Контакт

Спорт

Вардар без Мораеш и Борозан портив Рајн Некар

По паузата поради Светското првенство, ракометната Лига на шампионите се враќа со дербито на колото помеѓу Рајн Некар и Вардар. Македонските шампиони отпатуваа за Германија, каде утре (19 часот) ќе му се спротивстават на противникот, против кого во првиот дел од сезоната го совладаа во Скопје (29:27). „Сигурно дека ќе биде тежок натпревар. Рајн Некар […]

Објавено пред

По паузата поради Светското првенство, ракометната Лига на шампионите се враќа со дербито на колото помеѓу Рајн Некар и Вардар.

Македонските шампиони отпатуваа за Германија, каде утре (19 часот) ќе му се спротивстават на противникот, против кого во првиот дел од сезоната го совладаа во Скопје (29:27).

„Сигурно дека ќе биде тежок натпревар. Рајн Некар е одличен тим. Ќе видиме колку сме спремни. Не сме во добар момент, ни треба повеќе време за тренирање зашто не сме комплетни па треба да комбинираме со тоа што го имаме. Не мачат повреди на повеќемина играчи. Ќе се обидеме да играме добро и да се вратиме со добар резултат“, изјавил тренерот на Вардар Роберто Гарсија Парондо.

Вардар ќе биде хендикепиран против Рајн Некар бидејќи во тимот ќе ги нема Вуко Борозан и Рожерио Мораеш. Двајцата се уште се рехабилитираат од повредите.

На табелата во А групата, Вардар е на втората позиција со 13 бода, пет помалку од лидерот Барселона и еден повеќе од конкурентите Рајн Некар, Веспрем и Кјелце.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет2 часа

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет2 часа

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт2 часа

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет2 часа

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава2 часа

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава3 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија3 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија4 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...