Спорт
Велез Зузулова и Кирхгасер ги завршија кариерите во народна носија (видео)
Словачката Вероника Велез Зузулова и Австријката Михаела Кирхгасер во саботата ставија крај на своите кариери, возејќи го првото слаломско возење во Офтершванг во национална носија.
33-годишната Зузулова си заминува со пет победи во Светскиот куп (чети…


Словачката Вероника Велез Зузулова и Австријката Михаела Кирхгасер во саботата ставија крај на своите кариери, возејќи го првото слаломско возење во Офтершванг во национална носија.
33-годишната Зузулова си заминува со пет победи во Светскиот куп (четири во слалом и една во паралелен слалом) и со 30 подиуми, како и со сребро во тимското натпреварување на Светското првенство во Сент Мориц минатата година.
32-годишната Кирхгасер пак, во кариерата победи трипати (еднаш во велеслалом и двапати во слалом) и оствари 17 подиуми и три златни медали со австрискиот тим во тимските натпреварувања на СП во 2007, 2013 и 2015 година.
La Slovaque Zuzulova et l’Autrichienne Kirchgasser ont fait le spectacle pour leur dernier slalom sur le circuit ?⛷? pic.twitter.com/4j8quSoQRl
— Eurosport.fr (@Eurosport_FR) March 10, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Коларов ќе му биде асистент на Киву во Интер

Александар Коларов, поранешен репрезентативец на Србија, нема тренерско искуство во сениорскиот фудбал, но во сезоната 2025/26 ќе биде прв асистент на Кристијан Киву, новоизбраниот тренер на Интер.
„Коларов ќе биде новиот втор тренер на Интер како главен асистент на Кристијан Киву“, изјави италијанскиот новинар Фабрицио Романо во вторник вечерта.
⚫️🔵🇷🇸 Aleksandar Kolarov will be new second coach at Inter as main assistant for manager Cristian Chivu. pic.twitter.com/srh7FSqS22
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 10, 2025
Во ноември минатата година, поранешниот српски репрезентативец беше назначен за селектор на репрезентацијата на Србија до 21 година, која во претходните три натпревари претрпе исто толку порази во пријателски натпревари.
Триесет и деветгодишниот Коларов играше за Интер од 2020 до 2022 година и ја освои Серија А и Суперкупот на Италија. Тој играше и за Лацио и Рома на Апенинскиот Полуостров. Ја започна својата кариера во Чукарички, а беше член на ОФК Белград и Манчестер сити.
Кристијан Киву го наследи Симоне Инзаги на клупата на овогодинешниот финалист на Лигата на шампионите.
Спорт
(Видео) Бразил и Еквадор се пласираа на Мундијалот

Бразил и Еквадор обезбедија пласман на Светското првенство. Ова е епилогот од одиграните натпревари во јужноамериканската зона.
Бразил, на дебито на карло Анчелоти пред домашната публика го победи Парагвај со 1:0. Маките на Анчелоти ги скрати неговиот играч од Реал Мадрид, Винисисус Жуниор во 44.минута.
Во спектакуларна атмосфера, Винисиус постигна гол по изборедниот пробив и додавањето од новиот играч на Манчестер јунајтед, Матеус Куња.
На две кола до крајот на квалификациите, место на Мундијалот обезбеди и Еквадор. Со играч помалку Еквадорците на гостувањето против Перу одиграа 0:0.
Уругвај е исто така пред пласман, откако го победи својот директен конкурент Венецуела дома со 2:0. За четири минути Уругвајците го решија натпреварот. Стрелци беа Агире во 43-тат и Де Араскаета во 47-та минута. До крајот, гостите немаа сила за пресврт, па ќе се борат со Боливија за местото што води во плејофот.
Аргентина беше голем фаворит против Колумбија на „Монументал“ во Буенос Аирес, но на крајот мечот заврши 1:1. Гостите имаа сè во свои раце, поведоа во 24-та минута преку Дијаз.
Колумбијците имаа и играч повеќе, Енцо Фернандез доби директен црвен картон во 70-та минута. Но, светскиот шампион се извлече, Алмада спречи пораз на својот тим со гол во 81-та минута.
Табела, Јужна Америка:
Спорт
Кикс на Албанија во Рига, хет-трик на Митровиќ против Андора

Шест натпревари се одиграа вечерва во квалификациите за пласман на Светското првенство, во европската зона. Фаворитие забележаа очекувани победи, киксна само Албанија во Латвија.
Летонија е незгоден противник за Албанија. Вечерва и шестиот меѓусебен дуел заврши без победник. Во Рига резултатот беше 1:1.
Летонците имаа пенал во 21-та минута. Јанис Икауниекс ја презеде одговорноста, но искусниот Стракоша го одбрани пеналот.
Антонијс Черномордис, осум минути подцна си постигна авто-гол. Но истиот играч во четвртата минута од надополнувањето во првиот дел погоди за 1.1.
Второто полувреме мина во доминација на Албанците, но резултатото остана 1.1.
Албанија е во тешка ситуација, има пет бода од четири одиграни натпревари.
Во оваа група вечерва Србија, очекувано ја победи Андора со 3:0. Хет-трик во првото полувреме постигна Александар Митровиќ. Капитенот на Србија го одигра јубилејниот 100. натпревар за националниот тим, досега има постигнато 62 гола.
Во оваа К група води Англија со девет бода од три натпревари, Албанија има пет од четири натпревари, Србија четири од два натпревари, а Латвија од три натпревари собра четири бода, Андора е без бодови.
Резултати:
Романија-Кипар 2:0
Холандија-Малта 8:0
Сан Марино-Австрија 0:4