Спорт
Ларсон: Шведска е подобра без Ибрахимовиќ
На легендата на шведскиот фудбал, Хенрик Ларсон му е доста од дискусијата дали Златан Ибрахимовиќ требаше да биде дел од шведската репрезентација на СП во Русија, велејќи дека тоа што тој не е во тимот може да се покаже како плус.
Ибрахимовиќ неколку п…


На легендата на шведскиот фудбал, Хенрик Ларсон му е доста од дискусијата дали Златан Ибрахимовиќ требаше да биде дел од шведската репрезентација на СП во Русија, велејќи дека тоа што тој не е во тимот може да се покаже како плус.
Ибрахимовиќ неколку пати посочуваше дека е подготвен да се врати од пензија во репрезентацијата и да помогне во Русија, но шведската федерација реши да го остави 36-годишниот ветеран на страна. Ларсон, сега вели дека тоа е исправна одлука.
„Тој е најдобриот фудбалер од Шведска, така што не е чудно што се појавуваат тие прашања. Но, за групата мислам дека е добро што тој не е таму и што може да се фокусираат на работата пред себе. Сите новинари уште зборуваат иако тој не е тука. Физички подготвен Златан, пред неговата последна повреда би бил совршен за секој играч. Но, сега е време да се покажат Ола Тоивонен и Маркус Берг“, вели Ларсон.
Тој исто така застана во одбрана на 23-годишниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Виктор Линделоф, кој оваа година доби многу критики за неговата игра.
„Не мислам дека тој страдаше во Јунајтед, но треба да му се даде време. Тој е одличен дефанзивец кој знае да ја чита играта и е многу брз. Следната сезона сигурно ќе биде подобар“, додава Ларсон.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Л’Екип: ПСЖ почна преговори со Маркус Рашфорд!

Пари Сен-Жермен се подготвува за шокантен трансфер на Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, тврди спортскиот весник „Л’Екип“, кој додава дека веќе се почнати преговори со неговите агенти.
Оваа вест доаѓа неколку часа откако тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, на прес-конференција изјави дека Мауро Икарди и Арно Калимуендо можат да бараат нови клубови бидејќи клубот „ќе потпише со нов напаѓач“.
24-годишниот Рашфорд цела кариера е во клубот од своето детство Манчестер јунајтед, и има договор од уште една сезона со опција за уште една. Меѓутоа, неговата форма минатата сезона беше загрижувачка, со само 5 гола во 32 настапи во сите натпреваруваа. Според изворите на „Л’Екип“, Рашфорд бара нов предизвик, но уште нема официјални контакти меѓу двата клуба.
Манчестер јунајтед, пак, тешко дека ќе се реши на продажба на фудбалерот кој има 93 гола во 303 меча за клубот од 2016 година, бидејќи и така имаат недостаток на напаѓачи во тимот, а иднината на Кристијано Роналдо уште е неизвесна.
À la recherche d’un renfort en attaque, le PSG a ciblé l’international anglais Marcus Rashford, sous contrat avec Manchester United jusqu’en 2023 https://t.co/vTlcvBGLQc pic.twitter.com/c000W8suUZ
— L’ÉQUIPE (@lequipe) August 11, 2022
Спорт
Тајсон Фјури со својот татко отиде на Исланд да се „тепа“ со Тор, двајцата завршија во паб

ВБЦ шампионот во тешка категорија, непоразениот Тајсон Фјури заедно со неговиот татко Џон (инаку во младоста познат како боксер без ракавици), отпатуваа на Исланд со желба да го предизвикат Тор Бјорнсон во неговата вежбалница, но наместо тоа завршија во паб со предизвик за поранешниот најсилен човек на светот.
„Џипси кинг“ се обидува да договори егзибициски меч против Исланѓанецот, кој стана познат по својата улога во „Игра на тронови“, и биле во неговата вежбалница во Копавогур, документирајќи ја посетата на Инстаграм.
„Знаете каде сум луѓе? Исланд. Го бараме Тор. Излези и тепај се како маж. Сега, Тор, ако сакаш нешто од ‘Џипси кинг’ ќе дојдеш во Моркамб на аџилак. Се гледаме наскоро“, вели 33-годишниот Фјури во снимката.
По ова, тој реши да се опушти на Исланд, купувајќи си викиншка капа и посетувајќи ги локалните пабови.
Бјорнсон одговори од Италија.
„Во моментов сум во Рим, снимам филм, уживам во животот. И погодете што се случи? Тајсон Фјури се обиде да ме најде, но јас не сум таму. Тајсон, ако си сериозен, твојот тим нека ми прати договор. Тогаш јас ќе те најдам. Ќе дојдам по тебе, не се грижи“, одговори Тор.
This man never stops ????@Tyson_Fury has travelled to Iceland to meet @ThorBjornsson_ face-to-face… there was just one small problem ????
????: Tyson Fury / Thor Bjornsson pic.twitter.com/x4Xa1flrH5
— Boxing on BT Sport ???? (@BTSportBoxing) August 11, 2022
Спорт
Јувентус го комплетираа трансферот на Филип Костиќ

Јувентус и официјално потпишаа договор со Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт во договор „тежок“ 17 милиони евра, откако српскиот интернационалец ги помина медицинските тестови во Торино.
Костиќ пристигна утрото во Италија, по што ги помина сите тестови и потпиша договор, кој е потврден и во регистарот на Лега Серија А. Јуве го победија Вест хем за потписот на Костиќ, кој не беше дел од тимот на Ајнтрахт кој вчера загуби со 2:0 од Реал Мадрид во Суперкупот на УЕФА во Хелсинки.
Тој лани со Ајнтрахт стигна до титулата од Лига Европа, постигнувајќи 7 гола и 15 аситенции во 43 мечеви. Како дел од неговиот договор, Јувентус се согласи да го прати бекот Лука Пелегрини на позајмица во бундеслигашот.
#Juve, #Kostic firma autografi dopo aver completato le visite mediche pic.twitter.com/k6ltmCHlxb
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) August 11, 2022
Visite mediche ???? pic.twitter.com/tzMBBwQNsj
— JuventusFC (@juventusfc) August 11, 2022