Спорт
И недобитните тикети носат добивки во „Sport Life“

Во периодот од 18 октомври до 19 декември во Sport Life и недобитните тикети, добиваат.
Со акцијата под името Втора шанса за милион, со еден промашен тип на тикетот, останувате во игра со погодените коефициенти на другите натпревари. Играчот со најголем збирен погоден вкупен коефициент во времетраење на акцијата, добива 1.000.000 денари, а за останатите 4 прворангирани играчи следуваат поени за подароци од СЛ маркетот.
Акцијата важи за членовите на СЛ клубот, така што со приложување на СЛ клуб картичката при уплатата на тикетите, тие ќе можат да учествуваат во Втора шанса за милион денари. Доколку двајца или повеќе играчи на крајот на кампањата имаат ист збирен најголем погоден вкупен коефициент, за прв ќе се смета оној кој има најголем број тикети со еден промашен натпревар. Акцијата ги опфаќа сите тикети со најмалку три натпревари на кои има еден промашен пар: несистемски тикети (со една комбинација, системските не се во конкуренција), тикети од обложување во живо и микс тикети.
„За тикетите со еден промашен тип, играта не застанува! Доколку сте член на SL клубот добивате ексклузивното право за учество во Втора шанса за милион, како и за многу други поволности и добивки.“ истакнуваат од Sport Life.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аврамовски го држи Кајсериспор во елитата – денеска со две асистенции
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Даниел Аврамовски (26) е еден од најзаслужните за денешниот бод што турскиот тим на Кајсериспор го освои на домашен терен против екипата на Генчербирлиги – мечот заврши 2-2.
Аврамовски асистираше при двата погодока за својата екипа, во 39 минута одлично додаде до Педро Енрике за 1-0, а во 80 минута запиша нова асистенција до соиграчот Парлак за конечни 2-2.
Неговата екипа на 6 кола до крајот е на со +2 бода од екипите кои следната сезона ќе се натпреваруваат во понизок ранг.
Македонскиот играч од средниот ред сезонава има 19 настапи за турскиот тим, се уште без погодок.
Еве ја деталната статистика на Аврамовски по денешниот меч:
Графика: SofaScore за Топспорт.мк
Спорт
На Зидан му фали „пола“ тим, против Кадиз ќе биде и без Модриќ

Реал Мадрид утре му гостува на тимот на Кадиз во рамки на 31. коло од Ла лига. Тренерот на Кралскиот клуб, Зинедин Зидан не може да смета на добар дел од стандардните фудбалери, а сега на листата отсутни се најде и Лука Модриќ.
Серхио Рамос, Лукас Васкез, Тони Крос, Феде Валверде и Еден Азар не конкурираат за овој меч поради повреди или болест, а францускиот стратег против тимот од долниот дел од табелата реши да настапи и без Хрватот.
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација почувствувал болка во грбот во текот на денешниот тренинг, јавуваат шпанските медиуми.
Добра вест за Реал е има повратници во тимот – се очекува настап на Рафаел Варан, Дани Карвахал, Начо Фернандес и Касемиро.
За овој меч Зизу повика и четворица фудбалери од Реал Мадрид Б – Виктор Чус, Серхио Арибас, Антонио Бланко и Мигел Гутиерес.
Спорт
Гвардиола: Лига без испаѓање не е спорт – зошто го нема Ајакс, имаат 4 титули!

Формирањето на фудбалската Суперлига го здрма фудбалскиот свет откако се открија детали за начинот на натпреварување, но и на финансирање.
Реакцијата на поголемиот дел од фудбалските навивачи беше бесна. Се очекуваше ставот на кормиларот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола затоа што „граѓаните“ се еден од основачите на Суперлигата.
Гвардиола признава дека лига без испаѓање не е спорт, но рече дека засега не е запознаен со деталите.
„Искрено, ние тренерите на овие екипи не сме вистинските луѓе кои треба да коментираме, затоа што само претседателот на тој комитет има јасна идеја за иднината на фудбалот. Јас можам да го дадам своето мислење. Не е спорт кога не постои однос помеѓу напорот и успехот. Не е спорт ако успехот е загарантиран и не е спорт ако не е битно дали победувате или губите. Би сакал претседателот на оваа група на целиот свет да му објасни зошто е ова направено. Не знам зошто се одбрани баш овие тимови, Ајакс има 4 титули шампион на Европа, каде се тиа“ – рече Гвардиола.
Шпанскиот тренер смета и дека „Не е фер еден тим да се бори да дојде до врвот и тогаш да не може да се пласира затоа што успехот им е загарантиран на неколку клубови“.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?