Контакт

РЕ-Дигитал

Direct Media United Solutions го подига одлучувањето засновано на маркетинг-податоци на повисоко ниво

Објавено пред

Direct Media United Solutions продолжува да биде лидер во иновациите! На искусниот тим од медиумски професионалци им се придружува и тим од експерти и стратези за маркетинг и податоци. Покрај Маријана Агиќ-Молнар, новиот извршен директор на Direct Media, која долги години е присутна на пазарот за истражување и податоци, управувајќи со јадранскиот регион на компанијата GfK, тука се и Горан Тинтор, Миодраг Вујиновиќ, Душан Дингарац, Дарко Благојевиќ и Весна Шкаро-Петриќ. Новиот тим со себе носи посебни вештини поврзани со употреба, интеграција и анализа на различни сетови на податоци, како и темелно познавање на однесувањето на корисниците/потрошувачите на нашите клиенти. Со вклучувањето на искусниот тим со долгогодишни кариери во индустријата за истражување и податоци, Direct Media United Solutions сега може да го подигне одлучувањето засновано на податоци на уште повисоко ниво за своите клиенти. Станува збор за сосема нова услуга која другите агенции на нашиот пазар ја немаат и која ќе им помогне на клиентите подобро да ги искористат податоците со кои располагаат и да бидат поефикасни во своите маркетинг активности.

dobivaj vesti na viber

Поддршката на клиентите од страна на експертскиот тим на Direct Media ќе се рефлектира во неколку сегменти:

  • Подобро искористување и употреба на маркетинг податоците – поддршка на клиентите во поефикасно користење и интегрирање на податоците (first party data), за подобри маркетинг одлуки и мерливи резултати
  • Поголем број на конверзии и задоволни корисници – напредна сегментација и маркетинг базиран на податоци за персонализирано искуство на корисниците/потрошувачите и нивно поголемо задоволство
  • Нови приходи од малопродажни медиуми (retail media)- создавање дополнителен медиумски инвентар или монетизација на постојниот за подобра понуда на пазарот за рекламирање
  • Применливи и мерливи увиди – автоматизирано известување кое обезбедува подобар увид во перформансите и придонесува за поефективно одлучување засновано на податоци

Direct Media United Solutions е водечки агенциски систем во Југоисточна Европа, мрежа на професионалци во повеќе земји: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија, Албанија. Нашата посебна методологија го комбинира најдоброто од медиумите, креативноста, технологијата и податоците. Овој холистички пристап е движечка сила во креирањето на иновативно и ефективно рекламирање, која се заснова на медиско планирање и закуп.

 

ПР текст

Македонија

Прв национален инклузивен натпревар по роботика во Македонија

Објавено пред

Овој викенд, на 28 февруари во Скопје, се одржа првиот национален натпревар „CTRI Innovation Robot Challenge“ – едукативен натпревар по роботика и иновации, наменет за деца и млади на возраст од 6 до 14 години.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот е организиран од Здружението за развој на Технологија, Роботика и Иновации – CTRI, во коорганизација со Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, раководено од директорката Александра Јаковчевска.

Овој настан претставува историски чекор во развојот на националната STEM-сцена – за првпат во државата беше реализиран инклузивен национален роботски предизвик кој ги обедини технологијата, хуманоста и одржливиот развој во една силна образовна платформа.

Натпреварот е креација на м-р Васка Медиќ и Јованчо Зашаровски – основачи и визионери зад CTRI, кои ја создадоа првата национална инклузивна STEM-платформа каде технологијата не е само алатка, туку средство за општествена промена.

„Нашата цел беше да создадеме простор каде децата нема само да се натпреваруваат, туку ќе размислуваат, ќе создаваат и ќе учат како технологијата може да служи на луѓето и заедницата. Веруваме дека инклузивната роботика е иднината на образованието“, истакнуваат основачите Медиќ и Зашаровски.

На натпреварот учествуваа 19 тимови со над 50 директни учесници од Берово, Валандово, Скопје и Пехчево, додека настанот го посетија повеќе од 150 посетители. Натпреварот беше од отворен карактер и предизвика исклучителен интерес кај јавноста.

Децата се натпреваруваа во две возрасни категории (6–9 и 10–14 години), при што дизајнираа, градеа и програмираа едукативни роботи за да извршат јасно дефинирани мисии на натпреварувачките предизвици во ограничена временска рамка. Како основачи, посебен акцент ставивме на развојот на STEM знаења, критичко и креативно размислување, техничка функционалност, јасна презентација на решението, тимска работа и инклузија како суштинска вредност на целиот процес.

Натпреварот се реализираше преку две тематски категории што ја поврзуваат технологијата со хуманоста и одржливиот развој.

Првата категорија беше насочена кон роботски решенија за заштита на планетата и одржлив развој, каде тимовите дизајнираа роботи кои помагаат во заштита на животната средина, внимателно се движат низ чувствителни зони и носат поддршка за заедницата.

Втората категорија беше фокусирана на роботи кои поврзуваат луѓе, системи и информации – роботи како помошници, пријатели и поддршка во секојдневниот живот, со посебен акцент на пристапноста и инклузијата.

Главната порака беше јасна – вистинската технологија е онаа што ги вклучува сите.

Посебна тежина на настанот му даде фактот што истиот се одржа во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Покрај натпреварувачкиот дел, децата имаа можност да учествуваат во две тематски работилници. Здружението и училиштето овозможија интерактивна работилница за брајово писмо, каде учесниците се запознаа со тоа како децата со оштетен вид читаат и пишуваат. Ова искуство претставуваше силна лекција за емпатија, еднаквост и разбирање и ја нагласи суштината на инклузивното образование.

 

Дополнително беше реализирана работилница за научни експерименти од страна на SmartLab Kids, кои преку интерактивен пристап ја приближија науката до децата и го поттикнаа нивниот истражувачки дух. Организаторите изразуваат искрена благодарност за нивниот професионален придонес.

Во категоријата 10–14 години, првото место и титулата „Златен иноватор“ ја освои тимот ГАЛАКТИЧКИ БУРЕК, второто место „Сребрен стратег на роботика“ му припадна на БЕРОВСКИ ТЕХНОЛОГИИ, додека третото место „Бронзен технолошки лидер“ го поделија тимовите GTA BOYS и LAPTU.

Во категоријата 6–9 години, првото место „Големи иноватори“ го освои ROBOTIC’S INOVATORS, второто место „Робо-ѕвезди на иднината“ му припадна на TDM Engineers, а третото место „Млади креатори на идеи“ го освои тимот ДИГИТАЛКИ.

Специјални признанија беа доделени за Најдобар алгоритам на тимот АУТОБОТ, за Најдобра стратегија на PPK SPIKE, за Најдобра инклузија на Stitch, за Најдобра тимска работа на НАЈЈАКИ и за Иноватор на натпреварот на тимот МЕП.

„CTRI Innovation Robot Challenge не е само натпревар. Тоа е движење. Градиме генерација која размислува иновативно, работи тимски, создава решенија и верува дека технологијата треба да биде хумана, достапна и инклузивна за сите. Овој прв национален чекор е темел за идни поголеми STEM движења во Македонија“, порачуваат м-р Васка Медиќ и Јованчо Зашаровски.

Со овој настан, CTRI ја отвори вратата кон нова ера во едукативната роботика и инклузивната технолошка едукација во државата.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“

Објавено пред

По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.

Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.

Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.

Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

РЕ-Дигитал

Русија целосно ќе го блокира Телеграм

Објавено пред

Од

Русија се подготвува целосно да ја блокира популарната апликација за пораки Телеграм од 1 април, објави рускиот Телеграм канал База. Руското тело за цензура Роскомнадзор ниту ја потврди ниту ја негираше оваа информација, пишува Украинска правда.

dobivaj vesti na viber

Повикувајќи се на своите извори, База наведува дека Роскомнадзор ќе иницира целосно блокирање на апликацијата, слично на она што го направи со Инстаграм и Фејсбук. Овие социјални мрежи во сопственост на Мета се означени како екстремистички и забранети во Русија. Според истите извори, Телеграм треба да престане да работи на целата територија на Русија, и преку мобилен интернет и преку Wi-Fi мрежи.

Кога беше прашан за најавената блокада, Роскомнадзор кратко рече: „Агенцијата нема што да додаде на претходно објавените информации за ова прашање“.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија4 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија4 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија6 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија6 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија7 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија7 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија8 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија8 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија8 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија8 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет12 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет12 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет13 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет13 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа13 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет13 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет19 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет19 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет21 час

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...