Контакт

Спорт

Рашфорд ги реши Лестер (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед забележаа минимална победа над Лестер во рамките на 25 коло во Премиер лигата. Оле Гунар Солскејр ја забележа деветтата победа на десетиот меч како менаџер на „црвените ѓаволи“ Манчестер Јунајтед победата ја обезбедија во раната фаза на натпреварот кога Маркус Рашфорд во деветата минута го совлада Каспер Шмајхел. Напаѓачот на Јунајтед […]

Објавено пред

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед забележаа минимална победа над Лестер во рамките на 25 коло во Премиер лигата. Оле Гунар Солскејр ја забележа деветтата победа на десетиот меч како менаџер на „црвените ѓаволи“

dobivaj vesti na viber

Манчестер Јунајтед победата ја обезбедија во раната фаза на натпреварот кога Маркус Рашфорд во деветата минута го совлада Каспер Шмајхел.

Напаѓачот на Јунајтед одлично реагираше по одличното додавање од Пол Погба. Рашфорд го постигна деветтиот гол оваа сезона.

Манчестер Јунајтед со натпревар повеќе го минаа Арсенал на петтото место на табелата. Арсенал подоцна во дербито на колот ќе игра против Манчестер сити.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Рома три пати промаши ист пенал и загуби од Лил

Објавено пред

Првите натпревари од второто коло во Лига Европа, го обележа натпреварот на „Олимпико“ во Рим. Рома три пати промаши еден ист пенал и загуби од Лилсо 0:1.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите на лил поведоа во шестата минута, кога грешката во одбраната на Рома ја казни Харалдсон.

Она што го обележа натпреварот се случи во 82-та минута. ВАР и додели пенал на Рома, одговорноста ја презеде Довбик. Голманот Озер го одбрани пеналот, но излегол пред време од гол-линијата и Довбик доби нова шанса.

Повторно Озер му го одбрани ударот на Украинецот, но повторно пред време ја напушти гол-линијата. Третиот пенал го изведе Суле, Озер го одбрани и овој удар.

После тоа, Лил успеа да ја задржи предноста и да ги однесе бодовите за Франција.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Пораз на Шкендија од Рајо Ваљекано

Објавено пред

Македонскиот шампион Шкендија со пораз стартуваше во главната фаза во Конференциската лига. Вечерва во Мадрид, Рајо Ваљекано ја порази Шкендија со 2:0.

dobivaj vesti na viber

На „Ваљекас“, Рајо мечот го реши во првите половина час, во интервалот од 28-та до 32-та минута.

Унаи Лопез го постигна првиот, а Фран Перез вториот гол.

Овој резултат остана до крајот на натпреварот, најмногу поради голманот на Шкендија, Геје, кој во вториот дел имаше неколку изворедни интервенции.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Медиумите за Јамал: Треба да разбере дека се уште не е ѕвезда

Објавено пред

Најпопуларните шпански медиуми го критикуваат Ламин Јамал по поразот на Барселона од Пари Сен Жермен (1:2) во второто коло од Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

Иако има само 18 години тоје е еден од најдобрите играчи на Барселона. Медиумите во овој случај немаа милост кон неговата младост, во коментарите беа исклучително остри.

Радио „Марка“ оцени дека Јамал „сè уште не треба да се смета себеси за ѕвезда“.

„АС“, вели дека „младата ѕвезда“ сè уште „има многу да подобри“ во својата игра и покрај неговиот неоспорен талент.

„По одличното прво полувреме во кое делеше додавања и асистенции како да нема утре, тој исчезна во вториот дел од натпреварот, играше несмасно и без идеи. Јасно е дека мора многу да се подобри ако сака да ја освои Златната топка следната година“.

„Мундо Депортиво“, инаку каталонски медиуми, беше малку поблаг, но конкретно го истакна фактот дека Јамал мора да најде начин да игра на исто ниво во текот на целиот натпревар.

Јамал постигна два гола и запиша четири асистенции во пет натпревари оваа сезона.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Камион излета од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков е во прекин за сите возила...

Македонија8 часа

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по...

Македонија9 часа

Членка на Судскиот совет користела патни трошоци иако немала право: МВР поднесе кривична пријава

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и...

Македонија9 часа

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката  

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе...

Македонија10 часа

(Видео) Костовски и оваа изборна кампања ветува поликлиника во Бутел: За два месеца, ќе почне да се гради, за 18 месеци ќе да биде завршена

За два месеца, ќе биде поставен камен-темелник за нова поликлиника во Бутел, а ќе биде изградена за 18 месеци, најавија...

Македонија10 часа

(Видео) Редиците пред шалтерите треба да бидат минато, целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, најави Мицкоски

Живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок. Западен Балкан не...

Македонија13 часа

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари, кој води до страницата на...

Свет15 часа

Трамп бара универзитетите да го ограничат запишувањето странски студенти ако сакаат федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што ги содржи условите за добивање преференцијален пристап...

Свет15 часа

Израелски министер: Палестинците што ќе останат во градот Газа ќе се сметаат за терористи

Израелската влада им нареди на сите преостанати Палестинци да го напуштат градот Газа. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, рече...

Свет15 часа

Финскиот премиер предупредува на руски закани за цела Европа

Европската Унија треба да преземе невидени овластувања за да се одбрани од сè поизразените закани од Русија, изјави финскиот премиер,...

Свет15 часа

Г7: Ќе ги таргетираме оние што ќе продолжат да купуваат руска нафта

Министрите за финансии на Г7 изјавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија, таргетирајќи ги земјите...

Македонија15 часа

(Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена Грета Тунберг

Израелските сили се качија на неколку бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ и ги превезоа активистите во израелско пристаниште, разбивајќи протест...

Свет1 ден

Орбан предупредува: Една грешка и Европа гори

Третата светска војна може да започне во секое време ако една од големите сили направи грешка, изјави унгарскиот премиер Виктор...

Македонија1 ден

Сијарто: ЕУ применува двојни стандарди кон Македонија и Србија, а Украина се турка на сила

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Европската унија очигледно применува двојни стандарди кога станува збор за...

Свет1 ден

Украина може да го порази Путин со беспилотни подводни дронови, тврди пензиониран американски генерал

Русија може да биде протерана од Украина доколку се употребат експлозивни подводни дронови, тврди еден од водечките пензионирани американски генерали,...

Македонија1 ден

Поради пад на температурите, грејната сезона почнува две недели порано

АД ЕСМ информира дека од утре, 2 октомври, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во...

Топ1 ден

Крадци отворале паркомати на повеќе локации во Скопје

Денеска, во полицијата од Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ било пријавено дека во раните утрински часови две лица со употреба...

Македонија1 ден

„Политико“: Бугарија би можела да му се придружи на Орбан во блокадата на Украина, за да го зачува ветото кон Македонија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел да најде поддршка од повеќе земји во обидот да ја задржи блокадата за...

Македонија1 ден

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Студирањето во својата земја е најдобар избор

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил...

Македонија1 ден

Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е...