Спорт
Доделен автомобилот од првата етапа од наградната игра на „Моцарт“
Заврши првата етапа од големата наградна игра на „Моцарт“ обложувалници, ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА, а на уплатното место во Неготино вчера го доделија првиот „фиат 500“.
Орце Груев од Неготино со добитен тикет и најголема квота од 18,270 ќе го вози прекрасниот автомобил „фиат 500“, а покрај тоа може и да се пофали со одлична парична добивка!
Наградната игра не завршува тука, бидејќи играчите во „Моцарт“ обложувалници имаат 4 шанси за 4 автомобили! Во тек е втората етапа каде победникот со најголема квота ќе освои „фиат 500“. Истата награда го чека и победникот од третата етапа, додека во последната, четврта етапа, најдобриот ќе го освои автомобилот „џип компас“.
Првата етапа почна на 30.08.2019, а траеше до 30.09.2010. Во тек е втората етапа во која учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 9:00 часот на ден 01.10.2019 година до 21:00 часот на ден 31.10.2019 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.
Во третата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 9:00 часот на ден 1.11.2019 година до 21:00 часот на ден 30.11.2019 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.
Во четвртата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 9:00 часот на ден 1.12.2019 година до 21:00 часот на 5.01.2020 година и истите учествуваат само во оваа етапа.
По завршување на секоја етапа од наградната игра, системот се рестартира при што квотите од секоја завршената етапа не се префрлуваат и не учествуваат во која било следна етапа. Квотите со почеток на секоја нова етапа се бришат. Добитниот тикет со најмалку четири одиграни парови со најголема квота, покрај добивката, ќе биде награден и со еден од автомобилите „фиат 500“ или „џип компас“.
Минималната уплата по тикет изнесува 20 денари. Во случај двајца играчи да погодат идентична квота, предност има оној играч кој прв го уплатил тикетот. Во пресметка за награда не влегуваат системските тикети и тикетите со еден промашен пар кои остваруваат право на бонусот „Промаши, а наплати“ и Live Bet тикетите.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Вулверхемптон не се предава, го победи Ливерпул
Фудбалерите на Вулверхемптон, приредија уште една сензација во Премиер лигата. Откако одиграа 2:2 со Арсенал, успеаја да го победат Ливерпул со 2:1 (0:0) во 29-то коло од Премиер лигата.
Ливерпул пропушти шансата да се искачи на третото место, во самиот финиш „црвените“ израмнија, благодарение на Мохамед Салах, но домаќините го зададоа последниот удар.
Мрежите мируваа до самиот крај на натпреварот, кога домашните први се заканија и поведоа во 78-та минута, кога Родриго Гомес погоди за 1:0.
Ливерпул брзо одговори, само пет минути подоцна, израмни Салах.
Иако се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат, Вулверхемптон успеа да ги изненади гостите од Ливерпул во судиското продолжение. Беше 94-та минута Андре го совлада Алисон и му обезбеди триумф од 2:1 на својот тим.
Последнопласираната екипа на табелата, која и по вечервашната победа има само 16 бода, покажа квалитет и силен карактер, и сосема заслужено го победи актуелниот шампион на Англија.
Ливерпул разочара и остана на петтата позиција со 48 бода, со три бода помалку од Астон Вила и Манчестер Јунајтед, директни конкуренти во борбата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Премиер лига, 29-то коло
Вторник:
Борнмут – Брентфорд 0:0
Евертон – Барнли 2:0 (1:0)
(Тарковски 32, Дјусбери-Хол 60)
Лидс – Сандерленд 0:1 (0:0)
(Дијара 70п)
Вулверхемптон – Ливерпул 2:1 (0:0)
(Гомес 78, Андре 90+4 – Салах 83)
Среда:
20.30 Астон Вила – Челзи
20.30 Брајтон – Арсенал
20.30 Фулам – Вест Хем
20.30 Манчестер Сити – Нотингем Форест
21.15 Њукасл – Манчестер Јунајтед
Четврток:
21.00 Тотенхем – Кристал Палас
Спорт
Вардар 1961 избори место во осминафиналето во Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 ја победија Бенфика во Лига Европа со 33:27 и обезбедија место во осминафиналето во ова натпреварување. Црвено-црните можат и до директен пласман во четвртфиналето, доколку во последната рунда не загубат во Мелсунген.
Вардар 1961 44 минути ја бркаше негативата од пет гола, од првиот меч во Лисабон. Имаа црвено-црните четири гола предност во првито дел, но Бенфика успеа да се консолидира и на полувреме се замина со резултат 15:14.
Црвено-црните подобро го отворија и вториот дел, потребната предност ја стекнаа во 44-та минута, а веднаш потоа се одлепија и на седум гола (27:20).
Бенфика се обиде да се врати во мечот, имаа Португалците 28:24 во 55-та минута, но Вардар 1961 го одби тој напад и на крајот славеше со шест гола.
Малус со девет и Воркапиќ со осум гола го предводеа Вардар 1961 до големата победа.
Foto/ rkvardar.com.mk
Спорт
(Видео) Барселона победи, Атлетико оди во финалето
Барселона, во полуфиналниот реванш во Купот на Кралот, го победи Атлетико Мадрид со 3:0, но не успеа да се пласира во финалето. Пресудна се покажа предноста на „јорганџиите“ од првиот меч (4:0). Барселона нема да го брани трофејот, а Атлетико се пласира во своето прво финале по 2013 година.
Реваншот на „Камп Ноу“ се одвиваше според предвиденото сценарио. Барселона константно вршеше притисок кон голот на Хуан Мусо (се истакна Аргентинецот со неколку изворедни одбрани), а Атлетико своите шанси ги бараше во контранападите.
Домашните фудбалери упатија 21 удар кон голот на Мусо, девет од нив одеа во рамките на голот, изведоа 14 корнери, но постигнаа само три гола. Атлетико, упати осум удари кон голот на Џоан Гарсија, два од нив во рамките на голот.
Бедемот на Атлетико беше непробоен до 30-та минута, кога Јамал испрати центаршут, а на два метри од голот Брнал, кој остана сам ја спроведе топката до мрежата. На истекот на првиот дел, голема шанса за Атлетико промаши Лукман, а во следниот напад Барселона доби пенал. Сигурен реализатор беше Рафиња.
Имаше Барселона неколку панси во вториот дел, Мусо беше одличен на голот, но капитулираше во 72-та минута кога повторно погоди Бернал.
До крајот двата тима имаа свои шанси кои не ги реалзиираа.
Атлетико во финалето ќе игра против победникот од баскиското дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао. По првиот меч Сосиедад има предност 1:0.
Foto/ EPA

