РЕ-Ново
„Експерт за ракомет“ – нова акција на обложувачниците SPORT LIFE
Од 10-ти до 28-ми јануари 2024 година, во обложувалниците „Sport Life“ ќе се одвива акцијата „ЕКСПЕРТ ЗА РАКОМЕТ“, во знакот на европското ракометно првенство за мажи на ЕХФ – ЕУРО 2024.
Сите оние кои ќе одиграат тикети со натпревари исклучиво од понудата за ракомет, приложени со и регистрирани на Sport Life клуб-картичката, и кои ќе имаат највисок вкупен коефициент на добитен тикет во периодот на траење на промоцијата, ги очекуваат три главни премии: 60.000 денари (прво место), PlayStation 5 (второ место) и еден милион поени за подароци од СЛ маркетот (трето место).
„Нашата понуда ја збогативме со нова игра „Експерт за ракомет“ и можност за дополнителни подароци за најдобрите типувачи. Веруваме дека на претстојното Европско првенство во ракомет – мажи ќе гледаме одличен ракомет, со особено возбудливи мечеви на нашата репрезентација, како и возбудлив натпревар помеѓу нашите играчи членови на СЛ клубот. “ – истакнуваат од Sport Life.
Покрај натпреварите од понудата за ракомет, која ги вклучува и посебните игри – победник, учиноци на играчите итн, во акцијата учествуваат и натпреварите од понудата за обложување во живо и од понудата „Супер тип“ .
Тикети треба да бидат со една комбинација, уплатени со приложена СЛ Клуб картичка, во периодот на траење на акцијата.
Тековното рангирање на играчите може да се следи ТУКА, а победниците ќе бидат објавени, на интернет страницата sportlife.com.mk и на фан-страницата Facebook@SportLifeBet .
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„ГРИН-Џ – Winter Street Festival Caravan“ ја носи празничната магија во градовите во Македонија
Со весела атмосфера, зимскиот уличен фестивал „ГРИН-Џ – Winter Street Festival Caravan“ годинава започна со своето отворање во Битола и Делчево, означувајќи го почетокот на празничниот фестивалски караван која ќе патува низ повеќе градови низ државата од 20 до 30 декември.
Фестивалот е осмислен како подвижен, отворен и целосно бесплатен културно-забавен настан, кој ги активира јавните простори и ги претвора плоштадите, парковите и градските јадра во сцени за улична уметност, интеракција и семејна забава. „ГРИН-Џ“ носи празнична топлина и урбана енергија, создавајќи ново зимско искуство достапно за сите генерации.
По почетните настани, фестивалскиот караван продолжува од четврток, 25 декември, со својата програма низ повеќе општини и градови низ Македонија, сè до 30 декември. Во секоја локација, публиката ја очекува динамична програма, и вклучува улични уметници, акробати, жонглери, циркуски точки, пантомимичари, живи статуи, комичари, штулари, тематски костимирани ликови, улични музичари и интерактивни содржини за деца.
Распоред на „ГРИН-Џ – Winter Street Festival Caravan“
25 декември (четврток) • Општина Ѓорче Петров – 17:00–20:00 часот (Реонски парк)
26 декември (петок) • Ресен – 10:00–13:00 часот (Градски плоштад „Цар Самоил“) • Општина Ѓорче Петров – 17:00–20:00 часот (Реонски парк) • Струга – 17:00–20:00 часот (Плоштад)
27 декември (сабота) • Општина Ѓорче Петров – 10:00–13:00 часот (Реонски парк) • Веро Центар Скопје – 12:00–14:00 часот • Виница – 14:00–17:00 часот (Плоштад Ангел Винички) • Берово – 18:00–22:00 часот (Плоштад Димитар Беровски)
28 декември (недела) • Веро Центар Скопје – 12:00–14:00 часот • Прилеп – 13:00–17:00 часот (Плоштад) • Охрид – 18:00–22:00 часот (Плоштад)
29 декември (понеделник) • Крива Паланка – 12:00–14:00 часот (Плоштад) • Општина Центар – Дебар Маало (Боемска 1) – 13:00–16:00 часот
30 декември (вторник) • Крива Паланка – 11:00–13:00 часот (Плоштад) • Струмица – 14:30–18:00 часот (Плоштад)
Култура
„Џез под ламба“ повторно во Центар, магична божиќна атмосфера со Мартина Елиора и нејзиниот бенд
Општина Центар на 27 декември, со почеток во 19:00 часот, ќе го одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанската амбасада.
Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во џез верзии на најпознатите новогодишни и божиќни песни во изведба на Мартина Елиора со нејзиниот бенд, но и да пробаат греано вино и печени костени.
„Ги поканувам сите љубители на добрата музика да ни се придружат и да ја споделиме божиќната атмосфера. Да ја продолжиме оваа навистина убава традиција, која му дава посебен и препознатлив шарм на Центар“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Настанот „Џез под ламба“ веќе трета година е дел од програмата за култура на Општина Центар, музички настан кој го промовира џезот и македонските изведувачи.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.

