Спорт
ВТА: Осака го презеде тронот, Ѓорческа напредуваше пет позиции

 
																								
												
												
											
Наоми Осака официјално е број 1 на ВТА-листата. 21-годишната Јапонка на светскиот трон се искачи по победата над Петра Квитова на Австралија опен.
Осака, која во Мелбурн ја освои својата втора гренд слем титула во кариерата, води на ВТА-листата со 7.030 поени. Во чекор ја следи нејзината противничка во финалето на Австралија опен, Квитова, со 6.290 поени.
Трета е Симона Халеп. Романката падна од првото место, има 5.582 поена, а зад неа се Американката Слоун Стивенс со 5.307 поени и Каролина Плишкова од Чешка со 5.100 поени.
На најновата листа четири позиции назадуваше Анжелик Кербер од Германија (4.965 поени). Седмата позиција ја задржа Елина Свитолина од Украина (4.940), а осма е Кики Бертенс од Холандија (4.430).
Минатогодишната шампионка на Австралија опен, Каролин Вознијацки, назадува шест места и се наоѓа на деветтата позиција (3.566). Топ-10 завршува со Арина Сабаленка од Белорусија (3.485).
Голем скок од пет позиции направи Серена Вилијамс. Американката сега е 11. на листата со 3.406 поени.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше пет позиции и се наоѓа на 381. место на ВТА-листата со 91 поен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Спорт
Дукати најде замена за Маркез во Супербајк
 
														Овогодишниот вицешампион во Супербајк, Николо Булега ќе го замени Марко Маркез на последните две трки од сезоната, во Портимао и Валенсија.
Макез, деветкраен светски шампион ја заврши сезоната по инцидентот на Големата награда на Индонезија, во кој се здоби со фрактура на клучната коска и оштетување на лигаментите.
Дукати минатата недела потврди дека Маркез ќе го пропушти не само финалето на сезоната, туку и предсезонските тестови во Валенсија два дена по последната трка од сезоната.
Шпанецот беше заменет од тест возачот Микеле Пиро на трките во Австралија и Малезија, а одлуката да му се даде можност на Булега да дебитира беше донесена откако ги заврши тестовите во Херез оваа недела.
За Италијанецот, Големата награда на Португалија, која се одржува од 7 до 9 ноември, ќе биде негово деби во кралската класа, откако имаше вкупно 99 стартови во пониските класи, со два подиума.
Булега беше најавен уште порано како засилување за тест тимот на Дукати, особено поради фактот што има искуство со гумите на Пирели, кои ќе пристигнат во кралската класа од 2027 година.
Италијанскиот тим имаше можност да организира приватен тест за Булега и покрај отстапките, бидејќи Херез е патеката на која влезе Дукати, а Италијанецот не е еден од стандардните возачи.
Спорт
Винисиус заинтересиран за трансфер во ПСЖ
 
														Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1 дома во неодамнешното „Ел Класико“. Со триумфот, се издвои на врвот со пет бода предност пред својот голем ривал и актуелниот шампион на Шпанија.
Едно од најголемите дербија беше бурно за време и по натпреварот, а по жестокиот натпревар најмногу се зборуваше за Винисиус.
Крилниот напаѓач на Реал полуде во 72-та минута кога тренерот Чаби Алонсо реши да го замени со Родриго. Тој, како што е вообичаено, не се поздрави со членовите на тренерскиот штаб и играчите на клупата за време на замената и остана да седи со нив, наместо тоа, бесен отиде директно во соблекувалната.
„Во среда имавме состанок со целиот тренерски персонал и играчите, а Винисиус одржа одличен говор – искрен и од срце. За мене, од средата оваа приказна е завршена“, рече тренерот Алонсо, додавајќи дека нема да има казни или дисциплински мерки против бразилскиот напаѓач.
Сепак, медиумите се повеќе шпекулираат за заминувањето на Винисиус. Пред натпреварот со Барселона, се пишуваше дека преговорите меѓу него и Реал за нов договор се во тек. Во јануари, клубот отвори разговори со неговите претставници со цел да ги отфрли понудите од Саудиска Арабија и други заинтересирани страни.
Францускиот „RMC Sport“м сега пишува дека ПСЖ го гледа Винисиус во своите планови како следната „мегаѕвезда“, Бразилецот наводно е подготвен за голем трансфер, а се верува дека обештетувањето би можело да надмине 200 милиони евра. Според овој извор и Винисиус, најмногу поради тренерот Луис Енрике бил заинтересиран за трансфер во ПСЖ.
Спорт
Барселона се враќа на „Ноу Камп“, но сè уште не може да игра натпревари
 
														Повеќе од две години по почетокот на реновирањето на „Камп Ноу“, фудбалерите на Барселона ќе се вратат на својот стадион на 7 ноември, но само за тренинг кој ќе биде отворен за јавноста, објави каталонскиот клуб во петокот на својата официјална веб-страница.
„Првиот тим на ФК Барселона официјално ќе се врати на „Камп Ноу“ во петок, 7 ноември, за тренинг отворен за јавноста пред навивачите на Барса. Овој тренинг ќе служи како техничка и оперативна проба за да се обезбеди правилно функционирање на системите, пристапните точки и разните други аспекти на објектот, што е еден од условите во процесот на постепено повторно отворање“, се вели во соопштението.
Барселона ќе наплаќа билети за овој настан: цената од 5 евра ќе ја платат оние што поседуваат годишни билети, а 10 евра е цената за сите други. Сите приходи ќе бидат донирани во добротворен проект кој го поддржува менталното здравје на хоспитализираните деца и тинејџери, објасни клубот.
Бројот на седишта е ограничен на 23.000, а гледачите ќе можат да седат во делови од главната трибина и зад јужниот гол.
Градскиот совет на Барселона го ограничи моменталниот капацитет на „Камп Ноу“, на 27.000 гледачи, и поради таа одлука, каталонскиот клуб продолжи да игра домашни натпревари на Олимпискиот стадион во Монжуик, кој може да прими 45.000 гледачи.
Затоа, во Барселона го одложија враќањето на „Камп Ноу“ додека не добијат дозвола да дозволат најмалку 45.000 гледачи да влезат на реновираниот стадион.
Кога реновирањето ќе биде целосно завршено и стадионот ќе добие дозвола за полн капацитет, ќе може да прими 105.000 гледачи, што е најмногу во Европа. Барселона ги процени трошоците за реновирањето на огромни 1,5 милијарди евра.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											