Спорт
Ватерполо или фудбал – смешен натпревар во Бања Лука! (видео)
Мечот меѓу Борац Бања Лука и Зрињски Мостар беше последен пред плеј-офот во првенството на Босна и Херцеговина, и иако мечот заврши „мирољубиво“, малку е да се каже дека теренот не беше погоден за игра.
Тренерот на Зрињски, лидерот во Премиерлигата на …


Мечот меѓу Борац Бања Лука и Зрињски Мостар беше последен пред плејофот во првенството на Босна и Херцеговина и иако мечот заврши „мирољубиво“, малку е да се каже дека теренот не беше погоден за игра.
Тренерот на Зрињски, лидерот во Премиер лигата на БиХ, легендарниот Блаж Слишковиќ, по мечот беше бесен што дојде наредба од Сараево мечот да се одигра.
„Не би сакал да го коментирам натпреварот. Немаше шанси да покажеш ништо на овој терен. Јас не сум тренер по ватерполо да играм тука. Судијата Владимир Бјелица беше согласен дека мечот не треба да се игра, но од Сараево дојде наредба дека нема откажување“, вели Слишковиќ, тренерот на актуелниот шампион.
„Хајлајтсот“ од натпреварот е навистина смешен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Николов и Шишковски со Борац против Рапид, Јагиелонија на Чурлинов против Серкл Бриж

Борац Бања Лука и Јагелонија, екип на македонските интернационалци Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Дарко Чурлинов ги дознаа противниците во осминафиналето во Конференциската лига.
Борац со Николов и Шишковски ќе играат против Рапид Виена, а Јагиелонија на Чирлинов со Серкл Бриж.
Осминафиналени двојки:
Фиорентина – Панатинаикос
Борац Бања Лука – Рапид Виена
Јагелонија – Серкл Бриж
Легија – Молде
Целје – Лугано
Џургарден – Пафос
Челзи – Копенхаген
Виторија – Бетис
Првите осминафинални натпревари се закажани за 6, а реваншите на 13 март.
Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 10 и 17 април, полуфиналните на 1 и 8 мај, додека финалето е закажано за 28 мај во Вроцлав, Полска.
Спорт
Мурињо: Секоја чест за Пеп и Ферги, но еден е неспоредлив

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо гостуваше во подкастот на својот поранешен играч Џон Оби Микел.
Поранешниот репрезентативец на Нигерија го праша кој тренер е најдобра во историјата на Премиер лигата, Алекс Фергусон или Пеп Гвардиола.
„Ферги или Пеп? Не можете да споредувате. Има различни генерации, различни тренерски потенцијали. Две историски личности во Премиер лигата. Сепак, за мене најголем тренер е Клаудио Раниери“, изјави Мурињо, а потоа даде објаснување.
„Човекот ја освои титулата со Лестер. Тоа е најголемиот подвиг во историјата на Премиер лигата. Пет-шест трофеи со Јунајтед, шест или седум со Сити е одлично, но Раниери и неговата работа со Лестер не се споредуваат со ништо. Тоа е најголемата победа“, заклучи Мурињо.
Спорт
Јунајтед ќе гостува во Сан Себастијан, Рома против Атлетик Билбао

Клубовите кои се гордост на на шпанската покраина Баскија, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, ќе бидат актери на двата најпривлечни натпревари во осминафиналето во Лига Европа.
Ждрепката одржана во седиштето на УЕФА во Нион во оваа фаза ги спои Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед, односно Рома и Атлетик Билбао.
Осминафинални двојки:
Викторија Плзен – Лацио
Боде/Глимт – Олимпијакос
Ајакс – Ајнтрахт
АЗ Алкмар – Тотенхем
Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед
ФЦСБ – Лион
Фенербахче – Ренџерс
Рома – Атлетик Билбао
Првите осминафинални натпревари се закажани за 6, а реваншите на 13 март.
Боде/Глимт/Олимпијакос – Викторија Плзен/Лацио
АЗ Алкмар/Тотенхем – Ајакс/Ајнтрахт
Фенербахче/Ренџерс – Рома/Атлетик Билбао
ФЦСБ/Лион – Реал Сосиедад/Манчестер јунајтед
Полуфинални двојки:
АЗ Алкмар/Тотенхем – Ајакс/Ајнтрахт против Боде/Глимт/Олимпијакос – Викторија Плзен/Лацио
Фенербахче/Ренџерс – Рома/Атлетик Билбао против ФЦСБ/Лион – Реал Сосиедад/Манчестер јунајтед
Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 10. и 17. април, полуфиналните на 1. и 8. мај, додека финалето е закажано за 21. мај во Билбао.