.
„Градоначалникот на Гази Баба не кажа ниту колкав ќе биде периодот на отплата, колкава е каматната стапка, ни дали потенцијалните купувачи можат да дојдат во спрега со инвестициските проекти. Стефковски ги изигра и потцени граѓаните на општина Гази Баба. Тој никаде во предизборната кампања не им вети на граѓаните вакво задолжување. Стефковски наместо за граѓаните, работи за лични и за интересите на неговиот шеф Христијан Мицкоски, Гази Баба од општина со полна буџетска каса, од општина со план за развој, благодарение на Стефковски за помалку од година и половина, стана задолжена општина, потоната во безидејност и стагнација“ стои во партиското соопштение.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Филип Андов „Сокол“ и одговорност од Тупанчески

„Во рок од еден месец јавноста дозна за три бегства од затвор. Последниот случај на бегство е повторно од затворот Шутка каде што директор е кадарот на СДС , Филип Андов `Сокол`. Имено лицето Ариф Алили од Кичево, уапсен за дрога, избегал од „слободно одделение“ на затворот“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму потсетуваат дека „пред извесно време од затворот избега и Нафи Абдиоски, лице со полн фотоалбум од заеднички слики со функционери на СДС. За овие скандалозни бегства нема никаква одговорност од директорот Филип Андов, ниту владата му бара оставка, ниту се најавува смена“.
„Ваквите бегства покажуваат дека се работи за целосен распад на затворскиот систем, кој се претвори во решето систем. Пред неколку недели се случи и скандалозното бегство од затворот Идризово, при што беше ранет и еден затворски полицаец. Овој случај, но и останатите покажуваат дека корупцијата и криминалот владеат со затворите во Македонија. Дали владата на Ковачевски чека и во затворот Шутка да се случи скандалозно бегство со жртви за да преземе конкретни мерки и да побара одговорност одФилип Андов – Сокол и од Тупанчевски? Затоа потребна е оставка од Филип Андов – Сокол и одговорност од Тупанчевски веднаш“ стои во партиското соопштение.