Спорт
Вавринка го елиминира Димитров
Стан Вавринка го доби дерби дуелот, во првото коло во Вимблдон, против Бугаринот Григор Димитров. Швајцарецот славеше во четири сета по речиси три часа игра.
Вавринка кој оваа година се врати на тениските терени, по долгата пауза поради повреда, убедли…
Стан Вавринка го доби дерби дуелот, во првото коло во Вимблдон, против Бугаринот Григор Димитров. Швајцарецот славеше во четири сета по речиси три часа игра.
Вавринка кој оваа година се врати на тениските терени, по долгата пауза поради повреда, убедливо го загуби првиот сет со 1:6, но потоа заигра многу подобро и успеа да го изненади шестиот носител на најпрестижниот турнир во светот на тенисот.
Вавринка успеа да направи пресврт, откако вториот и третиот сет ги доби во тај-брејк, вториот го доби со 7:3, а третиот со 7:5.
Во четвртиот сет на Швајцарецот му беше доволен еден брејк за да го добие мечот. Вавринка му го одзеде сервисот на Димитров во десеттиот гем, користејќи ја втората меч топка.
Противник на Вавринка во второто коло ќе му биде Томас Фабијано, кој со 3:1 го доби дуелот против Јуки Бамбри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мурињо во Фенербахче
Жозе Мурињо од наредната сезона ќе го предводи Фенербахче. Инсајдерот, Џанлика Ди Марцио и бројни турски медиуми ја пренесоа оваа информација. Според овие извори, Португалецот два часа преговарал со претседателот на клубот Азиз Јилдирим.
Популарниот тренер ќе потпише двегодишен договор со Фенербахче. Мурињо е без работа од почеткот на годината кога доби отказ во Рома.
Иако се шпекулираше дека ќе продолжи да работи во Саудиска Арабија, Англија или дури и дома во Португалија, Жозе реши да замине на Босфорот.
Мурињо е еден од најдобрите тренери на 21 век. Тој ги водеше Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Рома. Четири пати беше прогласуван за најдобар тренер на годината, двапати ја освои Лигата на шампионите, а на тоа додаде уште 26 клупски трофеи.
Спорт
Родриго (не)свесно си направи проблеми пред финалето со Борусија
(Не)свесно, Бразилецот Родриго, ден пред финалето на Лигата на шампионите, „крена прашина“ со изјвата дека Манчестер сити е најдобар тим во овој момент во светот.
Родриго во интервју за „GQ Hype“, изјави дека Реал во четвртфиналето биле подобри од најдобриот тим во светот, Манчестер сити. Многумина се прашуваат дали со оваа изјава Родриго го најави заминување и покрај тоа што има договор до јуни 2028 година.
„Искрено, знаевме дека се подобри. За мене тие се најдобриот тим во светот, мислам дека најтешкиот ривал помина, но тоа не значи дека лесно ќе го добиеме финалето. Беше многу тешко со Баерн во полуфиналето, ќе биде многу тешко со Борусија. Велат Реал никогаш не губи финале, се надевам дека повторно ќе биде така“, изјави Родриго.
Анализирајќи ги изјавите на Родриго, „Марка“, во текстот под наслов „Манчестер сити и Гвардиола го искушуваат Родриго“, во кој се наведува дека челниците на Сити и нивниот треер, Пап Гвардиола внимателно ќе ја следат ситуацијата со Бразилецот.
Реал, утре на Вембли во Лондон, ќе се бори за европската титула со Борусија Дортмунд.
Спорт
Германските фудбалери ќе добијат рекордна награда ако го освојат ЕП
Германија ќе биде домаќин на Европското првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули. Избраниците на Јулијан Нагелсман се во групата А со Швајцарија, Шкотска и Унгарија и ќе се обидат да ја освојат четвртата европска титула во својата историја.
Доколку германската репрезентација ја освои титулата европски првак ќе добие рекордни награди. Директорот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), Андреас Ретиг, потврди дека секој фудбалер ќе добие по 400.000 евра.
Според тоа, ДФБ би требало да исплати 10,4 милиони евра за 26 играчи, што не би било проблем со оглед на тоа што УЕФА ќе го награди победникот со повеќе од 28 милиони евра.