Контакт

Популарно

Руска атлетичарка пронајдена мртва покрај патот каде што тренирала

Објавено пред

Руската атлетичарка Маргарита Плавунова (25) била пронајдена мртва покрај пат, откако ѝ се слошило за време на тренинг.

Трагедијата се случила додека трчала во местото Мошанск, каде што била во посета на нејзината баба.

Телото покрај патот го пронашле случајни минувачи.

Локалниот атлетски сојуз соопшти дека причина за смртта е срцев удар, додека извештаите на локалните медиуми тврдат дека причината за нејзината ненадејна смрт е големото оптоварување за време на тренингот, пренесува британскиот „Дејли мирор“.

Според очевидци, Плавунова одеднаш паднала за време на тренингот во регионот каде што била на летување. На местото на трагедијата ја пронашле локални жители, кои повикале брза помош, но лекарите не можеле да направат ништо за да ѝ го спасат животот.

Маргарита била повеќекратна студентска и регионална шампионка во дисциплината 60 метри со пречки, а се натпреварувала и на 100 и 400 метри со пречки.

Покрај атлетиката, таа се занимавала и со манекенство.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Нексе за возачи кои користат сигурносен појас

Објавено пред

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер активно се вклучи во кампањата на Републички совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносниот појас од страна на возачите и патниците.

Ракометната еуфорија што деновиве ја зафати Битола во очекување на натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе од Нашице имаше своја „епизода“ и на битолските улици.

„Возачите и патниците кои ги почитуваа прописите и правилата во сообраќајот и кои веќе го имаа ставено појасот беа изненадени и станаа добитници на билети за натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе, а некои од посреќните добија и дрес или маица од македонските репрезентативци и од претставниците на клубот“, информираат од РСБСП.

Во оваа акција учествува спортскиот директор на РК Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски, и македонските репрезентативци Никола Митревски и Гоце Ојлески, претседателот на РСБСП – Гордана Кожуваровска, Саше Гилевски – началник на сектор за превенција на СВР Битола и претставници на општинската организација на Црвениот крст од Битола.

Прикажи повеќе...

Популарно

Со 30 денари до 200.000 денари – одличен викенд во „Спорт лајф“

Објавено пред

Викендов „Спорт лајф“ регистрираше 2 тикета со неверојатни добивки. Со уплата од 31 денар играч од Скопје-Север успеа да оствари добивка над 200.000 денари, додека вториот играч во Битола оствари бонус од над 70.000 денари за добивка од скоро исто така 200.000 денари.

Играчот на едниот тикет уплатен во Скопје-Север, добро се „испотил“ очекувајќи го резултатот од натпреварот Барселона – Леванте каде очекуваниот трет гол му доаѓа дури во последната минута, а кај мечот Маинц-Баерн, гостинската екипа го постигна победничкиот резултат од 1:3 уште во првото полувреме, за потоа во второто полувреме ниту една екипа да не постигне погодок, како да играле според типувањето на играчот, 2 & 2-4 гола, за кого изминатиот викенд се покажа кало одличен.

Во вториот случај се работи за Битолска мајсторија! Добитниот тикет со 14 погодени пара со солиден коефициент, достигнува бонус од 70.329 денари или околу 1.100 евра. Дополнителниот „Празничен бонус“ од „Спорт лајф“, кој можат да го добијат членовите на СЛ клубот со нивната СЛ клуб картичка, на овој играч му донесе 56% бонус за вкупна добивка од 195.918 денари.

Покрај бонуси, со СЛ клуб картичката играчите на „Спорт лајф“ добиваат поени за подароци од СЛ маркетот за секој одигран тикет и уплата регистрирани на картичката, како и право да учествуваат во голем број наградни акции и игри со добивки како што е Типстер купот, кој оваа година некому ќе му донесе стан на Водно.

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Популарно

(Видео) „Драга кошарко“: Писмото со кое Брајант се прости од својот омилен спорт

Објавено пред

Кошаркарската легенда Коби Брајант (41) синоќа загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија заедно со неговата 13-годишна ќерка Џијана. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, во инцидентот, покрај нив, животот го загубиле уште седум лица.

Светските медиуми во чест на големиот мајстор на кошаркарската игра, популарнот „Црна мамба“, потсетуваат на неговата поема, која во ноември 2015 година ја објави во The Players’ Tribune како писмо до својот најомилен спорт, најавувајќи го со него повлекувањето од професионалната кошарка што официјално се случи во 2016.

Ова е текстот од познатата поема на Коби:

 

Драга кошаркo,

Од моментот
Кога почнав да ги мотам во клопче чорапите на татко ми
И со нив шутирав замислени,
Шутеви за победа
Во полна сала во Калифорнија
Знаев дека една работа е вистинска:

Се заљубив во тебе.

Љубов толку длабока што ти дадов сè –
Од моите ум и тело
До мојот дух и душа.

Како шестгодишно момче
Со голема љубов
Никогаш не го гледав крајот на тунелот.
Се гледав само себеси
Како излегувам од тунел (пред почетокот на натпревар).

И така трчав.
Трчав напред-назад по секој терен
По секоја загубена топка, само за тебе.
Ти од мене бараше труд
Јас ти го дадов целотo срце
Бидејќи беше многу повеќе.

Играв во пот и болка
Не зошто барав предизвици
Но затоа што Ти ме повика.
Направив сè за Тебе
Затоа што така се постапува
Кога некој ќе направи да се чувствуваш
Толку жив, како што
Ти ме направи мене.

Му го даде на шестгодишното момче сонот за Лејкерси
И јас секогаш ќе те сакам за тоа.
Но, не можам да те сакам толку жестоко многу долго.
Оваа сезона е сè што ми остана за давање.
Моето срце може да ги поднесе дуелите
Мојот ум може да се справи со борбата за секоја топка
Но, моето тело знае дека е време да се збогуваме.

И тоа е добро.
Подготвен сум да те пуштам.
Сакам да го знаеш ова
За и двајцата да можеме да уживаме во сите моменти кои сме ги минале заедно.
Добрите и лошите.
Се дадовме еден на друг
Со сè што имаме.

И двајцата знаеме, без оглед што ќе правам следно
Јас секогаш ќе бидам тоа дете
Со замотаните чорапи,
Корпа во ќошот
Пет секунди на часовникот
Топката е во моите раце.
5… 4… 3… 2… 1

Те сакам засекогаш,
Коби

 

Врз основа на овој текст во 2017 година беше објавен краткиот анимиран филм со ист наслов, „Драга кошарко“, кој една година подоцна освои Оскар во категоријата најдобар краток анимиран филм. Истиот може да го погледнете погоре во текстот.

Според информациите на американските медиуми, Брајант и неговата ќерка со хеликоптерот патувале во академијата на кошаркарскиот тим на Џијана, на кој тој бил тренер. Порака со сочувство и последно збогум за Коби Брајант упати и Мајкл Џордан, во која меѓу другото, напиша дека Коби бил многу горд и среќен што неговите ќерки се заљубени во кошарката.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет4 часа

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа5 часа

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија6 часа

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ8 часа

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет9 часа

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт9 часа

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија9 часа

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ10 часа

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Свет11 час

(Видео) Загина во ракетата што сам ја направи, сакаше да докаже дека Земјата е рамна

Американскиот авантуристички пилот, познат како „Лудиот“ Мајк Хјус, загина вчера обидувајќи се да ја лансира ракетата што сам ја направи,...

Свет11 час

Русија негира дека шири дезинформации за вмешаност на САД во ширењето на коронавирусот

Русија строго ги негираше тврдењата дека шири дезинформации за појавата на коронавирусот на социјалните медиуми. Американски официјални претставници изјавија дека...

Свет11 час

По грешка пуштиле 23 патници од крузерот без повторен тест за коронавирус

Владата на Јапонија дозволила да се симнат 23 патници од крузерот „Дајмонд принцес“ без повторно тестирање на коронавирус по истекот...

Топ1 ден

Тешко повреден градежен работник кој паднал во длабока дупка

Тешко повреден 52-годишен градежен работник од Скопје бил донесен вчера во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“,откако паднал во дупка длабока...

Топ1 ден

Пронајдени 47 мигранти во камион кај Струмица

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал. Вчера околу 21 часот на...

Европа1 ден

(Видео) Археолозите со неверојатно откритие – пронајдена гробницата на Ромул во Рим

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим,...

Топ1 ден

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко за неовластено производство и пуштање во...

Европа1 ден

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет2 дена

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ2 дена

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија2 дена

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Досие