Контакт

Популарно

Австралија ја прошири истрагата, Ѓоковиќ може да заврши во затвор

Објавено пред

Австралиската влада ја прошири истрагата против Новак Ѓоковиќ, откако српскиот тенисер синоќа преку подолга објава на „Инстаграм“ призна дека заразен се движел во јавност.

Австралискиот портал The Age објави дека службеници од имиграцискиот оддел ги разгледуваат постапките како прекршувањето на изолацијата од страна на Ѓоковиќ во Србија, неточните информации за патувањата што им ги дал на полицајците по пристигнувањето во Австралија и неусогласеноста на датумот со тестот за ковид. Поради сето ова, а особено поради лажењето во врска со претходни патувања, на најдобриот тенисер му се заканува затворска казна до пет години.

Министерот за имиграција, Алекс Хок, и натаму не донел одлука дали ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ, а откако беше објавено дека тој заразен се шетал меѓу луѓе, Хок ја одложи својата одлука. Тој има право да му ја одземе визата на Ѓоковиќ, што судот му ја одобри. Министерот може да го направи тоа врз онова на фактот што Ѓоковиќ лажел дека никаде не патувал 14 дена пред да пристигне во Австралија, а бил во Шпанија.

Освен тоа, Хок може да го депортира Ѓоковиќ врз основа на правило што во австралискиот закон се нарекува „сопствена проценка на личноста“.

Одлуката требаше да биде донесена денеска, но се одложи откако адвокатите на Ѓоковиќ изнесоа нови докази.

Други членови на австралиската влада сметаат дека целиот циркус трае предолго и дека Хок треба да одлучи што е можно поскоро, но изворите на The Age тврдат дека за тоа ќе бидат потребни уште неколку дена.

Тоа значи дека се уште не е јасно дали Ѓоковиќ ќе игра на „Австралија опен“, кој стартува во понеделник. Првиот меч треба да го одигра во понеделник или вторник.

Најново

Македонија8 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава9 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет10 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава10 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава10 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет11 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет11 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија12 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија12 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...