Контакт

Домашен

Ристо Вуков Рико сигурен во новата сезона на автомобилски трки со „Халк осигурување“

Објавено пред

Нашиот автомобилист Ристо Вуков Рико, македонски шампион и шампион во Отвореното првенство во Србија, добива сè подобри позиции на пласманите и трките во рамките на Порше карера-купот со својот тим ГДЛ Рејсинг. Изминатиот период по воведните два одлични настапа во Муџело и Мизано, Рико се подготвува за возење на легендарната патека Имола во Сан Марино.

„Дисциплината, вниманието и истрајноста се дел од одликите кои се важни за добри резултати и повисоки достигнувања. По извозените трки и освоени 7 бода, внимателно се подготвувам за новата трка на патеката Имола во Сан Марино. Брзата патека ќе ја возам со посебен однос и почит, но уште повеќе со сигурност бидејќи Халк осигурување застанува зад мене и овозможува сигурност, која ми дава поттик за подобри успеси“, изјави Рико.

„Сè повеќе ја разбираме потребата за заштита од ризици, осигурување за себе, семејството, имотот, работата и сè повеќе наши клиенти се одлучуваат да градат партнерски односи на долги патеки. А ние во Халк осигурување сакаме да помогнеме да живееме бар со една грижа помалку. Оттука и поддршката што Халк осигурување ја обезбедува за Рико. Осигурувањето, кое е нужно за природата на неговата професија, чести патувања, здравје, автомобилско и каско-осигурување и многу повеќе, е сегмент за кој знаеме дека е потребна грижа, во која Халк осигурување нуди олеснување“, изјавија од Халк осигурување.

На 29 август (сабота) на трката во Имола посакуваме брзина, сигурност и повисоко место на таблата со повеќе поени, а ние ќе го бодриме и гледаме на нашите мали екрани, додадоа од Халк осигурување.

 

(ПР текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Триатлон првенство на 20 септември во Дојран

Објавено пред

Националното првенство во триатлон во Дојран ќе се одржи на 20 септември, недела.

Натпреварувањето, кое ќе се бодира за шампионат на Македонија во триатлон, е во организација на Триатлон федерацијата на Македонија и на Општина Дојран. Помагатели се Агенцијaта за млади и спорт и Олимпискиот комитет на Северна Македонија.

На настанот ќе има над 80 учесници во 12 категории.

Организаторите ги повикуваат сите учесници на настанот, без исклучок, да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

„Носењето маска, пред и по трката, е задолжително. Избегнувајте групирање, одржувајте физичка дистанца и редовно дезинфицирајте ги рацете на пунктовите што ќе бидат поставени за таа цел“, апелираат организаторите.

Прикажи повеќе...

Домашен

Љуљзим Вренези утре ќе ја прими наградата „8 Септември“ за животно дело

Објавено пред

Во Кристалната сала на македонското Собрание, утре во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2020 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници.

Љуљзим Вренези е овогодишниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план.

Наградите со коишто се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и Ѓорги Вучков.

Прикажи повеќе...

Домашен

На Авицена Женската трка, освен првопласираните, победи и почитувањето на мерките против Ковид-19

Објавено пред

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и А.К. Работнички, а под покровителство на Град Скопје, денеска се одржа Авицена Женска трка. Трката се трчаше според специјалниот протокол кој што беше одобрен од Комисијата за заразни болестипри Министерството за здравство.

Со целосно почитување на мерките за заштита на здравјето и правилата на протоколот, учесничките истрчаа трка од 3 километри, со држење на дистанца и без групирање, со задолжителното носење на маски пред и по трката, редовна дезинфекција на раце и направен термален скрининг. Тие ја стартуваа трката пред главниот влез на А1 Арена -СЦ Борис Трајковски од 8:30 часот, потоа трчаа лево до подвозникот кај Хотелот Александар Палас, каде штосвртеа десно во Градскиот Парк каде што патеката беше уредно означена со конуси и траки. Волонтерите ги насочуваа учесничките до самата цел во Градскиот Парк зад Ботаничката Градина.

Оваа година прогласувањето на победничките на Авицена Женска Трка се одржа онлајн поради мерките за безбедност и грижа за здравјето против Ковид-19. Резултатите покажуваат дека од вкупно 500 учеснички, прва до целта стаса Милјана Ристиќ за 10 минути и 34 секунди , веднаш по неа е Весна Кираџиевакоја ја истрча патеката за 11 минути и 25 секудни, а на третото место според брзината на трчањето е Виолета Шестаков со 11 минути и 47 секунди.

Конечните резултати од победничките и учесничките можат да се проследат на следниот линк.

Овој пат освен победничките, победија и дисциплинираноста на учесничките и нивното почитување на мерките и протоколот, а победија и организаторите на Авицена Женска Трка поради безбедното спроведување и организација на трката во време на пандемија.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет5 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија6 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ7 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија9 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија10 часа

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија11 час

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија11 час

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија11 час

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион12 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет13 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија13 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион13 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија14 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет14 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет14 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија14 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ15 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа15 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет15 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Досие