Спорт
(Видео) „Македонско девојче“ ечеше на прославата на српските кошаркари во Париз
„Македонско девојче“ беше една од песните со кои српските кошаркари во Париз ја прославија освоената олимписка бронза.
Никола Јокиќ заедно со другите од репрезентацијата прославувале во кафуле во Париз, при што изнајмиле и пејач на народни песни.
Јокиќ се качи на столче и заедно со кошаркарите ја пееја македонската песна.
— o’lakovas (@turuptup) August 11, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал (не)заслужено победи во Сан Себастијан
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Реал Сосиедад, во Сан Себастијан со 2:0 во петтото коло од Ла Лига.
Избраниците на Карло Анчелоти имаа многу среќа, стигнаа до победата откако двата гола ги постигнаа од пенал, во 58-та преку Винисиус, а во 75-та преку Килијан Мбапе. Претходно, при резултат 0:0, играчите на Реал Сосиедад три пати ја погодија рамката од голот на Куртоа: Сучиќ два паѕи ја огоди стативата, а ударот на Бекер заврши во гредата.
Вкупно во првите пет кола на Реал му беа досудени пет пенали.
Сигурно во наредните денови во Шпанија ќе има полемики дали судијата Хозе Луис Мунуера донел правилни одлуки.
Првиот пат Мунуера ја досуди најстрогата казна кога домашниот играч ги крена двете раце за да се одбрани од топката која одеше директно во неговото лице лице, по ударот на Арда Гулер.
Немаше дилема за судијата – играње со рака и пенал за гостите.
Вториот пенал е контраверзен, бидејќи играчот на Сосиедад, Аранбуру, згазна на ногата на Винисиус дури но откако Бразилецот се ослободи од топката и испрати пас до соиграч.
Впечаток е дека неговиот старт воопшто не се одрази на играта на Бразилецот во тој момент.
🚨Another Penalty for Real Madrid pic.twitter.com/kNwjffrEiA
— KinG £ (@xKGx__) September 14, 2024
Спорт
(Видео) Борнмут го надигра Челзи, но три бода им припаднаа на „сините“
Фудбалерите на Челзи го совладаа Борнмут на гостински терен со резултат 1:0 во натпревар од четвртото коло на Премиер лигата.
Во поголемиот дел од натпреварот фудбалерите на Борнмут беа поконкретни, но не успеаја да го совладаат Роберто Санчез.
Шпанецот му одбрани пенал во 37. минута на Еванилсон.
Бразилецот кој пристигна од Порто како замена за Доминик Соланке два пати потоа ја погоди стативата.
Како одминуваше натпреварот, така се зголемуваа и тензиите. И двајцата менаџери заработија жолт картон, а судијата Оливер вкупно покажа 14 жолти картони.
Мечот го реши Нкунку, кога издржа дуел со двајца дефанзивци и успеа даго совлада голманот на Борнмут.
Спорт
(Видео) Баерн го прегази дебитантот Кил – Мусијала погоди во 14.секунда
Фудбалерите на Баерн Минхен убедливо ги совладаа дебитантот во Бундеслигата, тимот на Холстен Кил со резултат 6:1 (4:0). Баер е единствениот тим во лигата со три победи во исто толку натпревари од почетокот на сезоната.
Првиот гол по само 14 секунди игра го постигна Џамал Мусиала. Асистент беѓе Хари Кејн, кој до крајот на мечот постигна три гола.
Интересно, голот на Мусиала не е најбрзиот во историјата на Бундеслигаа. Првото место го делата Карим Белараби и Кевин Фоланд, и двајцата постигнаа голови во деветтата секунда, во сезоните 2014/2015. односно 2015/2016 година.
Предноста на Баерн ја удвои Кејн со својот прв гол на натпреварот во седмата минута, а потоа во 13. минута Ремберг си постигна автогол за 0:3.
Кејн го постигна својот втор гол на две минути пред паузата, а Олисе ја комплетираше „петардата“ на Баварците во 65-та.
Утешниот гол за Холстен Кил го постигна играчот од средниот ред на Босна и Херцеговина, Армин Гиговиќ во 82. минута, но тука не беше крајот.
Хари Кејн од пенал го комплетираше хет-трикот во првата минута од судиското надополнување.