Спорт
Агонијата на Њујорк трае, Рас во трипл-дабл ритам (Видео)


Агонијата на Њујорк Никс трае и по натпреварот со Детроит. Никси го забележаа 22. пораз на последните 23 натпревари. Пистонси победија во „Медисон Сквер Гарден“ 105:92. Пистонси до победата ги предводеа Блејк Грифин (29 поени) и Андре Драмонд (17 поени, 16 скока). Кај Никс најефикасен беше Денис Смит со 25 поени.
Расел Вестбрук влезе во „луд“ ритам, Бекот на Оклахома го забележа седмиот трипл-дабл во низа. Оклахома ги победија Орландо Меџик 132:122, а Вестбрук забележа по 16 поени и асистенции и 15 скока. Најефикасен кај Тандер беше Пол Џорџ со 36 поени.
Мајами славеше над Портланд 118:108. Доминираа Двејн Вејд (22 поени, 9 скока) и Хасан Вајтсајд (28 поени, 18 скока). Кај Портланд со 33 поени се истакна Си-Џеј Мекалум.
Мемфис Гризлиси ги надиграа Минесота Тимбервулфс 108:105. Марк Гасол не играше бидејќи по мечот е трејдуван во Шарлот Хорнетс. Гризлите ги предводеа Мајк Конли со 25 и Џерен Џексон со 23 поени.
Во дербито на Истокот, Торонто Репторс славеа над Филаделфија 119:107. 24 поени постигна Каваи Ленард, четири повеќе од Кајл Лаури и Серж Ибака, кој имаше и десет скока. На Филалделфија не им помогна ниту брилијантната партија на Џоел Ембид (37 поени, 13 скока). Бен Симонс постигна 20 поени, со 7 скока и 6 асистенции, а Џими Батлер застана на 18 поени.
Бостон Селтикси немаа проблеми против Кливленд Кавалирс. Џејсон Тејтум со 25 поени ги предводеше Селтикс до победата 103:96.
ЛА Клиперс во трилер-меч ги совладаа Шарлот Хорнетс 117:115. Клиперси имаа негатива од 20 поени, а победија со кошот на Тобајас Херис постигнат на 4,3 секунди до крајот на мечот.
Херис својот последен меч во дресот на ЛА Клиперс го заврши со 34 поени, 7 скока и 5 асистенции. Херис по мечот заедно со Србинот Бобан Марјановиќ е трејдуван во Филалделфија. Покрај Херис кај Клиепрс се истакнаа Лу Вилијамс (31 поен, 6 скока) и Монтрезл Херел (16 поени, 10 скока).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

