Контакт

Спорт

На „Визер – Скопски маратон“ в недела ќе трчаат 7.000 луѓе од 40 земји

Објавено пред

Седумнаесеттиот „Визер – Скопски маратон“ ќе се трча в недела, 3 октомври, а пријавени се околу 7.000 луѓе од 40 земји од светот.

Стартот на полумаратонот, маратонот и на штафетниот маратон ќе биде во 8 часот, а стартот на трката на 5.000 метри е во 8.10 часот од платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Натпреварувачите ќе трчаат од стартот по улицата Бледски договор до булеварот Илинден, десно по булеварот до крстосницата со улицата Љубљанска и по неа право на „Московска“, па десно по улицата Војвода Васил Чакаларов, на крајот од улицата се врти полукружно назад, кога ќе се вратат кај студентскиот дом „Гоце Делчев“, се продолжува право по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, по улиците Димитрие Чуповски, 11 Октомври, Крушевска република, Трета македонска бригада, Фрањо Клуз, булеварот Јане Сандански до крајот (раскрсницата со булеварот Србија), пред семафорот со булеварот Србија се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по булеварот Јане Сандански, „Фрањо Клуз“, „Трета македонска бригада“, „Крушевска република“, „11 Октомври“, по „Димитрие Чуповски“ до раскрсницата десно на булеварот Свети Климент Охридски до булеварот Илинден, лево кај Владата на Република Северна Македонија до целта, платото пред СЦ „Борис Трајковски“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Фергусон го „гаси пожарот“ во Јунајтед, бил виден во тренинг центарот!

Објавено пред

Манчестер Јунајтед се наоѓа во сериозна резултатска криза, а голем дел од одговорноста се префрла на сметка на тренерот Оле Гунар Солскјер.

Во последните 5 кола во Премиерлигата, „црвените ѓаволи“ освоија само 1 бод, а по неделниот дебакл на „Олд Трафорд“ од најголемиот ривал Ливерпул (0:5) сите очи се вперени кон раководството на клубот од каде се очекува преземање на чекори за излез од ситуацијата.

Најголем дел од фановите бараат смена на менаџерот, но по два дена од мечот, Солскјер е се уште со тимот.
Англиските медиуми пишуваат дека се во тек разговори за иднината на Норвежанецот во Манчестер, а дел од преговорите е и легендата на клубот, Сер Алекс Фергусон.

Прославениот менаџер денеска бил виден како влегува во тренинг центарот „Карингтон“ во друштво на екс-претседателот Мартин Едвардс. Наводно Фергусон е за опцијата неговиот поранешен ученик да продолжи на кормилото на клубот.

Неофицијално, таа опција ја поддржува и потпретседателот на Јунајтед, Ед Вудворд кој заедно со директорот Ричард Арнолд имал средба со претседателот на клубот, Џоел Глејзер.

Состаноците продолжиле и денеска, во присуство на популарниот Ферги, а се уште не е познат крајниот епилог.

Се шпекулира дека Антонио Конте е можен наследник на Солскјер. Италијанецот моментно е без ангажман.

Дефинитиво норвешкиот стратег е под огромен притисок, но се чини дека тој ќе седи на клупата на викенд пресметката со Тотенхем.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кари и Бриџис – најдобри во првата НБА недела во новата сезона

Објавено пред

Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари и крилниот кошаркар на Шарлот Хорнетс, Мајлс Бриџис се најдобрите играчи во првата недела во НБА лигата во новата сезона.

Кари е прогласен за играч на неделата на Западот, додека Бриџис е најкорисниот кошаркар на Истокот.

Во првите три меча Кари беше фантастичен, а Вориорси дојдоа до три победи. Тој уфрлуваше во просек по 31 поен, надополнети со 9 скока и 7 асистенции.

Бриџис, пак, исто така запипа три триумфи, со просек од 25 поени и 8 скока.

Прикажи повеќе...

Спорт

Завршува кошмарот за Серхио Рамос

Објавено пред

Шпанскиот фудбалски интернационалец, Серхио Рамос конечно ќе се приклучи на тренинзите на тимот на ПСЖ и ќе конкурира за настап во лидерот на табелата во Лига 1.

Според информациите на француските медиуми, Рамос конечно стигна до точка на опоравување при што ќе може да почне со индивидуални тренинзи, а наскоро да дојде и неговото деби за парискиот клуб.

Рамос потпиша двегодишен договор со „Светците“ на почетокот на јули годинава. Тогаш лекарите на ПСЖ по петчасовни испитувања утврдија дека Шпанецот иако има 35 години, неговото тело е физички подготвено како 25-годишник.

Сепак, поради повреда на листот на левата нога, Рамос се уште не ги запишал првите минути во неговиот нов клуб.

Фудбалските портали сета таа ситуација ја опишуваат како кошмар за дефанзивецот, а повеќето од нив пишуваат дека ПСЖ погрешиле што го довеле во Париз.

Со 35 години и 22 трофеи со Реал Мадрид на речиси 900 професионални натпревари, Рамос доживува невиден пад на активностите затоа што во 2021 година има одиграно само 7 натпревари.

Последниот настап го имаше на 5. мај во полуфиналето во ЛШ против Челси.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија4 часа

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија5 часа

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија6 часа

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Македонија7 часа

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија во моментот им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Oд таму додаваат дека Авганистанците...

Македонија9 часа

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е...

Македонија9 часа

Зимското сметање на времето почнува в недела, вечерта пред локалните избори

Зимското сметање на времето почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за...

Свет9 часа

(Видео) Двајца загинаа, а четворица повредени во пукање во трговски центар во САД

Две лица загинаа, а четворица, од кои еден полицаец, се повредени во пукотница во трговски центар во градот Бојси, во...

Македонија10 часа

Во моментот активни над 6.100 случаи на коронавирус во Македонија

Бројот на заразени од коронавирус изнесува 6.187 лица и бележи зголемување во однос на претходната недела. Според епидемиолошки анализи во...

Свет11 час

ЕМА ја одобри вакцината на „Модерна“ како трета доза

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 како трета доза за лица над 18 години....

Регион1 ден

Рама: Ако Западен Балкан не може во ЕУ, нека дојде ЕУ на Балканот

Влезот на Западен Балкан во Европската Унија се чини дека е привремено замрзнат, но ако регионот не може да се...

Македонија1 ден

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија1 ден

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет1 ден

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија1 ден

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група...

Свет1 ден

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет1 ден

Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со...

Свет1 ден

Тедрос: Пандемијата нема да се доведе до крај додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрјесус, изјави дека пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена. „Ги имаме...

Досие