Спорт
Влаховиќ си заминува од Јувентус

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ нема да потпише нов договор со Јувентус, пренесува „Газета дело Спорт“.
Влаховиќ во вторник го слави својот 25 роденден, додека италијанските медиуми пишуваат дека тој нема да ја продолжи соработката со „Старата Дама“.
Пред точно три години пристигна од Фиорентина за 70 милиони евра плус бонуси, а доколку нема изненадувања во последните денови од рокот, до понеделник Влаховиќ и Јуве ќе треба да се потрудат да коегзистираат уште половина година.
Договорот на Влаховиќ истекува во 2026 година, па доколку не си замине сега, најреално е тоа да го направи на лето.
И поради големата плата (во моментов инкасира 10,5 милиони годишно), и поради фактот што Јуве ќе се обиде да заработи нешто од трансферот.
Ситуацијата многу потсетува на онаа со Федерико Киеза минатото лето, кој на крајот замина во Ливерпул.
Оваа сезона беше доста турбулентна за српскиот напаѓач, кој постигна 12 гола на 26 натпревари во сите натпреварувања.
Претходните дербија против Милан и Наполи ги почна од клупата и влезе во финишот, а според се Тијаго Мота планира повеќе шанса да му даде на новајлијата од Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Светскиот шампион ќе ја пропушти и трката во Остин
Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Мартин, кој веќе се повлече од првите две трки сезонава поради повреда, потврди дека ќе ја пропушти и Големата награда на САД.
„Имам проблеми, рехабилитацијата не оди толку брзо колку што би сакал. Би сакал да бидам во Остин, но нема да можам да се тркам. Не знам дали ќе бидам и во Катар (13 април). Се уште е рано”, изјави тој на прес-конференција во Мадрид.
Мартин се повреди за време на претсезонското тестирање во Малезија во февруари и мораше да оди на операција на раката, а потоа доживеа уште една несреќа за која беше потребна дополнителна операција.
Тој ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд, а ќе ја пропушти втората во Аргентина овој викенд.
Спорт
(Видео) Бернман го искрши болидот на првиот тренинг

Со слободните тренинзи во Мелбурн парк започна новата сезона во Формула 1. Најбрзи беа Ландо Норис на првиот и Шарл Леклер на вториот тренинг.
Стартот на сезоната го обележа инцидентот на новиот возач на Хас, Оливер Берман. Тој направи почетничка грешка во десеттиот свиок и го искрши својот болид. За среќа возачот мина без повреди.
Првиот тренинг му припадна на Норис со 1:17.252 минути. Одлични беа возачите на Вилијамс, Саинц заврши втор, а Албон на шестото место. Луис Хамилтон во Ферари првиот тренинг го финишираше на 12. место.
Lando Norris topped the timesheets in FP1 for McLaren 👏
Here's the final FP1 classification 👇#F1 #AusGP pic.twitter.com/4Mqeps5bGu
— Formula 1 (@F1) March 14, 2025
Вториот тренинг му рипадна на Леклер (1:16.439 минути) пред возачите на Мекларен, Пјастри и Норис, изненади Јуки Цунода со четвртото место, а Хамилтон беше петти.
Берман го пропушти тренингот, во неговиот Хас е ставен нов мотор и нов менувач.
Charles goes quickest in second practice 💨
Here's the final FP2 classification 👇#F1 #AusGP pic.twitter.com/Mw4VZSp99V
— Formula 1 (@F1) March 14, 2025
Спорт
Челси „преку ноќ“ се договори со големиот талент на Спортинг
Челзи „преку ноќ“ го договори првото засилување за претстојниот преоден рок, пренесува Фабрицио Романо. Џовани Куенда, 17-годишниот португалски талент кој игра за Спортинг, се согласи да премине во лондонскиот клуб.
За неговите услуги наводно биле заинтересирани Манчестер јунајтед и други англиски клубови, за сума од околу 50 милиони евра.
Куенда ќе игра уште една сезона во Спортинг, а потоа ќе му се приклучи на Челси. Не е познато колку Челзи ќе плати за младиот Португалец.
Според „Трансфермаркт“, Куенда вреди 30 милиони евра. Тој веќе некое време е стандарден во првиот тим на Спортинг, а со само 17 години веќе забележа 43 настапи за постигна два гола и седум асистенции.