Спорт
ЗЕГИН вторпат организира хуманитарна трка

Компанијата ЗЕГИН минатата година за прв пат на територијата на Општина Аеродром ја организираше хуманитарна трка “ЗЕГИН СПЕКТРАТОН – трка на херои во сите бои”, каде речиси 2000 граѓани трчаа во име на хуманоста.
Со собраните средства од котизациите на сите учесници и со дополнителна донација од 50.000 евра од Фондацијата “Д-р Верица Механџиска” се помогна за реконструкција на првиот регионален социјален клуб за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.
Трката “ЗЕГИН СПЕКТРАТОН” беше препознаена како една од најдобрите социјално-одговорни практики за 2024 година.
ЗЕГИН како една од најголемите општествено одговорни компании одлучи и во 2025та година во фокус да ги стави лицата со аутизам и да ја продолжи мисијата за помош на оваа категорија на граѓани.

Оваа година повторно трчаме километри полни љубов и хуманост со трки од 10км, 5км, штафетна трка, како и детски трки од 150, 300 и 500м.
Датумот на трката е закажан за 23 Март со почеток во 09.00 часот, а стартот на трката е пред паркот Јане Сандански во Општина Аеродром.
За сите учесници следуваат одлични стартни пакети, а за најдобрите во сите категории предвидени се и награди.
Не ја пропуштајте можноста да трчате, да се поврзете со истомисленици и заедно да оствариме уште една голема хумана мисија!
Резервирајте го вашето место на следниов линк
https://trka.zegin.com.mk/mk/events/zegin-spectrathon-2025/register
Пријавувањето е отворено до 16 март
За сите детали околу овој голен хуманитарен настан можете повеќе да се информирате на социјалните мрежи
Facebook https://www.facebook.com/zegintrka
Instagram https://www.instagram.com/trka_zegin/
Се гледаме на стартната линија!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гудуриќ херој, Фенербахче ја освои Евролигата

Кошаркарите на Фенербахче го победија Монако 81:70 и втор пат во клупската историја ја освои титулата во Е вролигата.
Турскиот клуб со брилијантна партија во второто полувреме дојде до највредниот клупски трофеј во европската кошарка.
Монако подобро влезе во натпреварот, рано имаа играчите на Спанулис предност од девет поени, но целосно потфрлија во финишот на втората и стартот на третата четвртина.
Монако шест ипол минути не постигна коша од игра, Фенер направи серија 15:1 и тука ја најави победата.
Во вториот дел се „појави“ Марко Гудуриќ, кој постигна 17 од своите 19 поени. Најефикасен со 23 поени беше Најџел Хејс-Дејвис. Двоцифрени кај Фенер беа и Вејд Болдвин и Девон Хол со по 13.
Шарунас Јасикевичиус им се приклучи на великаните Светислав Пешиќ, Лоло Саинц и Арменак Алачачан. Литванецот успеа да ја освои европската титула и како играч и како тренер.
Спорт
Играчите на АЕК не сакаат да излезат на теренот

Одложен е почетокот на реваншот меѓу Алкалоид и АЕК. Се очекуваше некаква провокација од грчкиот табор и таа дојде уште пред натпреварот да започне.
Грчките ракометари не скаат да излезат на теренот се додека нивните навивачи не влезат во салата „Борис Трајковски“.
Челниците на АЕК една ваква игра веќе одиграа во полуфиналето, против Партизан. Тогаш тврдеа дека нема услови за игра во Белград, не излегоа на теренот и на крајот издејствуваа мечот да се игра на неутрален терен без публика. На крајот во пенал серијата изборија пласман во финалето.
Инаку, Алкалоид првиот меч во Атина го доби со 29:25 и се наоѓа на чекор до трофејот во ова натпреварување.
Спорт
Провокација пред финалето: Играчите на АЕК не сакаат да излезат на теренот

Одложен е почетокот на реваншот меѓу Алкалоид и АЕК. Се очекуваше некаква провокација од грчкиот табор и таа дојде уште пред натпреварот да започне.
Грчките ракометари не скаат да излезат на теренот се додека нивните навивачи не влезат во салата „Борис Трајковски“.
Челниците на АЕк една вава игра веќе одиграа во полуфиналето, против Партизан. Тогаш тврдеа дека нема услови за игра во Белград, не излегоа на теренот и на крајот издејствуваа мечот да се игра на неутрален терен без публика. На крајот во пенал серијата изборија пласман во финалето.
Инаку, Алкалоид првиот меч во Атина го доби со 29:25 и се наоѓа на чекор до трофејот во ова натпреварување.