Спорт
Втора победа на ШК „Алкалоид“ на Европскиот клупски куп во шах
Во второто коло на Европскиот клупски куп во шах, „Алкалоид“ извојува нова победа над екипата Raika Rapid Feffernitz од Австрија. Текот на мечот покажа дека нема лесни противници, па, така, по три часа игра, резултатот на мечот беше нерешен, со три реми на првата, втората и на четвртата табла: кај Андреикин, Шанкланд и Криворучко.
Највозбудлива партија беше онаа на Андреикин, каде што велемајсторот од „Алкалоид“ жртвуваше фигура за напад, а противникот успеа да ги најде единствените потези и партијата заврши реми со вечен шах. Потоа, со сигурна игра и победа, Владислав Ковалев донесе водство за „Алкалоид“. Следуваа цели поени за Панчевски и Инаркиев до конечни 4,5:1,5 во мечот.
По одиграни две кола, 16 екипи (од вкупно 66 клуба што учествуваат) имаат максимални 4 бода.
Во третото коло ШК „Алкалоид“ за противник ја има екипата Mednyi Vsadnik од Санкт Петербург, Русија – минатогодишниот шампион. Мечот, секако, ќе биде дерби на колото и еден од најважните мечеви за „Алкалоид“ на целиот турнир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

