Спорт
Македонците триумфираа со „еден – два” победа на интернационалната FIA CEZ трка на Twingo CUP во Гробник

Фантастични интернационални резултати забележаа македонските Twingo CUP возачи изминатиов викенд. Демонстрираа квалитет, успеаја да се искачат на врвот и достоинствено да ја претстават нашата држава.
Со својот маестрален настап на тркачката патека Гробник, Хрватска, за прв пат нашите Twingo Cup возачи се искачија на подиумот во генерален пласман во конкуренција со 32 возачи од неколку земји. На Гробник се возеа викендов две трки, а на втората имаше целосна доминација на македонските возачи.
Особено драматична и возбудлива беше втората трка на која Марко Блажевски и Давид Малинковски, иако тргнаа од четвртиот ред на стартот, по 25 минути возење на целта стигнаа на првите две места. Постојано беа меѓу најдобрите 8, се пробиваа низ патеката, и меѓусебе се поддржуваа. Таа тимска работа на крај им донесе и радост.
Марко Блажевски е првиот Македонец кој триумфираше на FIA CEZ трката на Twingo CUP , зад него беше Давид Малинковски, додека, пак, трет зад нив беше Унгарецот Лантос. Во текот на целата трка Блажевски и Малинковски беа во линија со водечките, го чекаа моментот и последните кругови Блажевски откако го презеде водството остана таму до крајот.
Воедно ова беше и финална трка на втората сезона на Twingo CUP каде трофејот за првото место му припадна на Давид Малинковски со вкупно 122 бода. Малинковски сезонава имаше четири победи на осум трки, Блажевски победи двапати, а по еднаш Мартин Костовски и Владимир Тренески.
Второто место во генерален пласман сезона му припадна на младиот Мартин Костовски со освоени вкупно 82 бода, додека пак трет е Ангелче Стојковски со освоени 80 бода.
За следната година, во третата сезона на Twingo Cup планирано е возење на патеките на Серес – Грција, Гробник – Хрватска, Словакиаринг – Словачка, Red bull Ring -Австрија каде македонските Twingo CUP возачи ќе се борат за главната награда а тоа е 100% Renault Twizy .
Голема благодарност до нашите пријатели поддржувачи: Renault, Аутомотив Груп, Шпаркасе Лизинг, ПСС и Триглав осигурување, како и до Лема Рејсинг тим за успешната соработка.
Во продолжение ви ја претставуваме комплетната листа на бодови на сите натпреварувачи.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL