Контакт

Спорт

Пелегрини е новиот менаџер на Вест Хем јунајтед

Чилеанецот Мануел Пелгрини денес го стави својот потпис на тригодишниот договор со Вест Хем јунајтед.
Искусниот тренер на клупата на „чеканите“ го наследи Дејвид Мојс кој по само шест месеци го напушти клубот. Вест Хем јунајтед сезоната ја заврши на 13…

Објавено пред

Чилеанецот Мануел Пелгрини денес го стави својот потпис на тригодишниот договор со Вест Хем јунајтед.

Искусниот тренер на клупата на „чеканите“ го наследи Дејвид Мојс кој по само шест месеци го напушти клубот. Вест Хем јунајтед сезоната ја заврши на 13.место.

Пелегрини изминатите две години работеше во Кина, во екипата на Хебеи.

Во Премиер лигата, Чилеанецот има освоено титула со Манчестер сити во 2014 година. Пелгрини, во кариерата, тренирал неколку екипи во Чиле, а во Европа бил тренер на Виљареал, Реал Мадрид и Малага.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Нема „лек“ за болката на ППД Загреб – Целје со важна победа

Објавено пред

Предводен, иронично, од хрватскиот репрезентативец Јосип Шарац, Целје успеа да стигнe до 31:27 победа на гости кај ППД Загреб, за да си ги зголемi шансите за пласман во топ 6 во групата А во ЕХФ Лигата на шампионите и во исто време да ги оставi „плинарите“ без победа во овогодишното натпреварување.

Со многу загубени топки, само Матеј Ашанин на голот спречи домаќините да не загубат со поголема разлика.

Ова е втора победа во низа за Целје над Загреб, откако триумфираа со два гола разлика во текот на викендот. Шарац на крајот заврши со 10 гола, додека Филип Вистороп имаше шест гола за ППД Загреб.

Прикажи повеќе...

Спорт

Турција се квалификуваше на Евро 2020 по ремито со Исланд (видео)

Објавено пред

Турската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство во 2020 година и покрај тоа што „лутиот“ реванш против Исланд на „Турк телеком“ во Истанбул заврши само 0:0.

Турците не им простија на Исланѓаните за „необичниот“ пречек на гостувањето во Рејкјавик, кога ги обвинија домаќините дека ги „малтертирале“ на аеродромот, по што загубија со 2:1, но сега и ремито без голови им носи сигурен пласман од групата Х. Инаку, исландската химна беше пречекана со свирежи.

Турците сега се на првото место на табелата со 20 поени, еден повеќе од Франција, која ја пречекува Молдавија, додека Исланд ги губи шансите за пласман.

Ова е петти пат Турција да се квалификува на Европското првенство, по 1996, 2000, 2008 и 2016, додека имаат и три пласмани на Светските првенства, во 1950, 1954 и 2002 година.

ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ, ГРУПА Х

Турција – Исланд 0:0

Франција – Молдавија 21.00 ч.

Албанија – Андора 21.00 ч.

Табела:  1.Турција 20, 2.Франција 19, 3.Исланд 16, 4.Албанија 12, 5.Андора 3, 6.Молдавија 3

Прикажи повеќе...

Спорт

Пеле: Меси е најкомплетниот фудбалер на светот

Објавено пред

Кога те фали Пеле, тоа значи дека навистина си добар. Легендата на бразилскиот фудбал вели дека Лионел Меси е најкомплетниот фудбалер на светот и дека би сакал да имал шанса да игра покрај него.

Во интервју за „Ла газета дело спорт“, 79-годишниот Пеле ги именуваше Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар како тројцата елитни фудбалери на денешницата, но признава дека неговиот омилен фудбалер е Меси.

„Размислувам често за Лео Меси. Се работи за фудбалер со вештина, кој знае да асистира, да дава голови, да дрибла. Да бевме во ист тим заедно, противниците ќе беа многу загрижени со двајца такви фудбалери. Денеска, Меси е најкомплетниот фудбалер“, вели Пеле.

Но, тој исто така вели дека жали што нема повеќе првокласни фудбалери во модерната фудбалска ера.

„Порано, ќе најдеше двајца-тројца во секоја земја со голема фудбалска култура. Еузебио, Антонио Симоес, Јохан Кројф, Франц Бекенбауер, Диего Марадона, Гаринча, Диди… Колку кажав? Порано ги имаше толку многу. Денеска имаме два-тројца и тоа на цел свет. Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар, кој за жал уште не стана голем лик во Бразил“, објаснува Бразилецот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура2 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија3 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион4 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија6 часа

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет8 часа

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија10 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија10 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија10 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија10 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет11 час

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа12 часа

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија13 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион23 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет24 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион1 ден

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија1 ден

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Досие