Спорт
(Видео) Новак Ѓоковиќ со огномет пречекан во Белград
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше пречекан од публиката пред ресторанот во сопственост на неговото семејство, по повод прославата на овогодинешната прва Грен слем титула.
Ѓоковиќ испиша историја кога ја освои својата 10-та титула на Австралија опен и на тој начин стигна до својата 22-та Грен слем титула.
Just watched AO 🏆 celebration in Belgrade, in front of Novak restaurant. Wow. Congrats again @DjokerNole & Serbia 🇷🇸👏👏👏 Greetings from 🇰🇿🤘 #Djokovic pic.twitter.com/JJL5Hv69wQ
— Yerik_nolefamkz 🇰🇿 (@yerikilyassov) February 18, 2023
Покрај улицата беа поставени плакати на Новак, како и бина од која тенисерот им се обрати на граѓаните, кои го скандираа неговото име.
Новак на децата им делеше и балони, а потоа имаше и огномет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Натпреварите од 17. и 18. коло ќе се играат без присуство на публика
Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија одлучи натпреварите од 17. и 18.коло во домашноот првенство да се играт без публика. Одлуката е донесена по парање на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика.
Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари.
Спорт
Навивачите собраа милион евра за 48 часа и го спасија својот клуб од банкрот
Минатиот вторник пристигнаа лоши вести за навивачите на ВФБ Лубек, германски четвртолигаш. Лубек е град во северна Германија, во провинцијата Шлезвиг-Холштајн.
Клубот тогаш објави дека е пред банкрот, и дека во следните 48 часа мора да собере еден милион евра за да се спаси.
„Сеопфатната анализа на моменталната финансиска состојба идентификуваше значителен недостаток на ликвидност, што претставува голем финансиски предизвик за Надзорниот одбор и раководството“, напишаа од клубот.
„Апелираме до сите да застанат покрај нас во овој тежок момент и да размислат како можат да не поддржат. Секоја навремена поддршка, без разлика дали во форма на спонзорство, донации или други мерки е важна. Само заедно можеме да го спасиме Лубек и да ја надминеме оваа егзистенцијална криза“, се вели и во пораката, а навивачите на Лубек покажаа колку се подготвени да го спасат својот клуб.
Клубот во неделата попладне објави дека во последните неколку дена успеал да собере еден милион евра од навивачите, поддржувачите и спонзорите. На миса во Лубек во неделата рано навечер, веста за спасувањето официјално им беше објавена на навивачите. Присуствуваа околу 4.500 луѓе.
Подоцна, клубот ја објави веста преку официјални канали: „Сензационално, извонредно, уникатно, ова е за историја, иако е тешко да се опише со зборови што сме доживеале, собравме, споделивме и постигнавме заедно како Лубек семејство. Ја собравме потребната сума од еден милион евра, Лубек жив!“, соопшт клубот.
Спорт
Ферстапен: Расел нека оди да се е.е
Макс Ферстапен, светски шампион во Формула 1, победи на трката за Големата награда на Катар во неделата. Сепак, по трката, наместо победата вниманието го привлече неговата расправија со Џорџ Расел, возачот на Мерцедес.
Ферстапен ја обезбеди пол-позицијата во квалификациите за прв пат по Големата награда на Австрија, но остана без неа три часа подоцна.
Официјалните лица долго го разгледаа инцидентот во кој Холанѓанецот наводно го блокираше Расел, во неговиот последен летечки круг и на крајот го казни светскиот шампион со едно место на гридот, промовирајќи го Расел на пол-позицијата. Инаку, Ферстапен ја освои пол-позицијата со 55 илјадити делови од секундата подобро време од Расел.
По трката, дојде до расправија во просторијата за состаноци, а Холанѓанецот беше видно изнервиран.
“Бев изненаден од се што се случи и што беше кажано. Тој секогаш се однесува многу убаво пред камерите. Но кога ја знаете приказната внатре, тогаш знаете дека тој е сосема друга личност. Не можам да издржам. Многу пати сум бил во салата за состаноци со луѓето со кои се тркав.
И никогаш не сум видел некој да се обиде да за.бе некого толку силно. Изгубив секаква почит кон него. Беше смешно како се обиде да изнуди казна, јас бев многу лут“, изјави Ферстапен.
И шпанска „Марка“, објави дека во интервју за холандските медиуми, Ферстапен дополнително ги загубил нервите: „Може да оди и да се е.е, не сакам повеќе да имам работа со него“.