Спорт
Адеми е повреден, нема да игра против Гибралтар и Ерменија
Аријан Адеми, фудбалерот од средниот на Динамо Загреб и македонската репрезентација поради повреда, ќе ги протпушти првите два натпревари во Лигата на нации.
Адеми се повреди на возвратниот плеј-оф натпревар од Лигата на шампиони меѓу Динамо Загреб и Ј…


Аријан Адеми, фудбалерот од средниот на Динамо Загреб и македонската репрезентација поради повреда, ќе ги протпушти првите два натпревари во Лигата на нации.
Адеми се повреди на возвратниот плеј-оф натпревар од Лигата на шампиони меѓу Динамо Загреб и Јанг Бојс. Тој во вторникот, на теренот мина само 32 минути, а дополнителните прегледи покажале дека има расцепување на задниот бутен мускул. Оваа повреда ќе го оддалечи Адеми од фудбалските терени еден месец.
Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски нема да повикува замена за повредениот Аријан Адеми за двата натпревари од Лига на Нации против Гибралтар (6.септември) и Ерменија (9.септември).
фото: ffm.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аморим е јасен: Фокусот е на Лига Европа

Манчестер Јунајтед се пласираше во полуфиналето на Лига Европа по сензационалниот камбек против Лион.
„Црвените ѓаволи“ водеа со 2:0, па губеа со 2:4 на само шест минути до крајот на продолжението, а потоа го направија еден од најголемите пресврти и стигнаа до 5:4.
Многу работи беа чудесни во пресвртот на Јунајтед, но многу работи ќе треба да се поправат за повеќе да не се соочуваат со ситуација да примат два гола со играч повеќе на теренот. За тоа е свесен и Рубен Аморим.
Тренерот на англискиот клуб како прва цел до крајот на сезоната ја спомена Лигата на Европа.
„Освојувањето на ова натпреварување би било единствениот билет за Манчестер Јунајтед за Европа следната година: „Мораме да ризикуваме со децата во Премиер лигата, мора да се фокусираме на Лига Европа“, изјави Аморим.
Јунајтед одамна ги загуби сите шанси да дојде до добра позиција во Премиер лигата за Европа, а Атлетик Билбао ќе им застане на патот во полуфиналето на Лига Европа.
Спорт
Санчез е блиску до враќање во татковината
Алексис Санчез ја заокружи европската приказна во својата кариера со враќањето во Удинезе, а се чини дека неговата бајка ќе има уште еден убав момент, можеби и последен во кариерата.
Поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона го започна своето европско патување во Удинезе, каде што игра и денес. Сепак, тој би можел да го напушти тимот од северот на Италија по истекот на договорот со тимот од Удине и да се врати во Чиле.
Договорот на Санчез со италијанскиот тим трае до летото 2026 година, кога треба да се раздели и со Удинезе. Т
Санчез многу рано си замина од Чиле, а немаше можност да игра за првиот тим на клубот за кој навива Универсидад. Сега, се чини, ќе ја има таа можност.
Од чилеанскиот клуб сериозно се распрашуваат за Санчез, но не се единствените заинтересирани. Наводно интерес за неговите услуги покажава и Ривер кој би сакал да го вклучи во составот, сега останува на Санчез што ќе избере.
Спорт
Бешикташ ги започнал преговорите со Митровиќ

Српскиот фудбалер Александар Митровиќ наводно е на мета на Бешикташ.
Митровиќ наводно е главната желба на турскиот Бешикташ за следната сезона, објави сигурниот турски портал „Фотомач“.
Наводно, Бешикташ веќе започнал преговори со Ал Хилал околу трансферот на капитенот на српската репрезентација.
Ова е планот на црно-белите од Истанбул следната сезона сериозно да ги предизвикаат Галатасарај и Фенербахче, кои се единствените пред нив во поредокот.
Се додава дека шефот на стручниот штаб на тимот, Оле Гунар Солскјаер, инсистира на доведување на триесетгодишниот напаѓач.
Митровиќ оваа сезона постигна 14 гола на 17 натпревари.