Спорт
(Видео) Момче сакаше да се фотографира со Леброн Џејмс, а тој му кажа дека не може: снимка што ги подели фановите
Требаше ли Леброн Џејмс да постапи вака по освојувањето на олимпиското злато за САД во Париз, прашуваат многу фанови на кошаркарот.
LeBron James snaps at a kid waiting to take a picture with him. A total POS. pic.twitter.com/2Pqao12l6r
— End Wokeness (@EndWokeness) August 11, 2024
Лесно е да се скокне на Џејмс и да се осуди дека не сака да направи селфи со млад обожавател. Се отиде дотаму што некои фанови дури го нарекоа и расист, а други рекоа дека е многу непријатен.
Многумина донесоа заклучок дека ова е доказ оти Леброн не е добра личност.
View this post on Instagram
Од друга страна, имаше и такви што тврдеа дека постапил правилно затоа што ќе наградел личност што ги преминувала сите граници аспроти другите, кои само мирно гледале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пењароја е наследник на Жељко Обрадовиќ
Шпанскиот стручњак, Џоан Пењароjа ќе биде новиот тренер на КК Партизан, објавија речиси сите српски медиуми. Клубот засега негира дека постигнал договор со Шпанецот. Партизан е тренер откако Жељко Обрадовиќ поднесе оставка.
По оставката на Обрадовиќ, тимот го предводеше неговиот помошник Мирко Оцокољиќ. Под негово водство, Партизан го победи Баерн во Евролигата и Клуж во АБА лигата.
Според медиумите, Пењароjа официјално ќе стане тренер на Партизан во петок, по натпреварот со Црвена звезда во Евролигата.
Шпанецот и Партизан се договориле соработката да трае до 2027 година.
Пењароjа (54) е тренер со богато искуство на елитното европско ниво, ги водеше Барселона, Басконија и Валенсија, а најголемите успеси ги забележа со Бургос, со кого освои две титули во Лигата на шампионите (2020, 2021) и Интерконтиненталниот куп на ФИБА.
Пењароjа, пред еден месец, поради лошите резултати доби отказ во Барселона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Просинечки го презеде Киргистан
Роберт Просинечки официјално ја презеде фудбалската репрезентација на Киргистан, потврди Фудбалскиот сојуз на таа земја.
Искусниот хрватски стручњак потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување за уште една сезона, додека секоја понатамошна соработка, потенцијално за уште три години, ќе зависи од резултатите од Азискиот куп во 2027 година.
Претседателот на Сојузот, Камчибек Ташијев, истакна дека преговорите поминале брзо и без поголеми тешкотии. Според неговите зборови, се очекува Просинечки да донесе нова енергија, да го подигне нивото на игра и да ја подобри организацијата на репрезентацијата.
Киргистан моментално е рангиран на 104-то место на ранг-листата на ФИФА. Во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, репрезентацијата заврши во третата фаза, заземајќи го петтото место во групата А со осум бода, зад Иран, Узбекистан, ОАЕ и Катар беа подобри.
Просинечки ја презема репрезентацијата откако беше без ангажман од септември, кога доби отказ во Црна Гора. Во својата тренерска кариера, тој има искуство и на клупите на репрезентациите на Азербејџан и Босна и Херцеговина.
Спорт
Погачар е најдобар во Словенија, Дончиќ на третото место
Велосипедистот Тадеј Погачар и натпреварувачката во спортско качување Јана Гарнбрет беа прогласени за најдобри спортисти на Словенија во 2025 година.
Погачар и Гарнбрет ја освоија наградата на Друштвото на спортски новинари на Словенија по трет пат по ред, а свечената церемонија се одржа во „Цанкарјев дом“, во Љубљана.
Гарнбрет (26), двократна олимписка шампионка во комбинација, освои два златни медали на Светското првенство во Сеул оваа година, во дисциплините болдер и лид.
Второто место во конкуренција на најдобри спортистки на Словенија го освои скијачката скокачка Ника Превц, додека третото место ѝ припадна на атлетичарката Тина Шутеј, која настапува во скок со стап, објави Словенечката новинска агенција (СТА).
Погачар ја доби наградата за најдобар спортист благодарение на неговата четврта победа на престижната трка Тур де Франс, а успеа и да го одбрани златниот медал во друмско возење на Светското првенство во Кигали.
Второто место му припадна на скијачкиот скокач Домен Превац, а кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, заврши на третото место.
Фудбалскиот клуб Целје беше избран за најдобар машки тим, кој оваа година стигна до историското четвртфинале на Конференциската лига, додека наградата во женска конкуренција ја освоија одбојкарките на Словенија, кои стигнаа до осминафиналето во својот прв настап на Светското првенство.
Машката екипа во скијачки скокови (Ловро Кос, Домен Превц, Анже Ланишек, Тими Зајц) беше избрана за најдобар поединечен тим на годината, кој ја одбрани титулата светски шампион во скијачки скокови во Трондхајм.
Foto/ depositphotos

