Спорт
Арсенал се збогува со Казорла
Ветеранот Санти Казорла ќе го напушти Арсенал следниот месец, и е во преговори со Вилјареал за враќање во својот поранешен тим.
Шпанецот, кој има 77 настапи за репрезентацијата, последните две години ги мина во „пеколот“, откако имаше десетина операции…


Ветеранот Санти Казорла ќе го напушти Арсенал следниот месец и е во преговори со Вилјареал за враќање во својот поранешен тим.
Шпанецот, кој има 77 настапи за репрезентацијата, последните две години ги мина во пеколот кога имаше десетина операции на глуждот и немаше настапи од октомври 2016 година. Тој се врати на тренинзи со клубот пред крајот на сезоната.
„Санти секогаш ми беше еден од омилените фудбалери за гледање. Неговата природна способност со двете нозе, брзината на мислите и движењето беше клучно за нас. Игра со слобода и радост што ретко се гледа. Му посакуваме сѐ најдобро и му благодариме за тоа што направи за клубот“, вели извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис.
Казорла дојде од Малага во Арсенал за 12 милиони фунти во 2012 година и сега би требало да се врати во „жолтата подморница“, каде што играше од 2007 до 2011, прво на тренинг-кампот, а потоа кога ќе ја покаже подготвеноста за нов договор како слободен играч.
Животната драма на Казорла: Требало да му биде ампутирана ногата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Гонзало Гарсија го одведе Реал во четвртфиналето

Фото/ EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД по минималната победа над Јувентус.
Дерби натпреварот од оваа фаза од натпреварувањето, одигран на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, заврши со резултат 1:0 (0:0). Стрелец на единствениот гол беше Гонзало Гарсија во 54-та минута.
Реал Мадрид се пласираше во осминафиналето како победник во Групата Х, додека Јувентус заврши втор во Групата Г зад Манчестер сити.
Во првото полувреме немаше голови, иако играчите на двата тима имаа шанси во неколку ситуации, пред сè Рендал Коло Муани (Јувентус), Џуд Белингам и Феде Валверде (двајцата Реал Мадрид).
Во продолжението, се започна со иницијатива на шпанскиот тим (шанси на Белингам и Хујсен), а во 54-та минута, конечно беше затресена италијанската мрежа: Стрелец беше 21-годишниот напаѓач Гонзало Гарсија Торес, кој сè повеќе му се наметнува на Чаби Алонсо.
Тој скокна високо по центаршутот на Трент Александар Арнолд и го совлада одличниот голман Микеле Ди Грегорио.
Тоа беше неговиот трет гол и сега е најдобар стрелец на Реал на Светското клупско првенство.
Реал имаше повеќе можности во остатокот од натпреварот, но Ди Грегорио повторно се истакна и ги сопре обидите на Валверде, Арда Гулер и Чуамени.
Реал Мадрид ќе игра во четвртфиналето на 5 јули во Њу Џерси против победникот од последниот осминафинален натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Монтереј. Таа средба започнува во три часот по полноќ.
Сите четвртфинални парови
4 јули, Пасадена: Палмеирас (Бразил) – Челзи (Англија)
4 јули, Орландо: Флуминенсе (Бразил) – Ал Хилал (Јужна Арабија)
5 јули, Атланта: ПСЖ (Франција) – Баерн (Германија)
5 јули, Њу Џерси: Реал (Шпанија) – Дортмунд (Германија) / Монтереј (Мексико)
Спорт
Ден полн со големи изненадувања: Зверев и Коко Гоф си одат дома

Foto/ EPA/DANIEL HAMBURY
Вториот ден од Вимблдон донесе голем број интересни натпревари, но и неколку изненадувања. Сензационални елиминации доживеаја третиот носител кај мажите, Александар Зверев и втората носителка во женска конкуренција Коко Гоф.
Во натпревар што траеше два дена, Артур Риндеркнеч го победи третиот играч во светот, Александар Зверев со 7:6 (3), 6:7 (8), 6:3, 6:7 (5), 6:4 по четири часа и 42 минути игра. За неверување е податокот францускиот тенисер не му дозволи на Зверев ниту една брејк топка.
Дарија Јастремска направи големо изненадување елиминирајќи ја втората тенисерка во светот, Коко Гоф. Украинката, која моментално е 42-ра на ВТА листата, против актуелната шампионка на Ролан Гарос славеше со 7:6 (3), 6:1 за прв триумф против Американката, во нивниот четврти меѓусебен дуел.
Негова следна противничка ќе биде Захарова.
Спорт
Ракитиќ замина во пензија

Foto/ EPA-EFE
Иван Ракитиќ стави крај на кариерата, потврди за Нова ТВ новиот тренер на Хајдук, Гонзало Гарсија. Потврдено е дека Ракитиќ ќе стане дел од тимот на новиот спортски директор Горан Вучевиќ.
Наговестувањето за оваа одлука се случи пред десет дена кога Ракитиќ не се појави на почетокот на подготовките на Хајдук. Поранешниот хрватски репрезентативец имаше опција да го продолжи договорот за уште една сезона.
Последната сезона на Ракитиќ, во која Хајдук се бореше за титулата и заврши трет зад Риека и Динамо, беше негова прва во СуперСпорт ХНЛ. Под водство на тренерот Џенаро Гатузо, тој одигра 39 натпревари, постигна два гола и пет асистенции и беше еден од најдобрите играчи од средниот ред во лигата.
Хрватскиот играч од средниот ред, легенда на националниот тим и Барселона и икона на Севилја, ја започна својата кариера пред 20 години во вториот тим на Базел. Од 2007 година, тој беше член и на првиот тим на тој клуб, пред да замине во Шалке. По четири години во Шалке, замина во Ла Лига.
Пред и по дел од својата кариера во Барселона, за која одигра 310 натпревари и освои сè што е можно со неа, тој беше играч на Севилја. Како капитен и најдобар играч во финалето, тој ѝ помогна на Севилја да ја освои Лига Европа во 2014 година, а со нив стигна и до истиот трофеј во 2023 година. По кратка епизода во Ал-Шабаб, тој во 2024 година пристигна во Хајдук.
Ракитиќ го имаше своето деби за хрватската репрезентација во 2007 година против Естонија. Тој беше важен играч на многу големи натпреварувања. На Светското првенство во Русија во 2018 година, Ракитиќ го освои сребрениот медал со Хрватска, што е најголемиот успех на хрватскиот фудбал во историјата.
Роден во Швајцарија, Ракитиќ имаше можност да игра за швајцарската репрезентација, но одлучи да игра за Хрватска. Оваа одлука не беше лесна бидејќи предизвика тензии меѓу хрватската и швајцарската фудбалска асоцијација.
Ракитиќ подоцна изјави дека добивал закани со смрт поради неговата одлука да игра за Хрватска. Тој се пензионираше од националниот тим како еден од најдобрите играчи во историјата на националниот тим.