Спорт
(Видео) Македонија одигра нерешено со Англија

Англија доминираше во поседот во текот на целиот натпревар, особено тоа беше изразено во првото полувреме, кога Македонија само неколку пати успеа да мине на противничкиот дел од теренот, но и со таква игра стигна до предност.
Англичаните од големиот посед на топката, во првото полувреме не добија апсолутно ништо. Најблиску до гол беше Деклан Рајс кој во 14.минута ја погоди стативата.
Македонија поведе по пеналот што го изнуди Миовски, по невнимателниот старт на Рико Луис. Играчот кој утре ќе наполни 19 години, го удри со рака по лицетот напаѓачот на Македонија, откако успеа да интервенира.
Пеналот на Барди во 41.минута го одбрани Пикфорд, но одбиената топка се врати кај капитенот на Македонија, кој од втората шанса не пропушти да ја реализира.
Во судиското надополнување на времето, во првото полувреме, Трент шутираше, а Димитриевски одбрани исфрлувајќи ја топката во корнер.
На стартот на второто полувреме, Гришиш постигна гол во 47.минута. ВАР долго ја провруваше таа ситуација и пресуди дека играчот на Манчестер сити бил во офсајд.
Англија изедначи веднаш по влегувањето на Хари Кејн на теренот. Капитенот на „Гордиот Албион“ тргна на нафрлената топка од корнер, но таа го погоди Атанасов и заврши во голот.
До крајот немаше некои поголеми возбудувања. Во 87.минута Серафимов се обиде, но ударот заврши над голот на Пикфорд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Рома три пати промаши ист пенал и загуби од Лил

Првите натпревари од второто коло во Лига Европа, го обележа натпреварот на „Олимпико“ во Рим. Рома три пати промаши еден ист пенал и загуби од Лилсо 0:1.
Фудбалерите на лил поведоа во шестата минута, кога грешката во одбраната на Рома ја казни Харалдсон.
Она што го обележа натпреварот се случи во 82-та минута. ВАР и додели пенал на Рома, одговорноста ја презеде Довбик. Голманот Озер го одбрани пеналот, но излегол пред време од гол-линијата и Довбик доби нова шанса.
Повторно Озер му го одбрани ударот на Украинецот, но повторно пред време ја напушти гол-линијата. Третиот пенал го изведе Суле, Озер го одбрани и овој удар.
После тоа, Лил успеа да ја задржи предноста и да ги однесе бодовите за Франција.
Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија од Рајо Ваљекано
Македонскиот шампион Шкендија со пораз стартуваше во главната фаза во Конференциската лига. Вечерва во Мадрид, Рајо Ваљекано ја порази Шкендија со 2:0.
На „Ваљекас“, Рајо мечот го реши во првите половина час, во интервалот од 28-та до 32-та минута.
Унаи Лопез го постигна првиот, а Фран Перез вториот гол.
⚽️ Fran Pérez 31'
UEFA Conference League | 🇪🇺 Rayo Vallecano 2-0 Shkëndijapic.twitter.com/BfW10IP8vb
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 2, 2025
Овој резултат остана до крајот на натпреварот, најмногу поради голманот на Шкендија, Геје, кој во вториот дел имаше неколку изворедни интервенции.
Foto/ EPA
Спорт
Медиумите за Јамал: Треба да разбере дека се уште не е ѕвезда

Најпопуларните шпански медиуми го критикуваат Ламин Јамал по поразот на Барселона од Пари Сен Жермен (1:2) во второто коло од Лигата на шампионите.
Иако има само 18 години тоје е еден од најдобрите играчи на Барселона. Медиумите во овој случај немаа милост кон неговата младост, во коментарите беа исклучително остри.
Радио „Марка“ оцени дека Јамал „сè уште не треба да се смета себеси за ѕвезда“.
„АС“, вели дека „младата ѕвезда“ сè уште „има многу да подобри“ во својата игра и покрај неговиот неоспорен талент.
„По одличното прво полувреме во кое делеше додавања и асистенции како да нема утре, тој исчезна во вториот дел од натпреварот, играше несмасно и без идеи. Јасно е дека мора многу да се подобри ако сака да ја освои Златната топка следната година“.
„Мундо Депортиво“, инаку каталонски медиуми, беше малку поблаг, но конкретно го истакна фактот дека Јамал мора да најде начин да игра на исто ниво во текот на целиот натпревар.
Јамал постигна два гола и запиша четири асистенции во пет натпревари оваа сезона.
Foto/ EPA