Спорт
Атлетико со десет играчи издржа во Лондон, Марсеј сигурен против Салцбург (видео)
Шансите Арсен Венгер да се збогува со Арсенал со титула од Лигата на Европа не изгледаат најдобри по првиот меч од полуфиналето против Атлетико Мадрид, откако шпанскиот клуб издржа со 10 играчи речиси цел натпревар за да има 1:1 по првиот меч. Во второ…


Шансите Арсен Венгер да се збогува со Арсенал со титула од Лигата на Европа не изгледаат најдобри по првиот меч од полуфиналето против Атлетико Мадрид, откако шпанскиот клуб издржа со 10 играчи речиси цел натпревар за да има 1:1 по првиот меч. Во второто полуфинале, Марсеј со 2:0 го совлада Салцбург за со оптимизам да патува во Австрија.
Шиме Врсаљко можеше да биде трагичар на мечот, откако за само 10 минути доби два жолти картони и ги остави „јорганџиите“ со играч помалку на теренот на Арсенал. На домаќините им беа потребни повеќе од 50 минути да го „скршат“ отпорот на Атле, откако Александер Лаказет по одличното нафрлање на Вилшир го совлада Облак во 61. минута од мечот.
Но, Антоан Гризман уште еднаш покажа колку вреди за тимот на Диего Симеоне (кому исто така му беше покажан патот кон трибините), откако во 81. минута по една долга топка во половината на Арсенал израмни за ветувачки 1:1 пред реваншот на „Ванда метрополитано“.
Марсеј пак, сакаше да го реши двомечот со изненадувачки цврстите Ред бул Салцбург уште во првиот меч, и тоа делумно им успеа откако со пристојни 2:0 ќе патуваат на реваншот.
Флоријан Тован уште во 15. минута даде гол со глава по додавањето на Паје за водство на Французите, пред Клинтон Н’Џи да го постигне конечниот резултат во 63. минута повторно благодарение на Дмитри Паје.
АРСЕНАЛ-АТЛЕТИКО
МАРСЕЈ – САЛЦБУРГ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал нуди 50 милиони евра + Модриќ за Кулибали?
Реал Мадрид до следната сезона сака да го реши прашањето со одбраната, а како идеален нов водач на дефанзивната линија во Мадрид го сметаат Сенегалецот Калиду Кулибали (28) од Наполи. Проблемот е во тоа што Наполитанците со години одбиваат понуди за него.
„Толку многу го сакам Кулибали што за него одбив 105 милиони евра“ – изјави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.
Шпанскиот весник „El Desmarque“ пишува дека Реал Мадрид уште идниот месец ќе испрати понуда до Наполи во која ќе биде вклчен и хрватскиот ас, Лука Модриќ (34). Наводно, Реал го нуди Модриќ и 50 милиони евра за сенегалскиот дефанзивец.
Договорот на Модриќ со Кралскиот клуб истекува во јуни 2020, па на овој начин Реал би можел да профитира и на негов трансфер.
Реал за услугите на Кулибали се бори со Барселона и Тотенхем. Каталонците се обидуваат да го доведат на „Ноу Камп“ откако летоска им пропадна шансата со Холанѓанецот Матијс де Лихт.
За трансфер во Тотенхем, пак, „притиска“ новиот предводник на Спарси, Жозе Мурињо.
Спорт
Две легенди на една фотка–Дибиров и Федерер се најдоа во Дубаи

Руското лево ракометно крило, Тимур Дибиров кој веќе 6 години е незаменлив дел од играта на европскиот шампион, Вардар паузата пред ЕП ја користи за одмор со семејството во Дубаи.
Поискусните играчи во „црвено-црниот“ табор добија поштеда пред последниот меч од СЕХА лигата, па Дибиров реши семејството да го прошета на Персискиот залив.
Ракометарот таму се сретна со легендарниот тениски ас, Швајцарецот Роџер Федерер, а нивната средба остана овековечена на Инстаграм профилот на Русинот.
Спорт
Навивач загубил облог поради Миротиќ, кошаркарот му ветил 200 евра за школарина

Кошаркарот на Барселона, Никола Миротиќ е познат како голем хуманитарец, тој редовно им помага на загрозени семејства.
Навивач на Барселона од Србија му напишал на кошаркарот на неговиот Инстаграм профил дека му паднал тикетот во обложувалница затоа што токму тој не постигнал повеќе поени од предвидената граница која била во обложувалницата, а се однесувала за мечот на Барса против Алба Берлин во рамки на Евролигата.
За погодок на тикетот на младото момче му недостасувал само уште еден поен на Миротиќ, за што тој напишал дека со парите ќе можел да плати една рата од школарина.
Набрзо следувал одговор од кошаркарот кој понудил да му испрати 200 евра за да може да си ја плати ратата од школарината. Миротиќ рекол дека споменатата сума ќе ја остави на рецепцијата во хотел во Белград, веднаш штом ќе дојде во Србија.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми