Спорт
Гоце Георгиевски: Мојата љубов кон спортот и упорноста пресудија да студирам на Американскиот универзитет на Европа – ФОН

Образованието е дел од градењето на карактерот на секој професионален спортист
Да си професионален спортист и истовремено да го надградуваш своето образование е значително напорен предизвик и сериозен потфат. Патот кон достигнување успешна кариера и градење на личниот карактер со проширувањето на своето знаење воопшто не е лесен. За секојдневните тренинзи, патувања и натпревари, како и за завршување на високо образование за време на професионалната кариера, освен совршено балансирање со времето како фактор, дефинитивно се потребни два клучни аспекти: голема желба и концентрација. Таков спортист со исклучителен ментален склоп и одлучност е ракометното репрезентативно крило, Гоце Георгиевски,кој за време на својата професионална кариера во спортот запиша додипломски студии на Американскиот универзитет на Европа – ФОН.
Кои студии ги имате одбрано и која е вашата цел со завршувањето на студиите?
Образованието и дополнителното стручно усовршување е дел од градењето на карактерот на секој професионален спортист. Затоа јас ја одбрав студиската програма спорт и спортски менаџмент, на модулот спорт и физичко образование. Мојата цел по завршувањето на студиите e да го пренесувам своето знаење за спортот на помладите генерации и да се надградам во областа на спортскиот менаџмент, во смисла на правилно менаџирање во спортот.
Сите знаеме дека животот како професионален спортист е напорен. Зафатен сте со подготовки, тренинзи, натпревари, патувања. Како успевате да најдете време и за надградување на вашето образование?
Да, навистина моите професионални обврски не ми дозволуваат многу слободно време. Но, јас тоа го знаев и пред запишувањето на студиите. Морам да нагласам дека мојата голема желба и љубов кон спортот, како и упорноста на крајот пресудија да се запишам и да студирам на Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Навистина сум среќен што досега одлично ги координирам своите обврски со спортот и студирањето. Секако, треба да напоменам дека имам огромна поддршка и од професорскиот кадар на Факултетот за спорт и спортски менаџмент, коишто знаејќи ги моите професионални обврски секогаш се флексибилни и ми излегуваат во пресрет.
Зошто го одбравте АУЕ – ФОН и кои се неговите предности во однос на другите македонски универзитети?
АУЕ – ФОН е најдобриот универзитет во Македонија. Се разликува од другите универзитети по стручноста на професорскиот кадар и квалитетот на студиските програми. Но, она што мене особено ми се допаѓа е пристапот на споделување на навремени и точни информации за студентите, со што го прави полесен патот и начинот за студирање.
Наскоро почнува процесот на запишување на средношколците на факултет. Што би им препорачале на матурантите, зошто да се запишат на АУЕ – ФОН универзитетот?
Сите оние коишто се наоѓаат на животна раскрсница и не знаат каде да студираат, им препорачувам дефинитивно да не размислуваат и да го одберат Американскиот универзитет на Европа – ФОН. За мене АЕУ – ФОН е избор број 1 затоа што универзитетот ги нуди најсовремените услови за студирање во нашата земја и посветува доволно внимание и време на студентите, сè со цел за нивно стручно надоградување и развивање, во што и јас самиот се уверив.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пике му се извини на Хамилтон, доби забрана за посета на Ф1 боксовите

Трикратниот светски шампион, Нелсон Пике јавно се извини на седумкратниот шампион Луис Хамилтон за расистичкиот израз во интервју дадено минатиот ноември, посочувајќи дека зборот кој го користел е „изваден од контекст“. Покрај ова, „ЕСПН“ јавува дека поради инцидентот, Формула 1 шампионатот ќе му забрани посети на боксовите во следните трки.
69-годишниот Пике го нарече Хамилтон „црнче“ коментирајќи го судирот на Хамилтон со Макс Ферстапен (инаку момче на неговата ќерка Кели) на минатогодишното Британско ГП, кога Британецот го истурка Ферстапен од патеката. Иако интервјуто беше дадено минатата недела, тоа стана контроверзно вчера, по што Хамилтон побара казна за Пике.
Пике се извини, но посочи дека тој збор „Neguinho“ нема расистички конотации во Бразил.
„Би сакал да ги разјаснам приказните кои циркулираат во медиумите за коментар кој го дадов на интервју минатата година. Тоа што го кажав беше лошо изразено, и не сакам да го бранам, но сакам да објаснам дека тој термин историски се користи во бразилскиот португалски јазик со години како синоним за ‘момче’ или ‘личност’ и беше кажано без намера за навреда. Никогаш не би го користел зборот за кој ме обвинија во некои преводи. Ги отфрлам тврдењата дека зборот беше искористен за да се навреди возач поради неговата боја на кожата. Се извинувам на сите кои се почувстуваа навредени, вклучувајќи го и Луис, кој е неверојатен возач, но преводот за кој ме обвинуваат не е точен“, се вели во изјавата на Пике.
Спорт
Ѓоковиќ го декласираше Кокинакис за два часа

Актуелниот шампион, Новак Ѓоковиќ, покажа дека е подготвен за одбрана на титулата, откако во второто коло на Вимблдон со 6:1/6:4/6:2 го декласираше Австралиецот Танаси Кокинакис.
Србинот почна фуриозно, правејќи предност од 3:0 во првиот сет, кој на крајот го освои за само 31 минута игра. Кокинакис беше постабилен во вториот сет, но еден брејк во третиот гем беше доволен за Ѓоковиќ да дојде до 2:0 предност во сетови, по што во третиот сет продолжи со одличната игра за комплетирање на лесната победа.
Следен противник на Ѓоковиќ може да биде неговиот сонародник, Миомир Кецмановиќ, кој во второто коло имаше 2:1 предност во сетови против Чилеанецот Алехандро Табило.
Ѓоковиќ сега нема пораз на Вимблдон неверојатни 1.812 дена, односно последен пат загуби од сега веќе пензионираниот чешки тенисер, Томаш Бердих на 12 јули 2017 година.
Финалистот од Ролан Гарос, Каспер Руд, пак испадна во второто коло, губејќи со 3:6/6:2/7:5/6:4 од Французинот Иго Умбер.
Спорт
Челси се фокусира на Калиду Кулибали

Англискиот премиерлигаш Челси ќе бара квалитетни засилувања за одбраната во Италија. Доколку не успее во намерата да го доведе Матијс де Лихт од Јувентус, тогаш втора опција на менаџерот Томас Тухел е Калиду Кулибали од Наполи.
По заминувањето на Андреас Кристенсен и на Антонио Рудигер, раководството на Челси се обидува да доведе квалитетни замени во одбранбениот бедем.
Сенегалецот Кулибали има договор со „наполитанците“ до следното лето, па Челси би можел да го доведе во овој трансфер прозорец за релативно добра цена.
За Кулибали имаше интерес и од Барселона, но се чини дека каталонскиот клуб полека се откажува од трката.