Популарно
Тврдењата за силување се измислени, документите изменети, тврди адвокатот на Роналдо
Адвокатот на фудбалерот Кристијано Роналдо денеска изјави дека тврдењата дека фудбалерот ја силувал Катрин Мајорга се „целосно измислени” и дека нивната средба била организирана со заеднички договор.
Адвокатот Питер С. Кристиансен издаде соопштение во кое негира дека Роналдо и Кетрин Мајорга постигнале договор во 2010 година дека таа нема да даде информации на јавноста за тоа што се случило.
Во соопштението се наведува дека документите објавени во медиумите за состанокот на Роналд и Мајорга во 2009 година во еден хотел во Лас Вегас биле сменети пред да бидат, како што посочи, „неодговорно објавени”.
На 27 септември Мајорга поднесе тужба пред судот во Невада во обид да го поништи претходниот договор од 2010 година, кога прифатила 375 000 долари.
Полицијата во Лас Вегас повторно ја отвори истрагата за сексуален напад за време на состанокот помеѓу Роналд и Мајорга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
