Спорт
Андерсон во Феникс, Најт и Крис во Хјустон
Хјустон Рокитс и Феникс Санс разменија играчи во пресрет на новата сезона. Од Хјустон во Феникс се селат Рајан Андерсон и Дентони Мелтон, во спротивен правец ќе заминат Брендон Најт и Маркиз Крис.
Хјустон долго време се обидуваше да се ослободи од Анде…


Хјустон Рокитс и Феникс Санс разменија играчи во пресрет на новата сезона. Од Хјустон во Феникс се селат Рајан Андерсон и Дентони Мелтон, а во спротивен правец ќе заминат Брендон Најт и Маркиз Крис.
Хјустон долго време се обидуваше да се ослободи од Андерсон и неговиот голем договор. Крилниот играч (30) треба да добие 41 милион долари до 2020 година. „Ракетите“ решија да го „трејдуваат“ Андерсон откако минатата сезона не беше на потребното ниво.
Мелтон е плејмејкер и тој ќе дебитира во НБА-лигата. На последниот драфт Хјустон го одбра од 46. позиција.
Задоволни од размената се и во Феникс бидејќи замина осмиот пик од драфтот во 2016 година, Крис, кој досега не го покажал својот потенцијал. Од друга страна, плејмејкерот Најт играше во Феникс од 2015 година, но ја пропушти речиси цела мината сезона поради повреда.
Најт има важечки договор до 2020 година тежок 30 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер сити стави вето на трансферот на Савињо и ја реши судбината на Родриго

Манчестер сити го извести Тотенхем дека нема да го промени својот став во врска со трансферот на крилниот напаѓач Савињо.
Сити нема намера да го пушти Бразилецот во Лондон, дури ни за сума поголема од 70.000.000 евра, бидејќи го смета за клучен играч за оваа сезона и во иднина.
Тотенхем за кратко време претрпе уште еден тежок удар на „летниот пазар“, откако минатата недела нивниот најголем ривал Арсенал буквално го грабна Еберечи Езе од Кристал Палас.
Победникот на Лигата на Европа потоа се сврте кон Савињо, но клупските челници добија негативен одговор. Тотенхем сега има многу малку опсции да донесе засилување до крајот на преодниот рок, кој во Премиер лигата завршува на 1 септември во 18 часот.
Овој потег на „граѓаните“ исто така ја блокира секоја можност Родриго од Реал Мадрид да се пресели во Манчестер сити.
Спорт
(Видео) Ју-ес опен го казни Медведев

Поранешниот шампион на Отвореното првенство на САД, Данил Медведев, ја дозна казната за недолично однесување за време на мелот од првото коло.
Медведев (29) беше елиминиран од Бенџамин Бонзи по пет сета. Откако мечот заврши, Медведев седна на клупата и во налет на бес го искрши рекетот.
Тој беше казнет со 30.000 долари за неспортско однесување и 12.500 долари за уништување на рекетот. Сумата од 42.500 долари е 40 отсто од паричната награда што ја заработи Данил во Њујорк.
Мечот беше обележан и со упадот на фотограф на теренот, и тоа на меч-топка за Французинот во третиот сет.
После тоа, Медведев се извлече, избори решавачкиот сет, во кој Бонзи славеше.
За време на дуелот, тој се расправаше со судијата Аленсворт, но и имаше гестикулации на кои не им место на тенискиот терен.
Daniil Medvedev was visibly upset after a camera person walked on the court at match point. pic.twitter.com/5wnVf2GSFm
— ESPN (@espn) August 25, 2025
Daniil Medvedev looking totally distraught after his loss to Bonzi at the U.S. open.
He’s smashing his racquet and just sitting on the court.
Brutal loss to swallow.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) August 25, 2025
Спорт
Елшник ја напушта Црвена звезда, се сели во Турција

Репрезентативецот на Словенија, Тими Макс Елшник ја напушта Црвена звезда.
Играчот од редот за врска ќе ја продолжи кариерата во сè уште неименуваниот турски клуб, а српскиот шампион ќе заработи 4.000.000 евра од неговата продажба, објави „Моцарт Спорт“.
Продажбата на Елшнике првиот потег на раководството на клубот по елиминацијата од Пафос во плејофот за влез во Лигата на шампионите, а до крајот на преодниот рок се очекува уште некои играчи да ја напуштат „Маракана“.
Елшник дојде во Звезда минатото лето од Олимпија Љубљана за 1.500.000 евра, беше стандарден првотимец во тимот на тренерот Владан Милојевиќ и остави многу добар впечаток во црвено-белиот дрес.
Звезда уште порано ја најде замената на Елшник во ликот на Гамбиецот Махмуду Баѓо, кој дојде од словачката Дунајска Стреда за 3.500.000 евра, а тука се и младите играчи од клупската академија Васлије Костов и Јован Шљивиќ.
Од претходно беше познато дека напаѓачот Ндиаје за сума од 8 до 10.000.000 евра се сели во Обединетите Арапски Емирати, а десниот бек Сеол за 5.500.000 ќе замине во Шефилд Венздеј.