Контакт

Спорт

Кјелце го добива Вуко Борозан, но во 2020 година

Според полскиот портал „ВП спортове факти“, полскиот шампион Кјелце веќе го договорил трансферот на уште еден играч на Вардар, Црногорецот Вуко Борозан, иако тој има валиден договор со европскиот шампион до 2020 година.
24-годишниот Борозан во македонс…

Објавено пред

Според полскиот портал „ВП спортове факти“, полскиот шампион Кјелце веќе го договорил трансферот на уште еден играч на Вардар, Црногорецот Вуко Борозан, иако тој има валиден договор со европскиот шампион до 2020 година.

24-годишниот Борозан во македонскиот клуб се трансформираше во еден од најдобрите играчи на светот, а лани со Вардар ја освои и европската титула. Според полските извори, трансферот ќе почека до 2020 година бидејќи Сергеј Самсоненко веќе ги исплатил парите.

Менаџер на Борозан е Саша Братиќ, кој исто така ги застапува интересите на Лука Циндриќ, кој веќе има билет за Полска. Двајцата ги започнаа кариерите во хрватскиот Карловац, а потоа играа и во Металург.

Фото: ЕПА



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Црвено-црн дебакл, Вардар елиминиран од Пјуник

Вардар, минатата сезона, имаше блескава сезона во Лига Европа, успеа да стигне до главата фаза, но во актуелната сезона европскиот пат го заврши во првото коло. Црвено-црните не успеаја да го мина ерменски Пјуник во дво мечот. Првиот меч во Ерменија му…

Објавено пред

Вардар минатата сезона имаше блескава сезона во Лига Европа, успеа да стигне до главата фаза, но во актуелната сезона европскиот пат го заврши во првото коло. „Црвено-црните“ не успеаја да го минат Пјуник од Ерменија во двомечот. Првиот меч во Ерменија му припадна на Пјуник 1:0, а вечерва во Скопје постигна гол повеќе и славеше со 2:0.

Шок-терапијата и отказот што во понеделникот му беше врачен на тренерот Бобан Бабунски не ги раздвижи фудбалерите на Вардар, кои слично како и на првиот меч во Ереван одиграа потпросечен натпревар.

„Црвено-црните“ во првиот дел не создадоа ниту една шанса за гол, сериозно не се ни заканија кон голот на Пјуник, напротив, гостите се тие што беа поблиску до постигнување гол.

Се чини дека шансата за пласман во втората рунда Вардар ја прокоцка на почетокот на второто полувреме кога Барсегјан двапати не успеа да постигне гол, во 47. и 51. минута.

Кога Вардар ги пропушти своите шанси, повторно завладеа летаргија во играта на „црвено-црните“, а Пјуник трпеливо ја чекаше и ја дочека својата шанса во 85. минута кога Балде го постигна првиот, а три минути подоцна истиот играч стави точка на натпреварот и мизерното издание на Вардар.

Елиминацијата на Вардар само го заокружи катастрофалото издание на македонските претставници во Лига Европа оваа сезона бидејќи во вторникот, во првото квалификациско коло, беа елиминирани Шкупи и Работнички.

фото: fkvardar.mk

Прикажи повеќе...

Спорт

Убиен спортскиот миленик на Казахстан

Казахстанецот Денис Тен, кој на Олимписките игри во Сочи во 2014 година, освои бронзен медал во уметничко лизгање, бил убиен во Алмати, соопштија казахстанските власит.
25-годишниот Тан, бил усмртен од двајца крадци кои се обидувале да му ги украдат ре…

Објавено пред

Казахот Денис Тен, кој на Олимписките игри во Сочи во 2014 година освои бронзен медал во уметничко лизгање, бил убиен во Алмати, соопштија казашките власти.

25-годишниот Тан бил убиен од двајца крадци што се обидувале да му ги украдат ретровизорите на автомобилот. Несреќниот спортист неколкупати бил прободен со нож.

Тан бил хоспитализиран, но изгубил многу крв и починал по три часа кога бил примен во болницата во Алмати.

„Ужасно е ова што се случи. Ова е голама тага за неговите родители и за сите оние што го познаваа Денис. Сите многу го сакаа и почитуваа“, рекол министерот за спорт и култура на Казахстан, Арјастанбек Мухамедиуи.

Тан има освоено медали и на светските шампионати, има сребро во 2015 и бронза во 2015 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Видал е подготвен да го напушти Баерн

Баерн Минхен е подготвен да го продаде Чилеанецот Артуро Видал, објави „Билд“. Интерес за 31-годишниот фудбалер покажале Челси и Манчестер јунајтед.
Видал пристигна во Минхен од Јувентус во 2015 година и со Баерн освои три титули во домашното првенство…

Објавено пред

Баерн Минхен е подготвен да го продаде Чилеанецот Артуро Видал, објави „Билд“. Интерес за 31-годишниот фудбалер покажале Челси и Манчестер јунајтед.

Видал пристигна во Минхен од Јувентус во 2015 година и со Баерн освои три титули во домашното првенство, но не успеа да направи позначаен резултат во Лигата на шампионите.

Според „Билд“, Видал исто како и Хуан Бернат и Џером Боатенг, не се наоѓа во плановите на новиот тренер Нико Ковач.

Истиот извор тврди дека Челси и Манчестер јунајтед биле подготвени да платат 30 милиони фунти за неговиот трансфер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Македонија8 часа

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Македонија8 часа

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање...

Македонија9 часа

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната...

Македонија9 часа

(Видео) Ахмети: Очекувам решение во наредните денови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите...

Македонија9 часа

(Видео) Касами: Државата е во критична состојба

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи со процесот за евроинтеграции, изјави...

Топ9 часа

Обвинение за три лица што тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело трговија со дете, а...

Топ10 часа

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации што...

sovetnicka, vlada, dolg sovetnicka, vlada, dolg
Македонија11 час

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“,...

Македонија12 часа

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија...

Македонија13 часа

(Видео) Четворицата лидери пристигнаа на средбата во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта. На средбата учествуваат...

Македонија13 часа

Нема фер пристап на референдумот ако цензусот се книжи како „против“

Поважно од карактерот на референдумот е фактот дали политичките партии ќе ги почитуваат резултатите, велат експретседателот на Собранието, Стојан Андов,...

Македонија14 часа

Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска

Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца...

Македонија15 часа

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет15 часа

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион15 часа

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет15 часа

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата...

Европа16 часа

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија1 ден

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција?

По завршувањето на лидерската средба, на која присуствуваа претставници на политичките партии за договарање на деталите за референдумот, премиерот и...

Досие